Итно! Прашања за здравјето на децата

Дискусија во 'Дете' започната од RainBow, 29 декември 2018.

  1. Ella90

    Ella90 Активен член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2026
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    48
    Пол:
    Женски
    Davajte i minimum 10 dena sirup za alergija za da vidite razlika dali kje ima
     
    На dromka му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    5.997
    Допаѓања:
    27.428
    Пол:
    Женски
    Дали некоја има искуство со паразити кај дете? На вечер вика ја чеша газето, секогаш го миеме пред спиење и после вика ок е , некогаш и црвено газе и покрај миење иначе не носи памперс. Пошо вчера ме мавна филм дека може да се паразити денес во какето видов две бели како кончиња ама не се мрдаа ич немам искуство како изгледаат. Ама па и банана јадење :?:
     
  3. KikiKviki

    KikiKviki Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2023
    Пораки:
    1.208
    Допаѓања:
    1.167
    Пол:
    Женски
    Мене матичната ми рече чим поминало 1м и детето е добро боцни го. Ама јас не сакам низ што све поминавме и сега да одам да му боцнат вирус лабава не не. Ќе си го чувам дома до пролет посекако имам и мало бебе 10м
     
  4. Madi

    Madi Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2021
    Пораки:
    233
    Допаѓања:
    265
    Пол:
    Женски
    Најдобро да однесеш примерок за тестирање на паразити. Секако терапија според резултати се дава. Инаку чешањето од паразити е многу интезивно и најчесто во сред ноќ.
     
  5. strelec231992

    strelec231992 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2014
    Пораки:
    722
    Допаѓања:
    1.330
    Мене од Козле тогаш ми рекоа 6 месеци да не се носи во колектив и да го пазиме да не го носиме низ молови и гужви за да не фати нешто пошо му е ослабен имунитетот. Ама ние лежевме со пневмонија па таму фати бактерија во крвта и 20 дена бевме у болница, може различни ситуации ни се. Како и да е попаметно е напролет вакцина ако не ви е зор сега.
     
    На KikiKviki му/ѝ се допаѓа ова.
  6. strelec231992

    strelec231992 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2014
    Пораки:
    722
    Допаѓања:
    1.330
    Чим се чеше и си видела кончиња и да не мрдаат може да се паразити. Се носат три последователни примероци за да се испита. Мојот пиеше 2 пати терапија и се среди. Матичнава рече чудно било колку многу деца имале паразити последниов период...
     
  7. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    5.997
    Допаѓања:
    27.428
    Пол:
    Женски
    Се јавив на матичен за термин и објаснав, пошо и пеленска регија и е црвена при толку хигиена секој дневно пред спиење и менување секој ден гаќички ми дојде чудно прво помислив оти јаде доста мандарини и од киселината и нејадеше недела дена ама пак се зацрвена затоа и анализирав денес детално какето. Он ми рече не мора примерок ама секој член во семејството терапија, менување посленина дента, се перење на 90 што се може на толку степени и за 14 дена повторување терапија. Иначе и мене ми спомна дека е мноогу често и ги има буквално секаде..
     
    На Madi и strelec231992 им се допаѓа ова.
  8. ele.na

    ele.na Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2019
    Пораки:
    119
    Допаѓања:
    39
    Здраво син ми има 2 години и 3 месеци и во последно време приметувам дека ненормално многу се поти пред да заспие и додека спие. Дури и кога собата е ладна и не е многу наоблечен се прави жива вода на лицето му се гледаат буквално капки пот, косата цела мокра како да се бањал остава цели мокри трагови на перницата. Вратот исто му се поти а знае да му се испоти и грбот. Дали вашите деца се потат вака? Еднаш му спомнав на матичниот ми рече ништо тоа е нормално ама веќе навистина се загрижувам, не може мене да ми е ладно а он да е жива вода.
     
  9. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    5.997
    Допаѓања:
    27.428
    Пол:
    Женски
    Моите деца не сакаат да се покриени, без разлика на температурата во соба чим се покријат се потат, а и до 2-3 сати после заспивање децата се потат бидејќи уште системот за регулирање на телесната температура не им созреан, а во таа фаза од сонот срцето им работи побрзо и метаболизмот се менува што доведува до повеќе лачење на пот.Вие сте двајца посебни луѓе и сосема е нормално да не реагирате исто на ладно/топло. Друга опција може да биде и недостаток на Д3.
    Колку тоа е ладно во соба?
     
  10. enaena

    enaena Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 август 2013
    Пораки:
    168
    Допаѓања:
    127
    Дали некоја мајка има давана Омнитус сируп, за надразнителна кашлица, ме интересира дали мора на 8 саати или може 3 пати на ден со оброк?
     
  11. KikiKviki

    KikiKviki Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2023
    Пораки:
    1.208
    Допаѓања:
    1.167
    Пол:
    Женски
    Сепса во крвта имаше исто во козле лежевме. А помалото бронхопнеумонјја и анемична е
     
  12. Stone

    Stone Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2024
    Пораки:
    537
    Допаѓања:
    876
    Пол:
    Женски
    Дали некоја мајка го носела детето на детски невролог бидејќи нема зборови?Да нагласам се останато има,гестови имитации,препознава разбира но нема зборови сеуште.21м сме и сум испаничена многу.
     
  13. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    4.937
    Допаѓања:
    9.953
    Пол:
    Женски
    Воопшто ни еден збор нема? Баблинг? Ономатопеја од животни пример?

    Контакт со очи дали има? Ако речеш, види куче, да се заврти кон кучето, па кон тебе? Или додека зборуваш?
    Екрани дали гледа?

    Инаку дефектолог и логопед може е стартно за посета.
     
  14. Stone

    Stone Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2024
    Пораки:
    537
    Допаѓања:
    876
    Пол:
    Женски
    Вика баба дада деде но без значење иако го прашаш кај е баба или било кој точно знае.Баботи.Прави млјам млјам брм брм,не имитира животни иако ги покажува сите,покажува предмети распознава членови на фамилијата,разбира наредби и ги извршува.Имитира тоа што го правиме,игра игри и сака и заедно со нас да игра,покажува со прст ,читаме книги секој ден ,со покажување на работите од книгата.Знае да покаже една година дека има,си ја фрла пелената,си ги враќа играчките на место чим му кажеш.Не користиме екрани ни за нас ни за него ,во исклучок на ретки моменти како инхалации или кратко време во денот ако не можам да застанам до него но тоа не поминува ни 10 минути па и тогаш пуштам едукативни како Буба Бу.Прави чао праќа бакнеж,прави да пукне.Што и да кажам го прави и го разбира секоја наредба.Логопед посетивме вчера и по 5 минути проценка која течеше во прашања која возраст е ,дали има примено мрп ,и за мојата бременост друго ништо без посветување на детето само посета на невролог и доктор за слух.Не иде во градинка.
     
  15. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    5.997
    Допаѓања:
    27.428
    Пол:
    Женски
    Мајка, на 2г и 4 месеци ми зазборува девојчево. Сега има 6 и пол години и барата 3 јазици. Македонски, Германски подобро од мајчин и Англиски со реченици без учење, лично јас сум протов учење на јазик кој не е моментално потребен во наш случај англиски, но ете и лежи едноставно. Така да, до 2г само брблаше нешто нано ам тупа мама доди тата и толку. Мене ммр ми ги имаат примено децава прва доза на 10м и втора на 13м. Секако со време е во ред да се посети логопед/невролог али ете тоа е мое искуство.
    Во нашиот случај приметив дека она упива се, јас зборувам со нив нон стоп од бебенца со реченици и објаснувам штп правам и што следи, она се пратела само и требело време да се пушти.
     
    На Stone му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Jogle

    Jogle Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2015
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    50
    Пол:
    Женски
    Јас не сум лекар, ниту логопед, и не би си дала за право да коментирам од тој аспект, ама кога го прочитав ова сакав да ти го споделам моето искуство.
    Моево на 21 месец исто така си блаботеше нешто рандом, не кажуваше зборчиња, но разбираше кога ќе му се каже нешто и покажуваше со прст, многу слично на ова што ти го напиша. Околу месец дена пред вториот роденден почна да кажува зборчиња, на роденденот веќе сврзуваше 2 до 3 зборчиња, сега е 2 години и 4 месеци и цел ден си вергла, си кажува реченици, си врти страни од сликовница и сам си ги раскажува...
    Ти го кажувам ова не за да речам дека нема потреба од стручна помош или преглед, туку повеќе како кураж затоа што и јас во тој период кога не зборуваше бев многу загрижена, ама испадна дека на детето само му требало уште малку време да се опушти.
     
    На Stone му/ѝ се допаѓа ова.
  17. KikiKviki

    KikiKviki Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2023
    Пораки:
    1.208
    Допаѓања:
    1.167
    Пол:
    Женски
    Да се надоврзам моето е машко и до 2г ништо не збореше освен мама и не. Сите му беа мама и за све викаше не. Разбира се,исполнува наредби,следи поглед ама не имитираше ништо. Сеа во јануар ќе праи 3 од 2ипол почна да сврзува име со особа, мама мама,баба,деде итн ги вика со разбирање секој поединечно,имитора звуци и да сврзе знае само 2 збора. Носев на логопед последен пат за 5мин ни земаа 1500ден и не го носам веќе. Верувам после 3г ќе се пушти скроз пошто сеупте го полни вокабуларот. Си играат со сестричката 1г помала од него и вика бебе дојди бебе дојде. Што е голем напредок сам се опушта и пробува да збори. Така да почекајѕе би рекла јас некои деца покасно "созррваат" да речам. Не се сите исти. Е сеа ако на 3г ништо живо не праи и не разбира тогаш е алармантно
     
    На Stone му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Stone

    Stone Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2024
    Пораки:
    537
    Допаѓања:
    876
    Пол:
    Женски
    Да не ве цитирам сите поединечно,ви благодарам ми значи многу посебно што навистина се трудиме околу детето .Ме јадеше совеста дека ете може можам нешто да направам а не сум го направила па затоа и тргнав на логопед ама искрено екстремно се разочарав што исто како што кажа членката за 5 мин и тоа разговор со нас а не со детето ,она без никаква основа ме остави со прашалници.
    Ви благодарам на сите за советите па и утехите.Пробувам да бидам трпелива и да се трудам уште повеќе.
     
    На KikiKviki и Jogle им се допаѓа ова.
  19. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    4.060
    Допаѓања:
    7.666
    Пол:
    Женски
    Мојата е 17месеци и нема зборови, мама, це (за цуцла), баба толку отприлика, комшиското дете спојува по два збора веќе 2месеци се разлика и навистина имам чувство дека ме разбира кога ја прашувам нешто. Моето не, кажува ономатопеа за куче и маче /аф аф/мау , мафта чао, дава пољупче, акде да пукне пди низ цела соба со сите да направи и тоа е тоа 8-| ја прашав педијатарот ми рече немој да превземаш ништо драстично до 2години. Се е тоа до детето и јас споредувам и мн ме напнуваат тетки стринки / абе уште не збориш ти???? Ајде кажувај нешто :x прооди на 13м мн стабилно и убаво и лесно… на роденденот немаше нњкој да нњ мњ праша … не оди уште? (facepalm)
     
    На Ole.grbeva и Stone им се допаѓа ова.
  20. KikiKviki

    KikiKviki Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2023
    Пораки:
    1.208
    Допаѓања:
    1.167
    Пол:
    Женски
    Епа ради тоа си патиме. И јас сум иста цела зграда и сите роднини леле уште ли не збори??? И јас се напнував и само пари фрлав по логопеди за на крај сам од себе дур лежевме во болница да си се пушта. Само гледав од другарки од сите како им зборат а што викаш близу разлика ама ете се ќе си дојде. Се дур детето е живо,темпераментно,разбира се,исполнува наредби и праи бељи не му се секирам!
     
    На Stone, dummy и Baby warrior им се допаѓа ова.