Здраво. Малата ми е 2,5 год и веќе два дена навечер се убива од кашлање. Завчера само кашлаше а веќе од сабајле носот и се растече и кашла и преку ден. Други симптоми нема. Нема тт нема повраќање нема пролив само кашлање и нос да напоменам пред неколку дена се вративме од одмор и ете од завчера не фати. Вирус ли е бактерија ли е што е јас не знам. И исто ме интересира за крв од прст дали мора да биде гладна? Планирам денес до кај матичниот да ја однесам ама се мислам пред тоа на боцкање.
Ако само кашла и ептен има растечен нос може да е и алергија. Може да е и од промена на клима. Ако нема температура и мирно спие навечер јас не би малтретирала дете. Инаку крв можеш во било кое време од денот да и земат.
Алергија до сега не покажала на ништо. А кашла поготово навечер и не спие мирно ич. Цело време кашла се буди и плаче. Сега па кога стана од спиење очите и се светнати па ми е страв тт да не ми качи. Сега одам на боцкање па ќе видиме што ќе излезе.
Феминки помагајте. Нема никакви симптоми на настинка фала богу но почна да поткашлува и поврати доста шлајм. Но мислам дека има уште. Знам дека треба на лекар и ке се консултираме ама некоја со слично искуство ако има да ми пише што се дава во овој случај? Дали може да го исфрли целосно и да нема проблем или без лекарства не е можно да помине
Капки за нос (не солен раствор) 3 пати на ден една недела.Почесто на свеж воздух и ќе мине . Ама не е лошо ниту да му ги слушнат градите на детето да нема спуштено.Со лесно
Мајки да не знае некој на малата рачињата внатрешно почнаа да и се лупат , најпрво на дланката сега гладам и најгоре кај прстињата? Мислев да не и се потат незнам навистина? Дали некој имал искуство?
Ве молам помагајте зашто сум на раб на нервен слом! Моето дете е нејадач, има скоро 2 год, оди во градинка и имунитетот му е лом! Сега завршивме со антибиотикот поради болест, но ова јадење сведено на минимум и на благи глупости наместо вистинска храна, ќе ме уништат. Му давав досега сируп за имунитет, па го сменив за еден прашок, но сè уште не забележувам промена во апетит. Месо да не види, од солени оброци толерира само палента (и тоа со шоу од моја страна), а гледам одредени намирници и семиња да ги камуфлирам во овошните оброци. Добредојден ми е секаков совет, само не ми кажувајте дека треба да се биде упорен, и дека мора да внесува разновидна храна бидејќи сето тоа го знам, а сум беспомошна. Ви благодарам однапред
Многу лесно, не купувај благи глупости. Не сака да јаде, нека не јаде, нема ништо да му биде. Мојот цел викенд за ручек беше само на супа, па ништо не му беше. Претпоставувам даваш Бевиплекс прашок, прво не скокај од суплемент на суплемент зошто треба бар 2м да проделува, нема магична состојка преку ноќ. Моето беше јадач, јадеше баш се и баш доста, ама од летово забушава квалитетно, уствари од зимоска кога прележа варичела, ама летово беше врвот. Нудам манџа нејќе, супа ако сака ОК ако не пак ОК, кад тад ќе огладне да јаде. Се исуши сучка, еве го пак јаде. Иначе бевиплексот е ОК за јадење, ама за имунитет не знам баш.
Имам само 1, и исто како вашите сака повеќе смоки од брокула, повеќе киндер јајце од варено, кока кола ако види, се тоа е нормално, ама не купувам и крај.
Смоки нема пробано, а бисквити со млеко ги давам од очај, бидејќи ми одмавнува со рака за се' друго. Кај мене се готви најредовно и секогаш завршува со фрустрација. А деновиве ги одби и бисквитите. Може треба да се помирам дека ќе биде така додека не му заврши овој период.
Тој "период" на јадење безвезе нас ни трае 4 години. Веќе кренав раце зашто толку сум нервозна на таа тема што сум до степен со сила да давам со ќотек со.... кренав раце зашто ако помолам уште малку можам со стап да удирам. Фајде никакво нема а мене притисоците у таван и џабе се. Затоа кулирај мајка тоа нема друго. Со сила неќам да се нервирам исто неќам па нека се здрави живи
Какви капки помагаат за растечено носе при настинка и дали воопшто да ставам или да оставам да се исчисти? Само да не е Оперил П,Назопас,или Марисол.Испробано е.
Знам како ти е. Сакам да ти кажам смири се, не се нервирај, ама знам дека е невозможно човек да не се нервира кога гледа дека залок не сака да стави в уста. Јас се разболев од ваков нејадач. Мојот од самиот почеток (6,7 месеци) како виде храна, се со плачки, на сила, со стрес... Секое негово јадење (кое траеше по 1ч.) за мене беше хорор. Крвна слика крш, хемоглобинот еден период му беше 85, железото исто низко, секакви суплименти за да малку тргне. Имаше период кога почна да провоцира повраќање од инает, за малку не стигнавме до психолог. Со храната никогаш не попуштив, готвев до 3год. посебно за него, благо тек сега почнав да му дозволувам по малку, а од сокови знае само за сок од цвекло. Убаво ти кажа Ангел погоре, не купувај ништо од такви работи, пробај готви му нешто што му се допаѓа па макар и се едни исти јадења да вртите, давај му мед, маџун, цеди му свежи сокови... Период е, ќе прејаде само треба време. Еве мојот скоро 5 год. па тек пред некој месец почна да јаде, некои работи дури сега ги пробува за прв пат, дури кога ми бара нешто не ми се верува дека е тој. Натовари се со живци, ќе помине ќе видиш.
Сите се нервираме кога децата не јадат. Мојот јадеше супер до летово. Имаше периоди кога јадеше помалку и слично, ама поминуваше. Летово почна да зеза максимално. Има 3 и пол години. Се со молење, заканување и слично јаде. Мислам дека им се фази и дека поминуваат. Читав пред некое време статија дека нејадачите и пребирливците до 13 години се изедначуваат и со крвна слика и со јадење со оние деца што не се проблематични во однос на јадење. Тоа е тоа. Мора само да се биде само упорен. Нема друг лек. Сега моево беше болно од варичела и еден постар лекар веќе во пензија ни рече да му даваме Пиковит за имунитет. Од Пиковит сега за сега е разјаден. Киндеримун му дававме претходно кога беше помал една зима и немаше ефект на ништо, нит имунитет нит апетит му подобри.