Итно! Прашања за здравјето на децата

Дискусија во 'Дете' започната од RainBow, 29 декември 2018.

  1. Love 83

    Love 83 Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 април 2019
    Пораки:
    1.589
    Допаѓања:
    31.695
    Пол:
    Женски
    Мајки ве молам за совет .
    Што пробиотик да давам кај 7 г. дете кое има стомачен вирус од неделата ,еден ден добар беше и мислев дека помина ама вчера повторно мака со стомачето.
    Електролити не ми пие ,ептен малку ама мислам недоволно .
    Матичната како пробиотик ни рече да користиме линекс деновиве .
    Ваше мислење ?
     
  2. TashSefton

    TashSefton Популарен член

    Се зачлени на:
    30 септември 2016
    Пораки:
    227
    Допаѓања:
    1.757
    Ви благодарам на сите за одговорите и советите:* како што реков, нудам зготввено секој ден, без успех. Иако ми кажуваат дека во градинка јаде:o крвната слика му е изненадувачки добра (можеби семињата, аронијата и маџунот си го прават своето кога ги камуфлирам во овошен оброк), а од сокови не пие ништо. Купечки сок не ни постои кај мене дома, но не сака ни цедени. Не прифаќа ништо различно од вода. Ќе пробам и со пиковит, ви благодарам на предлогот.
     
  3. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.173
    Допаѓања:
    107.268
    Пол:
    Женски
    Многу скокаш од еден на друг препарат, остави време да делува. Стрикно Дефендил делува после 2м континуирана употреба. Бевиплекс после 1м. Сите прашоци не се магични сами по себе. Земи некој пробиотик подобро, може го мачат некои грчеви во мешето, нешто што му го сузбива апетитот. Кај колешка се покажа тоа, случајно и рекол педијатар, излезе дека некои бактерии во организмот ради подолг пост биле неприсутни и со давање Провен (тоа и дале во аптека) го поттикна повторно организмот да работи и се разјаде дете, ама не од денес за утре, дури после 1м употреба.
     
    На TashSefton му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.792
    Допаѓања:
    202.754
    Пол:
    Женски
    Јас сум најзадоволна од Провен. Има за деца на таа возраст, Fit for school, како таблетки за грицкање со пријатен вкус. Ако има пролив, може Дармфлора да земеш, одма ќе го прекине проливот. Од лично искуство.
     
    На babydust и Love 83 им се допаѓа ова.
  5. Love 83

    Love 83 Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 април 2019
    Пораки:
    1.589
    Допаѓања:
    31.695
    Пол:
    Женски
    Сум слушнала за овој пробиотик ама ете ова ни е втор пат да фатиме стомачен вирус за 7 г па немам некое искуство .Ќе го земам обавезно а колку пати на ден се дава и колку дена да го користам ?
    А проливот се смири само првиот ден и толку беше .
    И извини уште едно прашање ова електолитиве да прекинам да му ги давам ,право мачење ми е ?
    Фала многу
     
  6. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.792
    Допаѓања:
    202.754
    Пол:
    Женски
    Ако нема пролив и не повраќа и е без покачена температура, тогаш нема потреба од електролити. Давај Провен по една таблетка дневно, колку сакаш, нема ограничување, јас пробиотик постојано давам. И полесна храна, чај од анасон за смирување на стомачето.
     
  7. Love 83

    Love 83 Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 април 2019
    Пораки:
    1.589
    Допаѓања:
    31.695
    Пол:
    Женски
    Вчера попладне последно беше кога поврати а пролив нема.Внимавам на храна многу деновиве иако ептен слабо има апетит ,многу малку јаде ама течности барем пие .
    Фала ти уште еднаш ,ќе земам Провен и ќе пробаме .
     
  8. blessed.an

    blessed.an Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2016
    Пораки:
    2.588
    Допаѓања:
    12.060
    Пол:
    Женски
    Мајки го забележав малиот има како ситни брунчиња позади на вратот од едната страна кај увото и една под пазувите вкупно околу 5-6 ама брунчиња како каснат од комарец а не бидејки ги има цел ден
    Од утрово е со растечено носе и едното око почна да му солзи
    Се плашам да не се сипаници ама мислам треба и тт да има ако не грешам?
    И незнам од што би можело да бидат тие брунчиња
     
  9. orhideea

    orhideea Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2011
    Пораки:
    5.991
    Допаѓања:
    66.495
    Ако се како пликови полни со вода можно е да се сипаници. А за тем не мора да има. Син ми помина сипаници без никакви симптоми освен пликови.
     
  10. Lady*Bug

    Lady*Bug Популарен член

    Се зачлени на:
    29 април 2017
    Пораки:
    1.382
    Допаѓања:
    5.102
    Пол:
    Женски
    мајки малиот тргна во градинка прва недела одеше 5 дена и викендов од сабота попладне почна да крева тт над 39. давам сируп, туширам но на секои 5-6 часа пак качува.
    прашањето ми е дали да го носам на детска или да почекам до пон? или да видам денес како ќе е. друг симптом нема освен тт
     
  11. M&M

    M&M Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2015
    Пораки:
    6.900
    Допаѓања:
    152.541
    Пол:
    Женски
    За к.с. викаат барем 24ч треба од почеток на симптоми, за да полаже поточни резултати
     
    На Lady*Bug му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.301
    Пол:
    Женски
    Исто беше и со синко, пишував и овде, првата недела крена температура без никакви други симптоми, не го однесов на лекар, 2 дена го држеше и 2риот ден ноќта веќе не крена, 3тиот ден пак продолжи во градинка. Некој летачки вирус веројатно беше.
    За кс ако правиш најдобро понеделник наутро.
     
    На Lady*Bug му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Lady*Bug

    Lady*Bug Популарен член

    Се зачлени на:
    29 април 2017
    Пораки:
    1.382
    Допаѓања:
    5.102
    Пол:
    Женски
    2 дена беше со тт без никаков симптом.денес гледам на раката се појави ова. одам на педијатар. сепак што може да биде? IMG_20190930_130814.jpg
     
  14. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.173
    Допаѓања:
    107.268
    Пол:
    Женски
    Мене ми личи на угриз, провери ги местата на стапалата и внатре во уста.
     
    На Lady*Bug му/ѝ се допаѓа ова.
  15. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.593
    Допаѓања:
    76.825
    Пол:
    Женски
    Искуство со опструкција, а крвна слика и црп супер? Колку е можно ова и што може да биде причината? Без никакви симптоми има спуштено на плуќа, едвај диши ноќе се дави, пука плуќа и има некои асматични напади (од саботата)... Ни препишаа антибиотик, инхалации и во Козле ме прашаа дали сакам да лежам и реков не, но ако треба да лежиме стварно сакам да лежиме... е не дали јас сакам или не сакам. Ми пишале на извештај одбива хоспитално лекување. И за рентген не ми беше сеедно, а она ме прашува дали да снимаме или не. Незнам што да правам... Ке одиме и кај матичната сега...

    А во петокот јадеше пуканки, па ако било недај боже пуканка во дишни патишта немало да помогне инхалација и антибиотик, морало бронхоскопија... Стварно на два ума сум, зашто он нема темп, весел, јаде, пие, само што кашла и гласот му е здлабочен многу.
     
  16. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.228
    Допаѓања:
    34.834
    Пол:
    Женски
    Колешка од работа има синче што добива алергиски опструкции. Исто беше распаметена зашто во Козле им дадоа антибиотик кој нормално не помогна.
    Види дали може да е тоа.
     
    На mariz му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.496
    Допаѓања:
    139.183
    Направи ги сите испитувања. Не седи дома со дете со опструкција. Ако има заглавено во дишните патишта нека вадат. Зошто да не сакаш да седиш у болница?
     
    На mariz и An-na им се допаѓа ова.
  18. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.173
    Допаѓања:
    107.268
    Пол:
    Женски
    На ренген не се виде ли нешто? Не ми текнува дали се гледаше нешто од органско потекло на ренген, јас кога снимав бубрези мислам пишуваше не е забележано ништо од неорганско потекло.
     
  19. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.593
    Допаѓања:
    76.825
    Пол:
    Женски
    Сакам ако мора. Докторкава ми беше чудна што ме праша дали сакам или не, а не дали морам. На рентген ке се види ако има нешто? Да не прават директ бронхоскопија. @JoyJoy сакав тоа да го прашам.. дали од алергија може да спушти. Спомна докторкава урбазон инекција... па ако не да побараме и тоа да видиме дали ке се смири бар кашлањето. @AngelOfArh не му направија.. одам сега кај матичната, па ако рече враќајте се и правете се, ке правиме..
     
  20. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.860
    Допаѓања:
    36.508
    Пол:
    Женски
    Може и да е од алергија.
    Антибиотик не се дава за алергијата, туку затоа што може лесно да се развие секундарна бактериска инфекција, па да се превенира.
    Кај ќерка ми (која е склона кон алергии) неколку пати до сега од алергија доведувало до воспалено уво, кое мораше да се третира со антибиотик.
    Јас би ти препорачала да ги слушаш докторите како те советуваат. И да ги направиш сите испитувања кои треба да се прават. Јас со докторите од Козле немам искуство, ама од муабети важат за доста професионални. Затоа и би им верувала, многу повеќе отколку на форумски рандом ликови ;)
     
    На mariz му/ѝ се допаѓа ова.