@Lady*Bug види зад ушите, под косата дали има, ако има, сипаница е, ако нема, нешто друго е. Сепак ние тука не можеме да изигруваме доктори, матичен доктор најубаво да го види и ако е сипаница, да евидентира.
Јас би го однела веднаш. Лани на јатрва ми као прележа варичела, ама еден осип огромен, еден воспален, со една лоша клиничка слика... Годинава пак варичела, лани тоа не знаат што било. Носи си го на матичен.
Синко минатата недела имаше вакви пликови од убод од комарец. На оодлактуцата го имаше искасано, на едното уво и на стапалото. Комарецот го утепавме и беше полн со крв. А на синко му се направија огромни пликови полни ко со вода-жолтко и му дадов сируп за алергија. Кутриот увото му беше ко на слон Можно е да е комарец. Провери
Облечи го малку повеќе и покриј го.Види дали ќе смени. А може да е и нормално кај многу мали бебиња,не им е регулирано сеуште.
мајки пак јас. бев пред малку на кожен доктор. не е сипаница дефинитивно. неспецифичен осип ми напиша дијагноза ама не ја запамтив.исто ми даде маст и спреј. фала ви на сите за мислењата.
Мариз касно читам, се надевам подобро сте. Не разбрав дал за големиот или за малата зборуваш. Сте правеле ли алерго тестови? Син ни има алергиски реакции и знае да направи обструкција, пред неполн месец за 1 ден направи, 3 дена по 2 пати на урбазон го носев, инхалации вентолин и пулмикорт, и сега е на флексотид. К.с. му беше добра и не му дадоа антибиотик. Не му е прв пат да пројави реакција откако му почнаа проблемите ама мислам дека прв пат вака брзо спушти. Среќа помина за 1 недела.
Големиот. Алерго немаме за респираторни, сакам и тоа да направам, а и за храна уште еднаш. Во Козле ли правите тоа? Уште е на инхалации... во четв бевме на контрола и беше подобро но уште имаше на плуќа, утре ке го носиме на контрола, уште си кашла, но гласот му се пушти. Инаку и малата по некој ден од него ми спушти исто брзо експресно како него, ја инхалираме, кашла и таа, повраќа шлајмови, но антибиотик не ми дадоа за неа, ке видиме како е утре... а исто и јас сум катастрофа и на антибиотик два дена веќе (јас па и темп дигнав), буфтање парти ни е дома, деф вирус некој.
мајки на малиов цели прсти околу ноктите на нозете скрос му се лупат. што може да е и некоја маст доколку некој има искуство да ми препорача. и на кожно ќе одам секако.
Да не му седеле ноџињата во мокри кондурчиња? И дали носи топлинки и ако носи какви? Може да му се потат стапалата и поради тоа да доаѓа до љупење.
во мокри кондури не го оставам а топлинки дома не носи. имаше осип пред недела дена на некои места рацете пеетежно па тоа си мислам да не е нешто поврзано. а за витамини јаде овошје зеленчук + давам вит ц и рибино масло, семки од грејпфрут.. не вееувам недостаток на витамини, ама изминатиов период и слабо јадеше..
Малата моја еден месец е со секрет, мало а шлајмови еден куп. Спушти малку по 2 недели и ни дадоа антибиотик. Брисеви црп чисто, крвна слика укажува на вирус. Правиме и инхалаци со атровен и по една доза антибиотик уште не е очистена. Мала е многу. Кај го закачи ова не знам. Муабетот ми е, да, може да е вирус и тоа претпоставувам има врска со лудово време.
Моиве за ден, два подкашлување одма спуштија, без некои други симптоми. Па сигурно е поради времето... топло ладно секогаш овој период бил вака хаос со вируси, како и Март, Април месец... Еве мојов голем па, инхалации со вентолин и пулмикорт, Панцеф пие веќе 6ти ден и уште кашла буфта. Среќа што не се согласив да лежиме со него, со малава како ке се справуваа незнам. Не ни имаше кој да ја чува па затоа и највеќе не сакав да лежам. Ама ај ке се оправиме. Се надевам утре ке речат дека се океј на плуќа и двајцата. Брзо да помине кај вас.
После коксаки вирус (hand, foot and mouth disease) се лупи кожата. А чинам осипот го гледавме тука на сликите, можеби тоа го поминавте? Со б-комплекс и ад капки ќе се среди.
Ти реков, сменете антибиотик. Ќе му помине одма. Џабе го пие панцефот. Инсистирај или оди на др педијатар
Мн јак сируп е и Панцеф ми рекоа, пие 9мл на 24ч... во четв беше боље, ке видиме утре, ако не е ок утре ке го носам на др место.
Џабе е јак кога не е за дишните патишта. Кога сменив на Сумамед детето од другиот ден одма ми беше подобро.