не беше коксаки. бев на дерматолог кој ми кажа дека е невообичаен осип кај некои деца и поретко се јавувал.ми даде спреј и маст па има подобрување, почнаа да се повлекуваат, баш се мислам дали може да е лупењево реакција на осипот
Не сум доктор и не можам да тврдам, ама од тоа што видов мене ми личеше на коксаки, сто посто сум убедена дека е тоа. Обично имам претчувство, исто и реков и на колешката за малото дека е морбили иако Сајковски тврдеше дека е алергија, на јатрва ми кога и рекоа дека е варичела а беше морбили... Во зависност од имунитетот избива осипот ваљда, моето со топ имунитет имаше 5-10 брунчиња се на се од варичела. Инаку за лупењето сега форсирај Бкомплекс, имаш во вид на прашок се раствора со млекце 90ден е кесе. На нас од тоа ни се среди кожата. Исто ни кажаа може да е и од плажа, во Албанија бевме на море и одма после набрзо се излупи а многу дечиња биле со реакција од Албанија таква, наводно дека вештачки песокот имало некоја реакција.
И јас знам дека е Панцеф за дишни патипта, за Пнеумониа ни го даваа, плус не можеш да земеш рецепт без пулмолог да ти го препише.
Да ама приватно да го купиш, матичен не може да ти пише рецепт за преку фонд да го земеш ако немаш извештај од пулмолог од државна или козле. Ако сум грешка тогаш ме излажала матичната, и мене и на пријатели исто.
Епа викам тогаш ме излажале, со извештај од приватен пулмоалерголог матичната ми кажа дека не може да ми даде рецепт да го земам само со партицопација. Истово важи и за флексотид на пр. Ама знам и други со вакво искуство.
@mariz и мојата исто еве од вторникот. До 40 темперарура два дена со ред, инфузии, па продолживме со панцеф плус два пати денот со пулмикорт инхалации. Кашла буфта се дави од шлајм, цела ноќ се буди плачи од што ја боли кога кашла. Утре сме на контрола па ќе видиме.
Слободно матичен може да пише Панцеф. Да си знаеш за друг пат. Инаку на Сумамедот единствено и главно дејство е на дишните патиште. Затоа и него најчесто го даваат. Ама тоа се зависи од практиката на лекарот што да дава и со кој соработува.
Моиве ни т од темп само подкашлување 1,2 дена и одма спуштија, само на малата не и даде матичната антибиотик, не практикува баш одма антибиотик да давам, прво инхалации исто и она со вентолин и пулмикорт, ако е поарна утре ке продолжиме уште некој ден само со пулмикорт. На големиот во Козле ни го препишаа антиб и тука веќе не се меша матичната дали да давав или не... Инаку еве и баба и дедо си разболевме и нив ги фати, што вирус ке беше
Кај мојата мораше антибиотик црп и беше доста високо и имаше и уринарна инфекција па оттаму температурата. Ама изгледа и вирус закачи чим не престанува кашлицата. Ќе видиме до утре како ќе е.
Епа тамам и матична сменив во меѓувтеме, ама едно 2,3 пати приватно го имам купено. И на другатка друг матичен исто не и пиша со извептај од приваѕен пулмо. Небитно, поминало веќе, камо да не ми притреба пак
Сумамедот мислам дека е нај јак, па зависно колкава е опструкцијата, знаат каков антибиотик да дадат. Нас ни дадоа зинат, мала опструкција имаше ама многу секрет. По трета доза (три пати дадено) зинат веќе нема опструкција, секретот уште го имаше па продолживме инхалации
Мајки малата качи температура 39 и дадов Далерон. Не сака да јаде ни пие. Мачкав разреден алкохол, туширав, чорапчиња.. Не ми личи дека спушта. Што е следно? На колку можам пак да дадаѓ Далерон? Чепчиња еферглан? Што друго да правам? Не сум во тек има некој вирус и сл? Од памет сум извадена.