Знам дека така ќе биде, очекував и јас, ама за малото ми е криво. Шест месеци има и еве 2 пати како се разболува.
Може не е темата за тоа, но сакам да те прашам дали кога се роди малото, правевте пауза од градинка со големиот, или си продолжи да си оди без прекин? Собирам искуства, не знам што е паметно за кога ќе се породам Мојава тек се адаптира сега, а бебе треба да се роди на почеток на март (можеби и недела-две порано). И еве ја после четири дена се разболе. Новороденче и градинка ич не ми одат заедно, се плашам од болести. Ако треба, нека ми се премести мислењето.
Мисли позитивно, дека после во градинка ќе и биде полесно од тој аспект. Веројатно ќе има веќе некаков имунитет. Душиче, нека и мине. Секси мислам дека до тогаш ќе бидете стабилизирани. Плус доаѓа пролет, настинките и вирусите тогаш се намалуваат. Јас се надевам на тоа. Ваљда нема да е стално вака.
Најмалото фати бронхујален вирус на 40 дена од големите дади. Кај нив беше од нога, со нејзе лежев во болница. Сега е 1.5г. Тоа беше прв И единствен пат она да се разболи. Јас не би запрала дете со градинка
Секси истата ситуација беше кај нас лани. Значи бебето го чекавме во март, синко требаше да тргне од септември и очекував дека до март ќе се стабилизира. Но нели го загубивме местото поради брисевите и си остана дома уште една година. Ни рекоа да пробаме да го запишеме од Нова Година да тргне, ама тоа беше неполни 3 месеци пред да се роди бебето и јас не прифатив бидејќи знаев дека нема да е стабилизиран за толку кратко, а плус и од аспект да не се почувствува отфрлено. Значи кога се роди бебето (на 28.03) тој си беше дома, тргна сега од септември. На 2 месеци се разболе од него (но тогаш не одеше уште во градинка, значи ако треба да биде ќе биде) и еве сега пак. Стомачниот вирус и овој летечкиот што ти велам пак ја одминаа. Нема правило. Затоа нека си оди дадата, нека си се адаптира, до март веројатно ќе се стабилизира и нема да биде страшно.
Откако пишав ми текна за брисевите, ама го оставив мислењето надевајќи се и на други искуства Фала на споделеното мислење, и тебе и на @danichap и на другите. И јас сум со истиот став, не би да прекинувам градинка, таман до тогаш ќе се навикне и ќе создаде (некаков барем) имунитет. Што викаш, ако треба да биде, ќе биде, без разлика градинка или не. Ни останува да стискаме палци и да се надеваме на најдоброто
И јас сакав во Декември да ја пуштам малава,ама ќе нема време до Февруари да се навикни на вируси,па ќе остане за на пролет. Од друга страна на 2месеци и од дома ми се поболува.
И мојата на 3 и пол се разболе а големиот као не го пуштав до 4 нејзини во градинка. Шлајмови секрет, малку спушти и мораше антибиотик. Нема правила. Еве сега тој тргна во градинка го фати тој летечипт таа ништо. Значи, нема правила. И мене ми е криво помалото од ептен мало што почна со сирупи, ама па ајде викам после ќе е поцврста кога таа ќе тргне. Лудо е времево и јас не сум како што треба воЗрасна не па тие.
Mojata se rodi vo mart, plus i pred vreme bese pa pravev na golemata pausa 3nedeli od gradinka. Mene i od bolnica me sovetuva da ne ja pustam golemata vo gradinka dodeka se naviknat edna na druga, koga pocna pak vo gradinka da odi i pak zakacuvase virusi i na malata ss prenesuvase. Jas sum za pausa na gradinka, barem mal period kolku da se navikne edno na drugo.
Кикин колку време кашлаше малата? Нам ни дадоа само инхалации со дексазон и вентолин, ама еве веќе 4 дена уште кашла. Температура нема, крвната слика покажа вирус.
Уште кашла, навечер кога ќе заспие и се слева и се слуша дрка има секрет. Антибиотикот испиен, инхалации само атровен, за дексазон и вентолин мала бича минрркоа. Јас не знам кога ќе го извади секретот. Дење нема само ноќе кога заспие се слуша.
Вчера ми беше подобра еве денеска пак кашла. Хрчкање си се слуша, ама вели докторката дека е блага опструкција. На 2 месеци исто кога спушти за 2 дена и помина од инхалациите, сега ептен се пролонгира.
Малава моја од кога почнав да и давам Д капки, вигантол, ми се поти ненормално. Таква беше ситуација и пред летнава пауза. ЈАс колку што сум информирана е дека од недостаток на Д витамин се јавува потење, а не од користење. Само што почнав од Октомври и ете пак се поти, жива вода е. Не ми е јасно.
Не, секогаш ја облекувам тенко, дури претенко. И на спиење се препоти, а јас се покривам со две, додека она само со едно тенко ќебенце. Затоа и се чудам.
И мојата се поти многу на спиење. Од бебе а еве ја сега 5 години. Секоја вечер откако ќе заспие по 2 часа јас морам да ја пресоблечам од горе. После тоа веќе не се поти. Значи само првите 2 часа. Дури и перницата и се влажни. Лето, зима иста ситуација. Што вика @slobodka она претенко и облечена и покриена, јас дупло од нејзе, се мрзам ама она се поти. Еве нека кажат и другите како е кај нив
^Исто е и кај нас. Таа гола, боса. Не покриена, жива вода е. Ние смрзнати. Ама ова не е секако стално баш. Има периоди кога е да речам нормално, малце запотена косичката на страната кај што лежи. А има периоди кога вуквално има мокар круг на чаршавот.
Ама и моево се поти скледџија е од бебе. Никад не бил наоблечен и пак е препотен. Исто после 1-2ч од спиење ноќе го пресоблакам горе. Перницата е мокра дури. Деновиве спие по кратки ракави и кратки пижамки и бос, само со ќебенце покриен. Прозор на кипање ни е ноќе. Преку ден ( еве и сеа ) е со кратки ракави итенки долни тренерчиња и пак е испотен. Такво си е детето. Еве и ние сме со сопругот исто скледџии па верувам сепак е генетика. И лето и зима сме расоблечени тројцата. За во градинка еве деновиве го носам со тенки панталонки и мајчка по кратки ракави и дукс ( за до градинка ) таму е само на кратки ракави како и грото деца. На враќање ( околу 11ч зашто е на адаптација сеуште ) се враќаме без дуксерот. Такви си се децата, како и ние возрасните. Има скледџии има и зимурливи. Еве денес во градинка едно детенце беше наоблечено мислиш надвор е -20 степени па и воспитачката реагираше на родителот. Беше со дебели панталонки и под нив ѕиври, биди на долги и дебел блузон. Со јакна дебела.
Искуства со алергиски ринит кај дете? Како да му помогнеме? Да земам спреј бејби оригано се мислам, друго? Му дадов и Лоратидин од мука, многу кива на секои 3 мин, грев ми е за гледање.