Ti blagodaram mi trebase vakov odgovor mozebi ke se podsmiram malku vejke hipohondrik stanav od togash.
Покачена тт кај дете?? не се жали нешто да го боли го сетив мерам 38.6 дадов сируп пред еден саат и 1/4 апче. Ако не снижи секако идеме на лекар. Само причина.... Вирус има ли или што?
Нема мрсули, не кашла? Мојава еднаш така качи, од ништо, тогаш беше вирус, 3 дена тт, па 3 дена осип. Иако е голема рече док, сега често го имало тој вирус и кај поголемите. После кога качи, до 38,5 исто без симптоми други, нит мрсулче нит кашлица, ништо баш беа заби, 3те 5ки одеднаш избиваа.
На пнеумослајд игГ појави аденовирус, во нос пиогенис. Ништо не разбирам Едвај чекам да одиме попладне да го види.
педијатарот рече црвено грло даде антибиотик ибупрофен вит ц контрола петок а ако се јави нешто или ако не снижува тт одма да појдам
А кс правевте? Нас обично антобиотик за црвено грло не ни даваат. Симнува ли лесно тт? Качува пак? На колку време? Ја би барала кс. Брис.. Така само не би дала антибиотик.
зедовме упат за во лабораторија сабајле ќе проверуваме. Сабајле имаше 38.8 симна крај 11 сатот сега нема. Синоќа во 2 имаше сабајле во 10 пак од 11 саат навака добар е
Лабораторија мислам со антибиотик не можеш. Како брис, требало да праите прво кс и брис после антибиотик.
дадов еднаш антибиотик сабајле и го поврати. Не давам веќе утре со резултат од крвна слика ќе одам на втор преглед.
Не знам баш кс колку ќе биде реална, имајќи во предвид дека веќе пие антибиотик. По симптомиве и повраќањево, црвено грло, температурата, можеби е гнојна ангина предизвикана од стрептокока во грло. Кај синми така бива. Но, по се изгледа и немаш доверба во матичната.
не знам баш дали е недоверба ама секогаш сакам да слушнам повеќе мислења. Тој е еден од постарите педијатри со многу големо искуство. И кога "писмените" ни дијагностицираа морбили тој во глава се мавна со зборовите дека очигледно многу од докторите не ни виделе како изгледаат морбилите. Ама како викаат не прашувај гаталец прашувај паталец. Имавме стрептокока некаде март - април месец ама освен поткашлување не даде други симптоми. А да правам брис резултатите ни стасуваат за 5 до 7 дена така да џабе е.
Здраво мами дали некое детенце ваше го фатило вирус коксаки да каже повеќе нас не фати од градинка мислам дека пострашно од ова нема
значи не е нешто вирусно,сепак биле навистина крајниците. А и сосем случајно го ѕирнав денес десниот крајник му е партал. Отечен леле мајко. Матичниот виели бактериски инфекции на грло даваат симптоми ко настинки со растечен нос болно грло а вирусите со тт и без болки ама се поотечени. Изгледа во право бил.
е како? Како ли ќе се знае дека е бактерија? Мислам ме интересира срварно. Ќе треба малу повеќе да простудирам околу толкување на вреднстите
Aко беше бактерија леукоцитите ќе беа високи, и црп. Вие сте со некоја вирусна настинка најверојатно.