Никако за смирување кај продуктивна кашлица. Мене така ме имаат советувано (иако и јас порано давав за смирување при продуктивна кашлица) Наводно може да ја смири кашлицата, да не искашлува па полошо да направите, да спушти на гради.
@An-na ќе почекам ако не до утре, па ќе видиме кај матичен. Сега и носот почна да му тече, а сигурна сум дека е вирус и мајка ми префати и со исти симптоми е. Среќа што пие течности многу, и нема температура повеќе, па се надевам ќе нема потреба денес на детско да одиме.
Какви сакаш. Јас на Бекутан и Хумана имам. А има и орс на Хип мислам беа како сокче. И обавезно пробиотик.
@kristina.k и мојов исто беше,имаше тт 3 дена,па почна да кашла и носот.И мене ме префати и мм. Најмногу ни помага кромид на 4 исечен и во тегла и му ставам шеќер и го оставам во фрижидер за 4-5 сати пушта течност.И му давам по 2-3 пати дневно по едно лажиче како шуруп.Му ја смири за 2 дена.
@tincemajmunce фала, ќе пробам ако сака да пие, да не има јак вкус? Многу е проблематичен. Сега преспа еден час и крена 38.8, сами сме дома, борба ќе е за сируп, нема кој да го држи. Па и мајка ми иста е, тт и кашлица јака, јас се држам уште се надевам нема да префатам и јас дури е тој ваков.
@Ano стално во паниката се бунам со упатството. Едвај 4 мл се напи немаше шанси за повеќе, стегна заби. Се освежи одма и вода се изнапи, се надевам ќе симне и вака.
Нешто полесно, к.млеко, двопек, чајче, ориз. Поважно е течности да прима додека не се смири стомачето, важно да не дехидрира
Сте стигнале до пола. Ајде штом се освежил и пие вода подобар ќе биде. Ако не дај боже пак крене 1+1/2 па и 2 може колку што јас израчунав.
Моето има 15кг и давам 7мл парацетамол. Иначе она со кромидот јас со мед го правам и моево се тепа за тој сируп.
jas moze kasnam ako deteto a i site deca koj veke imaat probano med jas na sinko mu davam kromid naseckan na krugcinja polieno so kromid da odstoj nekolku saati 5-6 procedete vo teglicka shishe kako sakate i po edna golema lazica tripati na den. Kaslicata do tamu prestanuva. A i borov sirup Sega ovie tuka sto se prodavaat neznam kakvi se jas si zimav priroden domashen od hrvatska koga odam na odmor znam kako go pravat i isto dobra rabota. Proverete tuka nekoj sto prodava.
Мајки ве молам за совет Од синоќа керка ми качи тт 38-38.5 реков ке почекам за 4-5мин тт пага на 36.3-37 после 3-4мин пак качува исто цела вечер така 5мин топла после 5мин телото лед Кс добра нема ништо но само обична Кс и направија премногу сум исплашена да не е можна реакција од апчињата за коагулација Незнам што да правам и дали смеам и што да и давам бидејки ги пие тие за коагулацијата