благодарам. Па да, затоа овде прашувам повеќе човек од некој со мака што претргал ќе дознае одколку од некој стручен (освен ако го прашаш)
Па секогаш кога сме со високи леукоцити и црп пие антибиотик. Тоа е бактериски. На вирус не делува антибиотик,само чекаш да мине и делуваш на симптоми. Тоа е воглавно се што треба да се знае. Ама како ќе ти каже доктор така прави,сепак не сме ние стручни овде.Неговото мислење е последно.
затоа па од вчера до денес е подобар без антибиотик. Дадов еднаш поврати и не дадов веќе. Со бруфен лимон мед и чај поминавме.
Не може еднаш да давате антибиотик па да не давате. Така се прават резистентни бактерии на антибиотици.Aко веќе има бактерија. Антибиотик се дава на црп неколкукратно повисоко од норма, тоа е индикатор за бактериска инфекција. Ненадејна висока температура многу е поверојатно да биде вирус отколку бактерија (во цели 5 години, 2 пати сме биле на антибиотик, температури т.е вируси сто пати). А вирус поминува сам, не се лечи со антибиотик. Против висока температура се дава антипиретик, не антибиотик.
Мојот имаше такви меурчиња на грло, и неколку на стапала, за 2 дена помина тт, а од терапија добивме само маст за грло за обнова на слузокожа и давав далерон за температурата. Ќе помине брзо, вирус е, само течности давај често, можеш и електролити и спуштај температура.
@Верче4 gengigel baby со хијалуронска киселина. И за период на вадење на запчиња ја даваат, само е малку поскапа од другите, околу 700 денари.
Мојата фати трипати.Првиот пат беше најлесно, секој нареден пат се полошо и поспоро и минеа брумките.Последниот пат дури 2-3недели ја држеше вирусот. Мојата за среќа со овој вирус не имала никогаш повеќе од 38 тт и ја држело само 1 ден. Ама ниту и се јаде ниту и се игра само плака. Првиот пат не мачкавме ништо помина за 5дена.Вториот пат мачкавме и во устата крем и по рацете и нозете траеше 7 дена.Последниот пат мачкавме само на нозете и рацете со белата пудра за сипаници и траеше 2 недели.Додека има брумки не смее во градинка.Со лесно
Фала ти мојот има најмногу на уста и му се разранија дека ја држеше цуцлата вчера на ја чуваше не можеше денес е подобар и синоќа немаше тт леле значи може пак да го фати а во градинка нема носење повеќе
Немате ки во градинката некое предупредување? Кај нас секогаш има ама што да правиме освен да се надеваме дека нема да прифати.
Не моето е прво заболено не е голема градинка 8 до 10 деца се по 4 сати се јас одма и кажав дека има коксаки и прашав дали имаше некое детенце со мозолчина ми кажа дека имало едно ама дека му било алергија а со други деца никаде не се дружи е од кај фати нз
Коксаки се фаќа и ако фатил нешто нечисто па ги ставил рацете во уста. Значи може и да сте седнале некаде и слично. Мене ми објаснија дека ја викаат болест на нечисти раце. Моето доби коксаки на 9 месеци. Не знам од каде ама тогаш почнавме да го носиме по игралишта и паркови. Кога во градинка има случај обично и кај нас предупредуваат воспитувачките, а ако ништо друго самите родители кажуваат па знаеме.
Не знам дали има тема па овде, дали имате деца на заштита што се ставени поради пречесто спуштање на плуќа? Од алергиски причини, алергичен е на нешто и одма спушта. Докторот ја има спомнато оваа опција за заштита, ама што значи не прашав оти нема ни да ми каже да не ме плаши, па сакам да знам што да очекувам? Само така ми рече, ќе го ставиме на заштита ако се докаже алергија.
Кој ти го кажа ова, Гого, Виктор? Пупче спушта многу често, во пролет 99% му е на алергиска база. Но, ми рекоа се уште нема потреба да испитуваме алергија, оти не доаѓа до некоја фаза во која му е неопходна заштита, превентива. Тоа заштита, превентива во стилот од оние пумпицине слични за астма. И да е тоа, ништо страшно. Само детето ќе си биде заштитено, односно полесно ќе ја пребродува фазата.
Гого, ама не останува само на спуштање, почна и уртики некои чудни. Испитавте ИГГ? Кај нас е високо. Да не ти кажувам петокот вечерта каков беше, на стомак почна да дише, за урбазон и Козле беше, ама се спасивме сами со инхалации Вентолин. Виктор на телефон нон стоп, некако извлековме дупе, ама за месеципол он спушта 3 пати, многу е. Овој пат беше класична алергиска реакција, нема тт, нема мрсул, само шлајм позадински и тешко дишење.
Зашто да не го носиш во градинка повеќе? Коксаки може сегде да фати, и не е така страшен, освен што така изгледа. Верувам е пренесено на родителите дека има дете со коксаки.