Да се јавив кај воспитувачката се јави и кај директорот ќе пуштеле екипа да дезинфекција. Како не е страшно кога не може да јади да спие со тт до 40 . Од на пролет ќе го носам секако 10 дена треба дома да биде па после ќе заминиме во странство на шетајне па кога ќе се вратам ќе биде ладно . Јас го носев за да се дружи со децата и да научи нешто јас сум слободна ќе се чуваме
Коксаки и возрасни фаќаат, другарка ми цела фамилија се со коксаки, и тоа маж и од базен донел. Не мора само во градинка да е да фати. На шетање во странство може многу пострашни работи да се десат. А болестите кад тад мора да ги пројде, дали во прво, дали во градинка, така да не е баш ништо страшно. Болно е, тешко е за мајка да го гледаш, ама тоа е, секаде може да се разболе и да фати некој вирус.
Детето нема да јаде и спие и од настинка обична, и од тт од пролазен вирус. Ќерка ми имаше пликови и во уста. Ладното и ваквите болести не се причина детето да се изолира и да е со мајка 24/7. Ќе ти се разболи и на улица, на гости и таму кај што ќе шетате. Што тогаш?
Нема да е изолиран само нема да оди во градинка го носам во игротеки по паркови по гости си игра со внуците тој настинува го фаќа вирус ама како овој не 4 дена е само на сокови не сакам уште еднаш да поминува низ ова .
Има ли некој искуство со упорна и повторувачка Стрептокока пиогенис во грло кај дете? Во рок од еден месец две дози Оспен испи, а еве денес пак позитивен брисот? Симптоми нема никакви, крвна слика добра... Минатиот пат леукоцитите ни беа 30, а сега ништо Ќе си пукнам
Јас пре би да иде во градинка него ли да оди во игротека, ако не друго градинките ги чистат секој ден и еднаш неделно ги дезинфицираат, а игротеките... Коксаки може и во школо да фати, нема траен имунитет за него, не можеш во школо да не го пуштиш. Не те убедувам, скраја да е, сакам да ти кажам дека не правиш ништо со тоа што не го пушташ во градинка, моето првите неколку месеци се разболуваше, сега е ок, ако ја занемариме алергијава што нема врска со бактерии и вируси.
Ти пишале и погоре, игротека е подобро од градинка? Не би рекла. Прошетај со бели чорапи во делот на децата, во било која игротека, па ќе сфатиш што ти зборувам. Секако ова си е твоја одлука, ама не е така како што викаш.
Не кажав дека никогаш нема да го пуштам само некој период кажав дека другиот месец заминуваме странство и не можам таму да го носам болен додека се вратиме ќе помине месецот а дека дезинфекција прават овде во прилеп тешко како и да е фала на совети и искуства
Мајки и син ми (одамна веќе некои 2+ год), а и малава сега (едно 2м она) се чешаат на рачињата над лактите и на двете раце... дали нешто би укажувало ова? Баш на истото место се чешаат и имаат ситни точкички, па тие ги чешкаат ваљда..
И Константин имаше вака како сува кожа нафрлена на неколку места, ама му земав од фризи дерм крема за атопичен и шампон, со две/ три миења му исчезнаа и не се вратија повеќе. Мене ми кажаа дека е атопичен. Исто изгледа како кај твоите и до крв се чешаше исто. Пробај така.
Јас сум немала дете со таква заштита, ама на пријатели девојчето порасна со вентолин во критични периоди (увидоа кога има проблем и во тие денови од годината) примаше вентолин преку пумпица, има специјални детски пумпици. Не е ништо страшно. Битно да порасне дете без проблеми. Сега е веќе гоелма девојка и нема никакви проблеми.
Вака изгледаше на внука ми, она на грбот се чешаше, атопичен дерматит. Мачкај со нешто за атопичен и немаш гајле, не е многу раширено.
Секогаш проверувам. Јас и маж ми сме немале до сега. Сега ги проверив и мајка ми и внуката. Во градинка не оди...
Zenski malata ( 2 ipol godini) Od nokeska e so tt, sinoka legna vesela a noke primetiv ima tt 38 nema simtomi na nastinka rastecen nos ne kasla nisto samo ne e raspolozena I ima tt. Jadese ama ne kako sto treba. Se slusnav so pedijatar mi rece da sledam ima virusi, ama nistodrugo osven tt. Ima li nekoj slicna situacija denovive so malite?
Пулмикорт се дава ама само по препорака на доктор, пулмо или матичен. Јас без консултација не правам онхалации, ама бидејќи 2 пати имаше пнеумонија на неколку наврати ми имаат препорачано пулмикорт кога е со кашлица.
Мајки малиов во саботата ми се жалеше на болка во стомак (некаде кај папокот ми покажува), и се исповрати обилно само еднаш во 12 поручек, после само го болеше ама не повраќаше. Вчера океј беше цел ден. Денес сабајле пак само што стана ми беше чуден блед и ме боли мешето ми рече, па сега пред малку пак се исповрати... Му викам те боли? Да. А вчера те болеше? Да. Цело време те боли? Да... Можно е да е вирус? Чудно што во 3 дена два пати само поврати... а болка има. Матичната вика хирург да го види...
Хирург да го види, лабораторија да се провери, на ехо да го видат, урина да се испита за да се исклучи уринарна инфекција