Јас еднаш барав Фитобалм и не успеав да најдам (подоцна го видов еднаш во Еурофарм). За замена ми го дадоа ова и супер се покажа (го има секаде)
@kikin јас овој го користам веќе 2ипол години и сум презадоволна. Сум ставала и во вода за бањање, и на гради, грпче и носе сум мачкала, ако осетам дека е малку настинат моментално мачкам после бањање пред да го заспијам и не знам дали случајно или не, ама побрзо и полесно ми заспива. При крај ми е и треба веќе ново да земам.
За псеудомонас обавезно терапија по антибиограм. А веројатно со истата терапија ќе се исчисти и моракселата.
Давај, сепак псеудомонас не е наивна бактерија. Панцефот секако е добар за инфекции на уринарни патишта. Обавезно пробиотик на два часа растојание, за да чувате цревна флора.
Не ми беше тоа намерата, не е страшна, се лекува, но сепак не е бактерија која така се остава. Ајде, ќе помине.
Во Козле болницата дали има паркинг? Вие што сте правеле алерго тестови колку време отприлика трае постапката?
Има огромен паркинг, брза е постапката за алерго тестови, јас сум доста задоволна од односот во Козле, љубезни се многу, средено и перфектно чисто како што треба болница да биде.
Огромен. Алерго тест сме правеле преку крв само, не со гребење па не знам точно колку трае. Болницата е како од странски филм, преубава, како што треба да изгледа секоја болница. Мајки како инхалирате дексазон ампула? Таа е од еден милилитар. Колку да ставам во инхалаторот од неа, а колку физиолошки раствор?
За колкаво дете прашуваш? Јас ја онхалирав скоро со 1 ампула и 2мл физиолошки, ама 4г има. Не знам за помали колку е. @Alishan30 може да помогнеш?
Зависи од наодот кој го слушнал докторот, за многу мали дечиња 1/3 од ампулата даваме со 2мл физиолошки, за над 5 годинки и 1/2 ампула. Зависи од тоа што сме слушнале. Најдобро да се јави и да го праша докторот.