Благодарам за сите совети мајки, ќе давам ладно. На нет читав топла бања, инхалација над топла пареа ама некако не ми беше логично и ништо не направив. Само инхалација со физиолошки и млеко со мед. Ќе видиме утре како ќе биде
Сабота попладне, нова ситуација. Мора да е викенд. Детево има пролив т.е. течна столица. Бајаги обилна. Сабајле во 7, па во 10, па сега во 2 и 2ипол. Значи пелената преполна, фул, водлеста столица. Јаде, спие, весела е ама многу се засекирав за столицава. Сабајле реков од сокче од портокал и е. Ама паника почнува да ме фаќа. Температура нема, повраќање нема.
Се слуќувало и кај нас. И тоа баш кога имала дунде со брунчиња. Имаше и твојата ако не се лажам. Покисела и е каката изгледа. Префрли на банана, јаболче, никако цитруси. Ако продолжи да кака течно (па и во сон), консултирај доктор, ама лекот е фурил сирупче. Ќе се среди.
Не кака во сон. Вкупно 4 пати до сега ама на 2-3ч. временски интервал. Да имаше брумчиња. Убаво си ручаше и спиеше скоро 2ипол саати мирно.
По мене не е проливче, туку само вознемирено меше. Мојава кога имаше проливче, какаше и во сон. Едноставно излегуваше од неа. А каката како леплива е или течна, течна?
Ова е гадно, течна е не е леплива со парчиња и боја од храна што јадела. Не е скроз најретка како кога имаше вирус, нијанса погуста е Еве од 2 уште не какнала.
И нас ни се случи вака пред некое време. Само течна столица (околу 4-5 вкупно во денот), без други симптоми. Матичната ми рече дека не е пролив, па давав само пробиотик и посува храна (ориз, компир, банана, солени стапчиња си грицкаше...) И млеко не давав, ама твојата мислам цица, така што ок сте. Брзо помина кај мојава, си јадеше и спиеше супер и си беше весела. Се случува понекогаш
Толку се. Јас кога сменив пробиотик се уби од какање детево. Баш со @Sexybaby86 зборувавме дека многу какаат женските.
Кога сме кај пробиотикот, го сменив Линексот со Ваја и сега дете е супер. Се нормализираше тоа какање по 100 пати Додека не донесат пак Биогаја, Ваја ќе давам
Вака, детето веќе јаде храна како што јадете вие. И очекувано е дека ќе се менува столицата зависно од видот на храната. Кај моиве така потечна е кога јаделе нешто помрсно, ама баш помрсно. Се додека не кака пречесто, во смисла сите тие столици во рок од саат време, не е ништо страшно. Пробиотик дај, и посува храна, ќе се нормализира.
Мајки има ли некој вирус само со температура? На золва ми малата пред неколку дена качила тт па после тоа ништо немала и пак во спиење дигнала и толку и поминало. Од ноќеска и ќере со тт спиејќи и измерив 38.4 па и дадов сируп поминаа 6,5 саати пак ми качи 38.7 па пак и дадов и еве сега полека ја спушта.. а други симптоми нема ништо.. ни нос и тече ни затната ни грло ја боли..
Мн ниско EO е ова? Се разбира некој повеќе во ова? Имаше некоја докторка во групава ја забораив како беше... Она да види..
Не е ниско, таман е по референтни вредности. Битни се неутрофилите, моноцитите и леукоцитите, повеќе нив ги гледаме од еозионфилите