Мојава 3 дена така кака... Многу чудни каки, те како кафена вода и парчиња, те течни пролив чудни, ама пак со парчиња, вчера 3 течни, денес само сабајле 1. Ама еве ја од денес со повраќање и температура, се што јаде ми повраќа, смрди на ацетон цела, дехидрирана е... бевме на клиника, совет само електролити и пробиотик. За беља и некој осип на лева рака има и се надевам дека не е коксаки бидејки и мн деца со коксаки имало во градинка
Јас мислам дека е од заби. Денес е погусто. Уште е весела, јаде. Сабајле еднаш поврати ама мм и дал вода на гладно. Пие вода, спие мирно. Не знам што да речам. Утре матичната ми е втора смена, па ќе видиме. Вака си е супер ама мене ме мачи.
Дак боже да се заби и да помине побрзо Инаку мислам ве видов во Гтц пред неколку дена (малата ја познав), ако бевте вие
Па бевме во вторникот мислам. Ја си викам дај Боже да е вирус, некако црни мисли ме навасаа. Од вирус нели треба температура да се крене? И дадов линекс бејби и сабајле и сега. Еве сега заспа, мирна е, се нормално си заспа. Вечера скокнавме, јадеше само банана и соленки. Се изнатрча денес, весела си беше. Не дај Боже мајка што ти мисли еј.
Мојава еве тек денес дигна темп кога фати + да повраќа... Се што јаде, повраќа 30мин од сируп и ни темп не спуштила уште... Инаку да вторникот, бев по карти за Златно славејче, за раче ја шеташе малата и баш ја загледав зашто се чудев дека има толку мали деца кои мирно шетаат фатени за рака @wannaBeMomma многу глуп моб имам, нема опција да се исклучи мазнење и ништо не фаќа од осипи, мазни... А и мн малку е по малото прсте и по показалежот, не е испакнато туку како подкожен осип точкички..
Си не фатила во арните. Обично трчам. Леле каков е тој вирус 3 дена пролив, па после уште појако удира... Инаку, бевме во авицена во петокот, имаше и др деца, а ваквото какање почна саботата сабајле, можно е таму нешто да закачила... за 5 мин завршивме... Ајде ќе пратам ситуација... а баш мислев да тргне во градинка неделава. Марфи ми чукна одма на врата
@TeddyGrey може е некое мало вирусче, без тт. Или го проаѓа од нога. Мада и јас мислам од забите е, пошто и мојава беше иста кога и’ пробиваа. Давај пробиотик неколку дена по ред, ќе помине (овие дена по двапати, и сабајле и навечер давај, така ме советуваше мене др).
И јас помислив на 'мало вирусче' ако постои нешто такво. А и претходно со заби ми вадела течна столица, само не по 5 пати на ден. A 3киве и 4киве доле ептен ја измачија, си седи у ќош и си се чеша и ужива. Се гледаат под непцата никако да пробијат.
Син ми со 3ките господ го виде. Егзорцизам мислам му се дешаваше коа пробиваа. Он општо секој заб тешко го вадеше, освен 4ки. Е тие преку ноќ никнаа.
Јас незнам што не снајде сите значи, пострашно мислам не било од овој период. Мене сабајле живот ми скрати, само што стана искакана беше и ај на миење и ја зимам во бањарка од вц до соба и ја спуштам на кревет и гледам цела ишарана поцрвенета во фаца и сфаќам дека нит зима, нит испушта воздух.. да не речам ама не дишеше, ја кренав ја тапкам уште ништо и само нагон како за повраќање и тука веќе паника почнав да се дерам по маж. Дојде ја дигна ја преврте малку и ја истапка и исповрати шлајм и почна да диши со хрчење и одма обеле во лице. Значи нит мрсули, нит кашлала, од кај... А еве ја слушаа и на плуќа на клиника, ок е.
Леле Мариз Да ти кажам, мојава со тоа моракселата во нос се исподави. Првпат кога даде симптоми беше во спиење, се закашла одеднаш и не можеше воздух да земе и ми исповрати шлајмови од нигде никаде, па почна одма после тоа да хрчи страшно како пушач. Хрчењето траеше цели три недели, живо ненаспано беше детево и се уби од повраќање шлајмови. Со секое ново и’ беше се’ полесно, се гледаше. Искрено, страшно поминавме со бактеријава Таа да не прави проблем, мислам ја имаше и малата твоја.
Може дишните мускули и се згрчиле и затоа и се случило да не може да дојде до воздух. Чудно, слично нешто приметив преска кај син ми, само во поблага верзија. Ај да не зборам од ракав што мислам дека се случува..
Абе еве ја цел ден е па сеа со стомачниов или што и да е, шлајм не повраќа (само сабајле тоа), не хрчи, повраќа храна се што јаде и вода ама шлајм нема... нема ни мрсули. Може од сув воздух тоа да се случи? На парно 24/7 сме, па и јас кога ке станам имам како грутка во грло...