Мајче оди итно на лекар најарно, мислам не е за плашење, зима е, грееме дома, може се прегреала, па си ја расоблекла, се е можно. Ама оди направи црп, знам смачено ви е од боцкање ама тоа е. Појди си да ве видат, знаеш како е, самата кажуваш пиете за коагулација и може да ви е собрано се. Држам палци да е ништо страшно.
Спојлер: Крвни слики... Некој ако се разбира.. да ми објасни овие вредности на лимфоцити зашто се покачуваат? Овие крвни во спојлерот се пример од последниве 8,9м (имам 15+ вакви од клиника и секаде вака се покачени горе доле)... Ова е од 21.01, а едното е од денеска и пак покачени, гранулоцити ниски... Не ми е јасно зашто на секоја можна крвна слика се покачени, гранулоцити ниски. Што укажуваат тие?
Ова е диференцијална крвна слика,каде лимфоцититите укажуваат на настинка од вирусно потекло. Многу малку се покачени па не е нешто страшно. Ние најмногу внимаваме на вредностите на леукоцити, еритроцити, хематокрит, хемоглобин и на тромбоцити. Кај овие резултати се е во ред со нив. Доколку леукоцитите се покачени, тогаш обрнуваме внимание на диференцијалната крвна слика и гледаме што предоминира во настинката. Може и да не е настинка во случајот, туку некој инфект, незначителен, бидејќи само малку се покачени. Во случај мало дете, па нечисто ставил во уста, па шмркнал со носето или има секрет или уринарна инфекција но ништо не е страшно. Без грижа. Не барајте влакно во резултатите. Горните и побитни вредности се во ред.
А океј да се баш секогаш покачени? (Вака инаку здрав изгледа, не кивнал цела год). Цела година на секоја крвна слика, покачени се. Имаме проблем кој неможеме да откриеме што е, па мислам да не е поврзано со тоа. Вака нема некој друг симптом или симптом на настинка, вирус моментално.. а немаше ни на 21.01. Има анемија поради друг проблем, затоа со тоа и многу ниско железо, феритин... Ги разгледувам сите резз кои ги имаме, па ова во око ми падна. Фала на одговор. И уште нешто, сакаш да кажеш и мцв, мцх и хематокритот е ок? Иако е вака пониско? Пред да го има проблемот, беа над граница сите тие.
Мариз, мирни леукоцити со покачени лимфоцити е знак на вирусна инфекција.Меѓутоа кај вас на последните 2 крвни слики НЕ се покачени лимфоцитите, гледај го резултатот изразен како број на лимфоцити, во граници на нормала е. Процентуалниот сооднос и не е толку битен и речиси секогаш е различен, зашто зависи од волуменот, а не од бројот.
Да баш приметив дека таму е океј, ама пак ми бодеше око што и пред две недели беше исто. Проверувам крвна слика сама на секое со надеж да рипнат другиве вредности, хемоглобин успеавме да качиме, ама најверојатно железото се мачи, па затоа другиве работи се ниски...
@Lolipop23 ме претрка, се' кажа што сакав да пишам. Еве еден личен пример цел живот на секоја моја крвна слика гранулоцитите ми се околу 60%. Нит сум болна ниту имам некаков проблем лично јас, освен што сум изложена секојдневно на пациенти. Не следам диференцијална крвна слика бидејќи другите параметри ми се секогаш во ред.
Nosi ja na lekar. Vo zimskite meseci obavezno vit D da se dava, zasto nedostatok moze da e propraten so potenje.
Хемоглобинот воопшто не ви е лош, број на црвени крвни зрнца исто е супер, е сега хематокрит, MCV и MCH исто така се тесно поврзани со овие параметри, големината на еритроцитите и нивниот волумен и тие се многу варијабилни, мала промена во организмот, веднаш се изместуваат, во вашиот случај сигурно се намалени поради крварењето, но и не се којзнае колку драстично паднати.
Да да се држиме, пред 3,4м се качи хемоглобинот и среќа не паднал пак. Железото е многу ниско.. а и феритинот, ама не ни може да се качи зашто сеуште крвари. Среќа има апетит, сабајле обавезно е со едно витаминско смути, па се одржуваме некако.
Сама кажувам како е состојбата од последната крвна слика боцкано од вена. Тоа еднаш на месец ипол два проверуваме за да не го трауматизираме. 5 беше железото на 17.12, тоа е највеќе до сега последниве 10+ месеци.
На ремедика не и верувај за кс. Гледам и од таму имаш пуштено. Јас кога сумњав во нивниот апарат испаднав во право. 4 месеци по ред дете хмбг 110-112. Последен пат викам ај и ја и он ќе се боцнеме. Он 110 јас 110.одам во друга лаб дете 130 јас 126.мене цел живот ми е толку... Ќе да не калибрираат прописно
Најблиску дека ми беше... а матичната па во Рес Хумана ке ни направи, а и за таму гледам дека не се задоволни. Каде да провериме? На клиника не одиме периодов поради морбилите...
Синлаб (адриалаб) имаш во аеродром кај комплекс банки. Мене тие ми се најточни. Едит.работат со упат.
Знам дека сте на некоја диета, ама ако истата дозволува за железото најдобро е на сабајле јајце, за ручек месо. Без тоа не качувате железо така лесно. Витамински смутија измеѓу или после ручек најдобро. Нека има цитруси и киви, зрнесто овошје, некој лист спанаќ, семе од коприва и мед. За вечера нешто со просо, киноа, чија семе, какао...
Имаме режим, ама се јаде. Само нешто ни е елиминирано од исхрана или намалено. Мора јогурт да пие повеќе, жолчка често не, сирење не, чоколадо не, какао не, ориз често не, храна која би правела опстипација. До душа нема запек, ама пробуваме нешто со таква препорака, плус пие сируп на природна база кој делува како лаксатив. Сакам да почнеме пак и со некој суплимент, тогаш го укинаа и никој после не рече да пие нешто, а мислам мора... Вака за нијанса мислам е подобро, па дај боже да се среди и да е стварно пролапс на слузницата од напон. Ама таман ке се порадувам и пак од нигде никаде ке се појави крвта
За слузницата имам правено на мајка ми, има многу мака, суви смокви во маслиново масло, едно мало пакетче суви смокви во голема тегла и дополнето со маслиново масло, да постои бар некоја недела ама најдобро 40 дена и давај насабајле по едно парченце, сецкај ги на 4тинки и малку од маслото. Ако му е гадно некако во оброк да го вметнеш. На мајка ми и олесни ептен со леков, она и желудник среди и црева.