Кај нас многу побавно паѓаше, ама можеби има и разлика дека сируп и давам бруфен, а чепчето е парацетамол.
Парацетамолот поспоро ја спушта температурата од ибупрофен. Така што кај тебе разликата е заради различнито лек, а не начинот на примена. Кај нас на пример нема разлика. И ректално и орално исто му делува парацетамолот. Односно некогаш не му делува ич.
Мајки здраво. Кажете ми чаре ќере 2 дена имаше температура со кашлица и растечено носе. Од вчера е подобра нема качено ама ова кашлањево од такт ме вади. Кога и да се закашла ми вика дека и се повраќа а не сака да поврати и полна е со шлаем. Не знам дали да носам на доктор и не знам што да и дадам за побрзо да го исфрли. Носе ко за беља од вчера не сака ни да го дува ни да и влечам со аспиратор заоѓа од плачење кога и да го види само. Ќере е 2,5 години
Детево пак качи 40тт и се стресува како да му студи. Матичната рече до 3 дена е ок толку тт, чепче да давам, четвртиот ако качува тогаш термин ќе ми даде... Не ме фаќа сметка ниту да туширам ниту ладно облози да ставам, да не се стресе повеќе. Ставив чепче и давам течности, лежи омалаксана до мене. Предлог некој да не имате за оваа ситуација? Не знам да ја покривам или да ладам....
Да покриваш да се испоти. Мислиш да не крева повеќе ако ја покриеш? После даден антипиретик, ако се тресе дете, јас го покривам.
Покрив, се надевам ќе падне...лежи мирна сега, се трудам да остане будна. Веќе се јавив на маж да си дојде од терен, инаку требаше петок дури. Едноставно не би можела 3 дена да чувам дете дете со 40 или плус тт дома. На брза помош барем ќе не примат ако и до вечер е исто.
Немам искуство со толку висока тт, дај Боже да делува чепчето. Инаку моиве деца кога спијат симнуваат тт, затоа јас ги оставам. Дали те разбрав убаво, трет ден е со тт од 40? Не ве примаат на лекар?
Не, прв ден е, синоќа качи. Ама до трет ден било нормално да има волку тт. Ако и после третиот ден има 40 тогаш да сме отишле. Не ми дадоа термин денеска, не било итно. Моиве качуваат кога спијат.
Нека поминува побрзо. Вирус е најверојатно, ама имај предвид дека може и гнојна ангина да даде вака висока тт. Ако се жали на грлото, одете на дежурен.
Затоа сакав и јас, да ја видат. Тешко крвна слика да добиевме ама грло/уши да видат... Тоа е. Ако не се подобри вечер ќе трчаме во болница.
Ќерка ми како помала редовно качуваше над 40 Т. Во една прилика имаше и 41.7 Единствен совет кој го добив за Т е ако не делува антипиретик или дејството му е кратко, да се тушира детето и да се мачка со разреден 70% алкохол. На помало растојание од 4 часа да не се дава антипиретик. @danichap може да е гнојна ангина, ама може и вирус да е, затоа ви рекле до три дена да чекате. Ќерка ми често пати имала температура над 40 од вирус. Дали нагло качи Т или имаше претходно симптоми како течење нос, кашлање и сл?
И моиве директ одат на плус 40... Наеднаш качи, без симптом. Сестрите се ок(за сега барем), само она.
Не сум експерт и моево мислење земи го со резерва... Од она што ми го кажувала матичната ваквото нагло качување е знак за бактериска инфекција. Ама пак ќе кажам... не сум експерт и не мора да ми е точно мислењето. Штом редовно качуваат над 40, навикната си следи ситуација. Со лесно
Ох леле. Се надевам не е ништо сериозно. Селди ситуација немаш што друго да правиш. Ако не спаѓа од парацетамол можеш да дадеш и ибупрофен. На моево тоа му делува (појако е). Ако до вечер е исто јас не би оставила три дена, ако е бактерија џабе ќе се мачи дете без антибиотик. Ако е вирус барем ќе знаеш дека не е ништо страшно. Со лесно.
https://pedijatar.mk/prof-d-r-brani...na-dete-so-pokachena-temperatura-koe-si-igra/ Овде вика никако претоплување за деца под 6 години.
Ако се тресе, остави да качи, ладно и е. Кога ке прекине, давај парацетамол. Бањај и лади. Мојата до 41 со 3 имаше
Истото го имаме како рутина. Имам пишано, не ни носам на лекар само за температура. Кога крева нагло и без други симптоми обично е вирус и поминува до 3 дена. Сега последново, бактерија т.е шарлах, не ни имаше некоја температура, не знам зошто. Покривај лесно, ако и студи покривај. Мојава има епизода на студење (нозе мраз) кога крева температура, ко ќе престане да крева и е жешко. Тушираме или се шљакаме во корито дури да почне да делува антипиретикот. А на толку висока температура не може ни многу да симне, ако стигне до 38 и нешто успех е. Освен уше да видат, не знам што друго би ти кажале на итна. А воспалено уше знае да крева температура ама и многу боли. Се жали ли на ушето или така ти текна? Ако трпи чорапчиња мокри со оцет вински, тоа мене лично ми помагало.