Чепчето го ставив во 13.00 Падна до кај 38.4, беше весела, јадеше и пиеше. Сега е пак 39.6. Предходно беше нурофен, сега чекам до 17.00 да дадам парацетамол. Не се тресе сега, па ладно облоги ставав...
Во коритце до терминот за следниот антипиретик. Бродчиња, жабички, и време да помине и да се разлади.
Заспа, клапна цела...не е веќе изводливо. Цела ноќ неспана, денес не преспа...и ставив облоги, тие барем да ладат.
Мене пак од клиника ми имаат кажано дека треба да се полесно облечени за да може да излезе температурата, никако покривање и претоплување. Не знам дали ова му доаѓа што и како пали кај различни деца. Мојата само со бруфен симнува, парацетамол ко да не сум дала, ни малку не и се симнува, не знам зашто така. @danichap побрзо нека поминува само и нека е вирус.
Исто. На клиника коа качи над 40 брзо го расоблекоа, мачка алкохол и дадоа дијазепам. Ова терапијата секако не ја препорачувам ама знам дека рекоа соблакање. Далеку е различно 38. 5 и над 40
@danichap немам искуство со висока тт, но овој професор многу убаво објаснува како да се симне тт кај помали деца, а и како ни под разно не смее да се затоплува мало дете ( за да се препоти ) или да се мачка со ние веќе што сме сметале дека помага. Ислушај го докторов многу убаво објаснува за премачкувањето што уствари му се дешава на дете или со покривање за да се препоти. Се надевам ќе ти е видеото од помош. Со лесно.
Фала за одговорите девојки. На пат за болница сме. Чепчето беше во 17.00 а во 19.30, и покрај туширање, ладење, облози, чорапи...41. Се молам да не оди нагоре додека возиме. Се надевам нема да не вратат дома си препорака за свеж воздух.
@Alishan30 ти кажуваше нешто за ладење со мокар чаршав или друг некој беше? Да не ги вратат, нешто барем да направат во таа итната
Јас да, една докторка постара педијатар од Украина, кажуваше со мокар чаршав со млака вода, не скроз ладна да се замота детето. Извинете дури сега гледам, возев од работа до дома. @danichap што се случи, стигнавте на лекар?
Мајка ми така мота возрасни со висока темп. Прво мачка алкохол и покрива со влажен чаршаф. Ама мене ми е страв
Повеќе од час седиме во ходник. Измерија 40.9, дадоа ибупрофеб, залепија лепенка за урина и рекоа да чекаме да се измочка... Нудам водичка, ама празна е. До кога ќе седиме тука не знам и јас
Температура најбрзо се спушта со замотување со мокар пешкир со млака вода,никако ладна. @danichap Мочкаше често деновиве?,Толку висока моиве имале само од бактерија во урина.
@danichap не ќе да е гнојна ангина, досега сигурно еднаш до два пати ќе повраќаше. Така кај нас било во 99% ситуации. Вирус веројатно или уринарна инфекција. Штом лепенка за урина, можеби и кс ќе правите, ќе даде појасна слика и искрено се надевам дека ќе ви дадат соодветна терапија. Побрзо да минува
Не се покрива детето и јас така знам иако јас кога бев дете ме покриваа да се испотам.Кога мојата качи 40,6 спиеше на памперс иако беше зимо. Со лесно Дани да ви најдат причинител
После 2.5 часа ми рекоа дека погрешно е ставено ќесето за урина, а пелена полна, и сега на нови да чекаме. Дете вришти, шетаат со татко и по ходници, не сака веќе ни капка вода.... Ќе треба да дремеме додека не се наполни новото ќесе. Олеснително, не не пратија на свеж воздух. Тие до нас им рекоа да се прошетаат 20 минути па фа се вратат. Надвор олуја, и истура снег уште тоа ни фали.
4 пати лепам такви, 4 пати урината во пелена, излегува од кесето... И докторка и залепи и пак и искочи... (само гола успеав да и фатам да се помочка). Зар некој успеал на женско со тие кеси да собере мокрача?