1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Итно! Прашања за здравјето на децата

Дискусија во 'Дете' започната од RainBow, 29 декември 2018.

  1. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.025
    Допаѓања:
    199.003
    Пол:
    Женски
    Кремот од Веледа за ладно време. Одличен е.
     
    На ludoto19 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Fleur-De-Lis

    Fleur-De-Lis Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2012
    Пораки:
    627
    Допаѓања:
    1.648
    Дани цела ноќ ја следам темава, се надевам дека се е во ред со ќере.
    Јекодерм.
     
    На ludoto19 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.512
    Допаѓања:
    32.646
    Пол:
    Женски
    Да беа ама треба да им ја пратам малата кога кашла без престам и се гуши навечер тие да ја гледаат.Матичниот кога ја слушна еднаш ме праша да не има нешто аспирирано па вака кашла.Сите прво прашуваат вакцинирана ли е од магарешката кашлица.

    Никогаш не се карам да сум доктор нема што да ја носам па затоа мирно си чекам.

    @JoyJoy пауза мора да имаат тоа е законски.Ако не ти чини оди во друга бочница тоа би ти рекле.А таму нема да бидеш порано услужена сигурно.До сега немам видено некој да се кара иако има 5-6 пати на итна завршена.Тие што се карат одма враќаат Германците во одбрана на персоналот.Тоа е во ред.Персоналот е таму да ни помогне.Никој не спие.Кога бев еднаш за мене по 8 часа чекање успат испитување па чекај поитен итн., видов како дежурната докторка не знаеше кај и е главата исто и за сестрите.На крај ме прашаа како ќе си одам дали да ми викнат такси.Не ми рекоа што си дошла не е итно итн. Понашањето секогаш им е на ниво и со почит.Нема драње .Ако чуеш некој да се дере е странец основно правило.
     
  4. Alishan30

    Alishan30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јуни 2018
    Пораки:
    7.006
    Допаѓања:
    118.166
    Пол:
    Женски
    Малку офтопик
    ама јас мислам дека само во Мк се силни пациентите, на врата пишува 10-10:30 пауза, во 10:40 излегувам (очи се превртуваат, и муабетот е мора ли пауза) во 10:50 сум вратена во ординација. За итни случаеви недопустиво е да се чека повеќе од 30 мин во Мк, со висока температура
     
    На 24.07, emkaemka, ivi1987 и 8 други им се допаѓа ова.
  5. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.919
    Допаѓања:
    14.562
    Пол:
    Женски
    Од матичниот што го имаме сум презадоволна. Едвај го најдовме пред околу 4 години, и солзи на очи ми идат дека уште следната недела го имаме и толку. Се надевам новата што ја најдовме ќе е исто супер и ќе имаме разбирање и со неа. Бев да ги пријавам децата, и некако така, со кнедла во грло. Калакурница, деца насекаде, гужва невидена, нема простор за колички, нема ниту лифт, болни, здрави, сѐ на куп, не се знае кој јаде кој пие.. и нејсе, нека е така, само да имаме разбирање со неа како со нашиот. Зема бе луѓе за малиот ми објаснува на велико за врзување на хемоглобин во матката и после, за структурата и различните аминокиселини... За физиолошка анемија кај бебиња... И дури ми се извинува што е детален.. јас пресреќна затоа што сум третирана како човек на доктор, некој ме почитува доволно да ми објасни, а не ме гледа како неук ауслендер и еве ти рецепт мрш..

    За клиники муабет да не правам. Кога беше ќерката помала и кога се мачевме да ја откриеме глупата стрептокока 3 месеци затоа што никој не сакаше брис да направи и ме правеа луда, добивме и упат на клиника за испитување за реуматска треска која обично е предизвикана од бетахемолитичен стрептокок. Одам директ од кај педијатарот на клиника, дете гори 40... Тие ми викаат ова само со термин, а прв термин е за месец и пол. Извинете, ама како така за месец и пол.. ? Зарем месец и пол ќе седи детево со 40?? Или после свадба тапани? Што ќе правите после месец и пол со (се надевам) здраво дете?

    И нормално, ништо не правеа. Пишаа извештај за што се дешавало пред месец и пол, и куцнаа картичка. Толку беше. Џабе од работа излегував и должев саати после.

    Со малиот ми даваат упат за соно на абдомен. За 2 месеци. За 2 месеци каши ќе јаде веќе мајку му, а со сомнеж е за рефлукс или стеноза.

    Во март годинава на итна навечер седев со ќерката со 40 температура и страшна уртикарија (не знаевме што е) а тие топломер немаа да измерат. И измерија. 40. И демек одете си сега. Дајте ибупрофен. Демек дома имате ли. До дома може 41 да крене. Ајде.. така со негодување. Па ако не спласнат отоци за 2 саати вратете се. Се враќаме.. и чекавме 3 саати да нѐ примат.. маж спиеше по клупите таму, јас трудна нозе отечени скроз, ќерката отоци во фаца, раце, нозе, очите подзатворени од отоци, башка цела осипана.. што сме дошле. Епа вие рековте. И ај пак со негодување друг сируп антихистаминик иако прими урбазон.

    Со малиот сега кога правеше месец завршивме на итна за сомнеж за кила на препони. 4 саати чекавме со 1 месечно бебе. И после уште да нѐ истепаа тие што го правеа ехото кога реков дека мојот педијатар рече да се направи и на абдомен.

    За после да завршиме пак со нов упат за ехо на абдомен, и да ми речат термин за 2 месеци.

    Господ да нѐ чува од лекари, ама кога треба да се оди ми е смрт. Да не зборувам колку се нељубезни.

    Мене ми е енигма моментот со - земање крв е трауматично демек за детето. Ама вакцините не се нели.
    Во еден ден по 2 боцкања а некогаш и 3.
    Е тоа не е трауматично нели. Дупли стандард или?

    Ок е што викате дека не треба да се даваат антибиотици за сѐнешто. Комплетно се согласувам. Ама не секој пат се работи за вирус, и некогаш е пофино да се почне терапија што побрзо, што некогаш тие три дена знаат да се пресудни и да доведат до чуда. Пример ако се работи за воспаление на уво - да развие апсцес.

    Тресење при висока температура е нормално. И ќерката ја имаат фаќано такви грозници. Модра уста, цела се тресе. Ибупрофен и разладувам малце, гледам да падне температурата и оставам да поспие за да симне. Во спиење качува, но во спиење со испиен антипиретик симнува.
    Никогаш не сум мотала во чаршав. Само сум ја туширала со млака вода, и после со мокра крпа сум ја разладувала на челото.

    Јас мислам дека МК и тука се крајност со крајност. А најповолно е да е некако на средина.
    Убаво вика @danichap нека прегледа, нека види дека не се ушите црвени, дека грлото не е премногу црвено и со гној, дека нема секрет на белите дробови.. и ондак ќе терам вирус со парацетамол и чист воздух. Ама нека види. Пред некое време ќе пишев и црп, ама се одвикнав дека е тоа опција тука. И ок, се задоволувам и со преглед. Што барем не можам да се жалам, секогаш го добиваме од нашиот педијатар.

    Финтата е драги мои, што почесто се работи за вирус и процентот на случаи со бактерија кај што требало да се реагира се многу помали од оние стандардните. Па тие се на некој начин жртви на системот. Ама системот е ок со тоа, затоа што се во мал број.
    Ама ако сум јас во тој број, е тогаш тоа за мене не е веќе статистика. Туку за мене лично е тоа 100%. Ама... Јебига.

    Истото е со прегледи во бременост и скрининзи. Ми се разјаснија работите. Финтата е како докторот да наплати од кранкенкасето, без при тоа да му се мрчи "дали нештото било стварно потребно".
    Штета што некогаш тоа некого многу го чини. Ама... тоа е.

    @danichap пиши како сте, ве мислам.

    Едит - извинете за офф.
     
    Последна измена: 12 декември 2019
    На kukla21, 24.07, emkaemka и 14 други им се допаѓа ова.
  6. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    17.257
    Допаѓања:
    166.129
    Овде висока температура не е итен случај. За итен случај т.е да те примат на итна, сметаат живото-загрозувачка ситуација. За возрасни ова.
    Лично преферирам да не носам дете на лекар за секоја температура, да не фати во чекална уште нешто. Ама на температура над 40 не би седела без лекар, 41 не е ама ич нормална температура.
     
    Последна измена: 12 декември 2019
    На M&M му/ѝ се допаѓа ова.
  7. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    15.999
    Допаѓања:
    279.388
    Излезе гнојна ангина женски.
    Извадија урина со катетар, испитуваа инфлуенса се добро...и докторката ај зеде да ја прегледа убаво грло/уши.
    Што да види...

    Чекам уште крвни анализи, од тоа на полноќ што И земаа.
    @Kaetana те сфаќам бидејќи сум минела низ истите тортура се сложувам со секој збор.
    Белким ќе мине побргу.
     
    На kukla21, 24.07, emkaemka и 17 други им се допаѓа ова.
  8. Alishan30

    Alishan30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јуни 2018
    Пораки:
    7.006
    Допаѓања:
    118.166
    Пол:
    Женски
    Секаде треба да е така, ама за жал не е
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.919
    Допаѓања:
    14.562
    Пол:
    Женски
    @danichap со соодветна терапија ќе мине. Важно е да се постави дијагноза.
    Со лесно и да помине побрзо!
    Не знам како третираат тука, баш пиши што ќе добиете како терапија.
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.213
    Пол:
    Женски
    Леле мајки кога ве читам за Германија и странство, ми се превртува желудник искрено. Може кај нас кај одредени доктори се тресат антибиотици од ракав, ама преглед се добива веднаш, особено како итен случај. Не можам да разберам зошто ете една крвна слика не даваат да се направи, од неа одма се гледа што е проблемот.

    @danichap ајде сега кога знаете што е, полесно е. Има соодветен третман, само жално што се намачи дете. Нека минува побрзо :hug:
     
    На emkaemka, M&M, duffi и 2 други им се допаѓа ова.
  11. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.388
    Допаѓања:
    34.213
    Пол:
    Женски
    Јас имам чекано на дежурен на детска со дете со температура 41.7 саат и нешто. И со право чекав, имаше дете со конвулзии кое имаше предност. Јас чекав во ходник, температурата во меѓувреме и спадна на 40, ја надгледуваше сестрата и ок е. Не се бунам. Се знае дека најитните имаат предност.
     
    На Coco31, gjoker4e, duffi и 2 други им се допаѓа ова.
  12. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.871
    Допаѓања:
    31.228
    Пол:
    Женски
    Леле хорор :( И јас сум на запад, во Шведска конкретно, ама овде не е до толку. Секогаш е чисто, дури и премногу, промаја не нѐ фатила до сега, персоналот бил генерално љубезен и пријателски настроен према нас, посебно према малиот..... Барем од досегашното искуство. Кога отидовме на итна во болница на 15 месеци кога беше, од старт нѐ ставија во одвоена чекална, кај што после дојдоа дечиња со слични симптоми како малиот. Првиот пат фрапирачки ми делуваше советот на педијатарката. Малиот имаше 40,8, бебе 15 месеци. На сред зима беше, ептен ладна беше зимата, кога одевме накај болница памтам -22 степени дека беше. После 5 саати чекање малиот и се освежи, и се измори, и мирно си спиеше, па се разбуди......температурата варираше, ама он беше генерално ок. Кога дојде докторката и објаснивме што е и како е, рече, вирус е, го гледам дека нема ништо, она што можам да ви го дадам како совет е да го расоблечете по боди и да го извадите на отворен прозор, во претходно изладена просторија. Изгледа го виде шокот што го предизвика и кај мене и кај мм, и рече, ок не мора директно на прозор ако ви е премногу, ама барем расоблечете го и отворете го прозорот во таа соба, мора да се разлади телото. Тука мм ја праша дали тоа нема да го пресече, дали не е подобро да го завиткаме и да се препоти па така да ја симне температурата.....тука таа се шокираше :D Кажа само дека од секогаш температурата се симнувала на тој начин што го кажа таа на овие простори конкретно, а за она што ние го кажавме подразмисли и рече дека не е сигурна дека секое дете би се препотило и би ја спуштило температурата, дека нема искуство со такво нешто и затоа не го препорачува затоплувањето во никој случај.
    Овде се чека исто многу, без разлика колку ни е итно нас, тие ги ставаат приоритетите на децата. Апсолутно почитувам ако треба и 10 деца пред мене преку ред да влезат, кое со скршеница, кое со астматичен или епилептичен напад, кое во полусвесна состојба.........ќе чекам, нека одат тие деца пред моето ако е подобар од нив. Конкретно овде се знае проблемот што е зошто се чека толку многу-недостаток на персонал, конкретно доктори. Тие 3 или 4 пати на итна во болница кога сме оделе имало само 1 доктор на цела итна детска :( Плус итни случаи ако дојдат во меѓувреме, а обавезно барем еден ќе се најде.......ете го чекањето 5 саати најмалку. Тоа е :| Не проверувале крвна слика, еднаш само црп, ама уши, гради, грло, тоа обавезно се проверувало. И како по правило буквално секој пат кога сме оделе на итна малиот после саат време седење таму станува подобар, симнува температура, живнува, си трчка по ходникот.....и нормално секогаш имало зачудени погледи од типот „зашто побогу дошле во итна, ништо не му е„.

    @danichap , штом веќе утврдиле што е проблемот, ќе се среди, ќе биде подобро за некој ден :hug:
     
    На Bozica1980, 24.07, emkaemka и 12 други им се допаѓа ова.
  13. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.252
    Допаѓања:
    124.605
    Гнојна ангина можеле у први 3 минути да видат и да дадат антибиотик. Доесга 24 саати се поминати, ќе почнеше да паѓа темп и да се ретчи. Значи какви се никакви.
     
    На babydust, Bridget, Sexybaby86 и 2 други им се допаѓа ова.
  14. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    17.890
    Допаѓања:
    223.727
    Пол:
    Женски
    Не е место за прашањево ама тука се разви дискусијата.
    Добро бе, им се случило ли така дете во ходник да им почине!? Одговара ли некој!?
    Што тогаш!?
    У најмала рака, грижа на совест!?
    Алооо 40 темп не е заебанција.
    Шо им е???
    Златни се нашиве..
     
    На Sexybaby86, Alishan30 и fana им се допаѓа ова.
  15. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.871
    Допаѓања:
    31.228
    Пол:
    Женски
    @LiliBoz , сигурно се случило. Не сум чула, не сум прочитала, ама верувам дека се случило, за жал секаде и секогаш се случува. За понесување одговорност..........можам со 100% сигурност да гарантирам дека некој сноси одговорност, сносат и за многу помали работи од ова. Само што мислам дека барем овде тешко може да се случи во ходник да им почине дете туку така. Ние кога сме чекале на итна во болница, секогаш имало неколку сестри што кружат околу децата во чекална, контролираат температура, даваат електролити и овошен сладолед ако има повраќање и температура кај некое дете, или барем одат до родителите прашуваат дали е сѐ во ред и дали им треба нешто.
    Не знам што да кажам........кај нас е отидено во една крајност, овде е во друга крајност...........сепак јас лично ја одбирам овдешната. Не е идеално, далеку е од тоа, ама сепак е подобро за мене.
     
    На Sexybaby86, M&M, Kaetana и 2 други им се допаѓа ова.
  16. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    17.890
    Допаѓања:
    223.727
    Пол:
    Женски
    Искрено од што ја имам читано дани за кај неа на мм коа му рекле за герм да раб не сум сакала баш ради ова..
     
    На green.eyes му/ѝ се допаѓа ова.
  17. t-sweet

    t-sweet Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    579
    Допаѓања:
    6.155
    Пол:
    Женски
    Незнам што да кажам:(.Летово и нас ни се деси страшно нешто.Бебе немаше ни 3м одеднаш качи тт. Викенд беше,преку ден тт имаше до 38 5 дадов парацетамол по препорака од педијатар.Вечерта пред да заспие мерам тт 36 8.Пие млеко и да заспие одеднаш почна да се тресе ,почна да помодрува.Мерам тт 40 8.Директно на клиника среќа преку ред не пуштија за преглед.Веднаш хосптализација.Одиме горе нема место.2часа држев бебе во раце во ходник додека најдоа место и тоа не на доенче на сосема друг спрат.Лежевме таму :( испадна ешерихија коли 1 :1 000 000.Среќа се добро се заврши со двојна антибиотска 10 дневна терапија.:sweat:
     
  18. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    15.757
    Допаѓања:
    72.675
    Пол:
    Женски
    Дали Аериус сирупот влијае на спиењето? Односно дали успива?
     
  19. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    17.890
    Допаѓања:
    223.727
    Пол:
    Женски
    Дааа. На син ми ептен му делуваше така.
     
  20. M&M

    M&M Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2015
    Пораки:
    5.915
    Допаѓања:
    135.514
    Пол:
    Женски
    Сите антихистамини успиваат кој помалку кој повеќе, затоа мислам се практикува навечер да се пие. За аериусот знам дека помалку успива на пр од летизен, барем кај мм така делува. Од летизен 2 дена не може да функционира а аериусот не го осеќа.
    @danichap се надевам дека е подобра малата, да не ја полниме темава ептен офтопик околу ѕоа како функционира здравството таму кај што си, ама се преплашив читајќи.
    Пиши кога ќе можеш како е :hug:
     
    На Sexybaby86, Kaetana, mal.ecka и 1 друга личност им се допаѓа ова.