@danichap само да ве гушнам и побрзо да поминува. Нема потешко нешто од болно дете. Туку јас сакав онака да прашам. Синко беше со мораксела, ама тогаш црп беше високо и испи доза панцеф. Ова беше пред три недели. Сега правевме контролни и пак ја има само што на резултатот пишува можно е да е дел од нормална микрофлора. Мислев ќе поминеме со локална терапија дека е само во носе, ама матичната е претпазлива заради неговата историја и инсистира атб - овој пат цефалексин кој е по антибиограм. Ова од причина што пак се раскашла од секрет. Ич не ми се дава атб, ама од друга страна не ми се ризикува. Штета што кај нас нема специјалист педијатар со искуство со деца со ваква историја. Ова уствари повеќе се пожалив од што е прашање зошто знам дека сепак ќе ја послушам зошто до сега не нема згрешено.
@danichap побрзо нека поминува. Добро е што испитале, ќе биде добро. Читам дека таму тешко се добива термин и испитување. Читам и дека тука во Македонија одма примаат итни случаи, ама моето искуство е спротивно и многу лошо. Големата кога беше бебе, со многу висока температура и постојано повраќање и пролив ја водеа како вирусче и повраќање од секрет. Детето дехидрира и се онесвести, па се смилуваа да стават инфузија и да направат испитување, па излезе дека е рота вирус. Малиот ми го оставија во чекална во болница Козле цели два саати за да фатат урина на лепенка, а детето со јако повраќање и пролив, со висока температура и омалаксано. За после цели два саати во чекална со промаја итно да го примат и цели 9 дена да го опоравуваат. И пошто немаа реагенси, никогаш не дознав каков стомачен вирус закачи. После два месеци закачи пневмонија а ми го водеа прво како вирусче, па оток во уво и црвено грло за на крај да искочи страшна пневмонија што сакаа да ја третираат дома и да ми се дерат буквално зошто сум отишла после полноќ со 40 температура. И после два дена третирање дома го однесов, па ме направија паничарка и нестрплива, па после прием во болница испадна дека црп-то е до плафон и добро било што сум прифатила да останеме, тоа било за болничко третирање. Еднаш сестра во ходник на клиника од ракав извади дека детето ми има рота вирус, а по крвната слика искочи обичен стомачен. Дека даваат антибиотици од ракав даваат некои, ама дека и тука не е сјајно, ама ич не е.
Секоја бактерија може да ја има и да значи нормална микрофл. Тоа значи асимптоматска, и не треба терапија. Ама јас сепак би послушала доктор. На мојов од мораксела минатава недела му се воспало уво, додека претходно асимптоматски ја поминуваше.
После долго време ми ја преспа ноќта без да претне и преку ден на секое заспиваше, нз зашто толку и преку ден да и делува.. неможев да ја расонам, ја разбудија ја, она премести се на друго место и заспи си (заспа на маса, на тепих, на скали во ходник). Обично не е ваква спанка и за сек се расонува. Ова од кола чим ја земав заспана и не стана мора да е од сирупот... Ок е ваква појава? Зашто ке треба подолго да го пие...
Мојата со мораксела и стрептокока во нос имаше мирно црп. Мирно црп значи дека нема моментално жариште, односно дека нема инфекција... А носител на бактерија и без симптоми и инфекција може да биде.
Мамички ај хелп, 7 дена адвантан користевме стана мн црвено а сеа флугоцид ставам 2 дена и вакво е. Шо моѓе да биде чекам резултат од брис ама мн ме плаши Спојлер
Сеа кај матичната ја однесов само што ја виде рече пеленски дерматит. Ми даде џинџер спреј да ставам и во меѓувреме треба и резултатите од брисевите да излезат.
Секако дека е пеленски дерматит, и голема е шансата да е габично предизвикан. Ајде, ќе видите од брисевите, добра е џинџирата.