Излезе дека има бактерија душичка па на сета таа само шо си дојдовме од и температура качи. Ни дадоа камилица и ациди борици на 2 саата јакодерм да мачкам со мустела шампон да мијам и рече др дека ќе се смири. Веќе душа немам колку мн ја боли како жално плаче
А да миеш без шампон? Само одмивање со камилица? Од мустела овде што имам прочитано, противречни искуства. А, @Annath ?
Специјалист дерматолог ми го кажа тоа затоа и купив ама 1 во денот, и на секое ациди борици и камилица и јакодерм
Не знам за Мустела, ама медицинска козметика е, за вакви намени, па би требало да помогне. А за бактеријата, не ви дадоа антибиотик да третирате? Да не е од урината @pianogirl? Ако е возможно, да се направи уринокултура, ама мислам дека ќе биде тешко изводливо, оти урина се зема со ќеси, а примерокот може да се контаминира.
Мене малце ми е нејасно зашо не оделе со белогент докториве, зашо да не помине за некој ден.. Ама ај..
Ако има бактерија, на твое место би инсистирала на антибиотик. Веќе има осип плус и температура, доволно јаки и издржани причини за да се препише терапија.
Од мое искуство мораксела не лечевме, дел била од нормална флора, после брисот некое време почна да кашла ама пак моракселата не ја ставија како причина, не знам дали почнавте антибиотик, ама да пробате со инхалации или сируп за кашлање, односно за искашлување а не за смирување на кашлица. Јас од неколку доктори во Систина сум задоволна за тоа како пристапуваат за лечење на кашлици/пропратни бактерии и слично, стално антибиотик е последна опција
Заборавив да додадам и плус маст стсвам 3 паѕи на ден афлодерм. Матичната ми рече според резултатите сите антибиотици шо се мала е не смее дс ги прима. А овие работи ми беа од специјалист дерматолог и тоа мн ценет добар препишани така да не верувам дека грешка лекарства ми дал, не знам веќе што да мислам
Проблемот е што е опериран од срце и мора попретпазливо кај него со инфекции кои можат да удрат на срце. Ова беше препорака и од кардиологот. Не е дека не сум задоволна од матичната. Она си кажува да е било кое друго дете за ова не би дала атб. Затоа реков повеќе да си се пожалам беше работава, не дека се двоумам.
Ние не рековме дека ова што ти го дале не е добро. Туку дека нема антибиотик, а треба да има. Која возраст е ?
Со што ти рекле, со тоа мачкај и така прави! Се надевам дека и веќе има подобрување Колкави сте? Која уринарна ја има и како ќе ја лечите? Уште има темп. ?
Убаво си пиша дека имате историја ама не ја знаев, а некогаш превентивно е посигурно да се делува. Јас еве за многу работи не и верувам на матичната, не дека греши/нема искуство и слично, напротив е многу добра докторка, но, повеќе сакам преглед и совет од доктор што работи во болница, каде секојдневно лечат вистински болни дечиња, малку звучи сурово да се каже така за тие деца ама не знам како поинаку да се изразам. Амбулантскиве доктори често ми кревале раменици или кревале паника. Можеби си имаш многу подобро искуство со матични ама пак би рекла ако веќе не си сигурна некогаш да си побараш некој доктор од болница кој ќе ве води низ вакви ситуации
Затоa пред да дадете совет, подобро е да размислите. Особено кога се советува да не се постапува според упатствата на лекарот. А вакви совети тука многу лесно се делат Инаку, мислам дека имаме иста матична со @Ano Јас сум доста задоволна од неа, до сега само еднаш ни има дадено погрешен (послаб) антибиотик, во сите други случаи дијагнозата и проценката и биле точни
Значи никој не и рече на членката да даде нешо шо не и рекле. Патем ете и дале кортико само испуштила да пише. Не драматизирајте.