Итно! Прашања за здравјето на децата

Дискусија во 'Дете' започната од RainBow, 29 декември 2018.

  1. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.906
    Допаѓања:
    203.125
    Пол:
    Женски
    Јас па не се сложувам за тоа дека лекарите во болница даваат поточни дијагнози и соодветна терапија. Матичниот педијатар кој ги води децата треба да ги познава и да знае како дишат тие деца. На клиника и во Козле два пати сум била, по еднаш за секое дете. И двата пати утната терапија, особено во доза, што и тоа како имаше негативен ефект кај големото дете. Повеќе и верувам на матичната што ми ги води децата, и искрено, само неа ја слушам.
     
    На Kaetana и Chantal им се допаѓа ова.
  2. pianogirl

    pianogirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2018
    Пораки:
    731
    Допаѓања:
    971
    Пол:
    Женски
    Ај шо има температура туку и сипаници изби варичела, душа моја, или плаче или спие трето нема. Не сака ништо да јаде да пие фала му на Господ барем цица да не дехидрира. Ајде у понеделник сѓе на контрола па ќе видиме што ќе кажат. А урина уште не испитавме не можев со ќесичката
     
  3. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.906
    Допаѓања:
    203.125
    Пол:
    Женски
    Температурата е од сипаниците, веројатно и долу е осипот. На препони, зад уши, под мишки, на главата е најизразен. Ако сакаш земете урина за уринокултура, ама можеби нема потреба да малтретираш дете. Со лесно да ги помине!
     
  4. pianogirl

    pianogirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2018
    Пораки:
    731
    Допаѓања:
    971
    Пол:
    Женски
    Фала ти ане. Докторката ме советува да ја ставам во нокшир и кога ќе се иџмочка да ја соберам мокрачата во стерилна чаша. А сеа ме збунивте за афлодермот антибиотик ли е или не е и што е кортико
     
  5. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.906
    Допаѓања:
    203.125
    Пол:
    Женски
    Афлодерм е кортикостероид, се дава за да ги исчисти промените и да не чеша, ама тој е еден од најслабите кортико креми. Не е антибиотик, не делува на бактерии, само ја спречува реакцијата на кожата. Можно е осипот да е од сипаниците, кремата ќе го смири и нема да чеша.
     
    На duffi, Lolipop23 и fana им се допаѓа ова.
  6. mareane

    mareane Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    9.290
    Допаѓања:
    278.050
    Пол:
    Женски
    За вакви осипи кај моите најмногу делуваше декотал крем.И тој е кортико ама ваљда е појак и мене за многу осипи ми помогнал.Големата и на лице ја имам мачкано со него.
     
    На Sandrin4 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. wannaBeMomma

    wannaBeMomma Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 декември 2013
    Пораки:
    8.128
    Допаѓања:
    40.344
    Декоталот и мене ми е најделотворен
     
    На mareane му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Sandrin4

    Sandrin4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2018
    Пораки:
    1.409
    Допаѓања:
    6.197
    Пол:
    Женски
    И мене ме спаси декоталот за детево
     
    На mareane му/ѝ се допаѓа ова.
  9. momomo

    momomo Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2012
    Пораки:
    296
    Допаѓања:
    41
    Мајки на малата 4 год е почесто почна да и тече крв од носето незнам што е работава бевме денес крвна слика правевме и црп беа добри , ќе ја носам за носето во понеделник да ја види доктор но пак ме загрижува што е работава , дали имал некој искуство ?
     
  10. momomo

    momomo Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2012
    Пораки:
    296
    Допаѓања:
    41
    Еве во моментов пак и потече а спиеше душиче , стана мислев и тече носот викам да ти го издувам мама но видов пак крв, не е многу количински но сепак сум загрижена?? и како се постапува кога тече крв од носот , јас ја легнувам но некаде видов дека не требало ??
     
  11. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.301
    Пол:
    Женски
    Не ја легнувај, така си ја голта згрутчената крв и не е воопшто пријатно. Кога ќе и потече стави и фишек (замотана тоалетна хартија) во носот и оставете нека тече додека не коагулира, а по потреба менувајте го фишекот.
    Мене како дете многу ми течеше крв од носот. Кога велам многу, мислам на буквално секој ден и тоа обилно, како чешма. Правевме испитувања, параметрите на крвта беа добри (немав многу јака крв, некои велат и тогаш знае да тече од нос), а на оториноларинголог ми кажаа дека сум имала слаби носни капилари па затоа толку често пукале. Ми ги гореа 3 пати, во различни периоди, но ефектот беше краткотраен, односно по некое време пак ќе почнеше да ми тече.
    Тоа траеше со години, од ептен мала па до средно, периодично, не паметам кога исчезна, не направивме ништо посебно да исчезне, едноставно престана само од себе.
    Видете што ќе ви каже ринологот, најчесто оваа појава е безопасна, плус да имало нешто ќе покажело на крвната слика, така што не си прави лоши сценарија. (fingers)
    Пиши што ќе ти кажат.
     
    На 24.07, duffi, Alishan30 и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.906
    Допаѓања:
    203.125
    Пол:
    Женски
    Малиот ми е таков, не секојдневно, ама ако се удри, макар и со мека играчка или го чепка носот малку повеќе, му тече крв. Неколку пати од нигде никаде ноќе знае во спиење да потече и да се направи лом. А навечер тоа да те разбуди од спиење, богами не е баш сеедно. Го мијам со ладна вода, однадвор ставам марамче со ладна вода натопено, во носот фишеци од хартија, чекам да престане и не му давам да легне, го држам со главата нанапред.
    Слаби капилари се во прашање, не правев никакви испитувања, мм бил таков како дете. Подоцна му престанало само од себе.
    Матичната советуваше повеќе витамин ц и кога користиме капки за нос (кога имаме потреба), да бидат со хијалуронска киселина, такви се Мералис ХА. Има детски и за возрасни. И ќе чекаме да порасне, да го премачкаат со некоја течност да ги изгори капиларите. Моево е три години.
     
    На duffi, Alishan30 и momomo им се допаѓа ова.
  13. momomo

    momomo Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2012
    Пораки:
    296
    Допаѓања:
    41
    Фала ви мили, ми олесни
     
  14. Autumn_

    Autumn_ Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    892
    Допаѓања:
    2.504
    Пол:
    Женски
    Мислев на доктор со кој се консултирам за се во врска со детето а работи во болница, и редовни прегледи и прегледи кога е болно, а не инцидентно кога ќе се отиде во болница. Тој доктор го познава исто колку матичната или малку повеќе. Тие доктори работат со болни деца и сметам дека пореално можат да ја согледаат клиничката слика на детето, затоа и матичен ќе ве испрати во болница ако смета дека детето е за болничко лекување или барем преглед
     
  15. Autumn_

    Autumn_ Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    892
    Допаѓања:
    2.504
    Пол:
    Женски
    Совет за консултација со уште еден доктор а не да не се послуша матичен е различно, и е расмислен совет, особено кога веќе се работи за дете кое поминало операција, кажав каков став имам за матичен педијатар - редовни контроли и лесно болно дете, ама за посериозни работи секогаш се консултирам со специјалист од областа, а колку ситуацијата за консултирање со втор доктор си знае подобро мајката, а јас само дадов совет. Така да, без скокање
     
  16. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.906
    Допаѓања:
    203.125
    Пол:
    Женски
    Ако имаш таков доктор, во ред. И јас имам во фамилија педијатар, и неа ја слушам и и' верувам како на матичната, а работи во болница. Ама не ми е во ист град.
     
  17. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.951
    Допаѓања:
    36.957
    Пол:
    Женски
    Ај препрочитај си го постот. Не советуваш консултација со уште еден лекар, ја советуваш да не почнува атб, туку да проба со инхалации. Затоа и изреагирав ;)
     
  18. Autumn_

    Autumn_ Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    892
    Допаѓања:
    2.504
    Пол:
    Женски
    Ама се дообјаснив кога мајката ми кажа каква историја имаат, со право реагираш за такви совети ама не беше мојата намера таква
     
  19. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.711
    Допаѓања:
    76.992
    Пол:
    Женски
    И мене како мала многу ми течеше крв од нос. Малку да се чукнев по нос одма ми течеше, а особено ми течеше летно време на сонце и навечер кога спиев. И истото како на Лолипоп, слаби капилари, накај 14г тек ми се среди. Легната не затоа што така низ грло оди крвта најубаво исправена и од таа страна кај што тече да се држи некое време нежно притиснато. Види кога тече да не е претоплена, на топло повеќе пукаат капиларите.
     
    На Lolipop23 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Lejlaah

    Lejlaah Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2018
    Пораки:
    555
    Допаѓања:
    1.100
    Пол:
    Женски
    Не знам каде да го поставам ова прашање се извинувам . Не видов добро ни дали има тема ваква . Моето синче има 1.7 м. Пред 3 дена почна да се чеше долу. Нејќе памперс бега коа тргам да го облакам . А вејќе сабајлето му имаше бела течност густа без мирис и набубрено му беше . Што да правам има ли некоја мајка искуство што може да е ?Се извинувам