@Lejlaah инфицирано е веројатно , лекар да го види. Ќе даде терапија и ќе го доотвори ако има потреба. Го пече кога мочка , па не дава пелена.
Баланитис најверојатно. Инфекција. На лекар одма! На моево му дадоа антибиотик, плус препорака за купки од камилица. Да го седнеш голо во кадичка со вода и чај од камилица поконцентриран, да му го покрива куренцето, ќе излезе се што е насобрано внатре.
Летото пред една година го поминавме, без температура, само со оток. И плачеше многу, на дежурен го носев, дека празник, на детска хирургија и тоа.
Совет мајки Големава е со тт од петокот. Давам комбинација Блокмакс и Далерон Од вчера почна на секое пиење сируп да се чеша на ноџињата и тоа чешање до крв. И за едниот и за другиот е исто Што да правам?
Да посетиш лекар затоа што веќе долго време имате температура. За чешањето, дај малку сирупче за алергија. Со лесно мајка.
Бевме на лекар, вирус е. И дадов синоќа за алергија лек. Се надевам ќе помине за брзо. Еве и малава вечерва пак качи. Пинг понг си прават
@fana се смири кешањето ама па не сакам и тоа да и давам. Мислев дали освен тие два сирупи има нешто друго што не би и правело вака. @Biljarkata има како да ја каснал комарец, баш тогаш се појавува, ќе ги снема по сирупот па пан нареден пат се појавуваат
Алергија на антипиретик? Ако е вирус за три дена би требало да помине, ако трае и утре би се замислила околу дијагнозата. И не може истиот вирус да ги повторува во круг. Многу чудно. Се изнамачивте, душички
Од вирус температура може да трае до седум дена. Така што, може да е вирус. Мада и мене ми оди паметот на стрептококна инфекција. Алергија на антипиретик може да се јави, како и на секој друг лек. Четири пати во 24 часа може да се даде парацетамол, три пати бруфен. Ако е надминато тоа, може да се јават реакции како чешање и осип.
На крај најверојатно ќе излезе таа Пиогенис бактеријата што предизвику а Шарлах. Малово синоќа пак крена тт, денеска со осип по цело тело, препони лом. Правевме брис, чекаме резултати ама леукоцитите беа 25 и ни дадоа Оспен. Од првата доза на Оспенот отече во лицето, едното око скроз и се затвори, со трчање отидовме во Систина, ни сменија Макропен и Авил 3 пати дневно 5 дена. Големава пак качи тт денеска. Кај нејзе леу се мирни, 7. Ама и неа и земавме брис од нос и грло. Едните ги чекаме утре другите задутре. Душа немам веќе ама ако ви се верува се израдував кога видов високи леу кај бебево оти знаев дека ќе дадат антибиотик. Вака со ниски леукоцити се измачивме со недели. Фала на одговорите девојки
@EuHenIa ако едното има шарлах, веројатно и другото има шарлах. Страшно е преносно кај мали деца и ич не е наивно.