Aбе поминува ама треба терапија, без терапија е опасно. Не разбрав дали на двете им дале атб, затоа пишав. Инаку со терапија поминува брзо и без последици. Ние после 10 дена терапија имавме чист брис од грло.
Не мора да значи дека двете ќе имаат шарлах...битен е имунитетот. Двете може да имаат стрептокока пиогенис, една само да развие шарлах. Кај син ми во градинка само едно дете имаше шарлах, а постојано беше во контакт со другите. Ниедно друго не го разви тој облик на стрептококна инфекција.
На малата и дадоа Макропен а на големава уште не. Чекаат рез од брисеви. Мада јас сум на ниет да и дадам Оспен на своја рака оти детево ми е 4 дена со тт. Нема осип, нема други симптоми ама ако малава има, а заедно спијат во еден кревет, нема шанса она да нема
А болка во грло? Доктор би требало да познае да му се сневиди, таков јазик, такво грло... Кога ќе имате резултати?
Ако доктор што ги прегледал не може да даде терапија без брис, ние на форум ич не сме меродавни Барем јас не сум.
Во правп си. Еве за едново дадоа ама на тоа дека има високи леукоцити, за другово уште како вирус го водат. Ајде ќе видиме, само се надевам дека до сабота ќе се опорават, оти викенд, сама, маж оди за Бугарија 3 дена, ќе побудалам
Ме замисливте за Баланитис... И кај мојот двапати се има случено на гаќичките да забележам бело како урда,многу малку,ама не се замислив бидејќи се нема пожалено ни на болка ни на печење или чешање долу. Редовно му го отварам за да го измијам и внатре,немам забележано ништо невообичаено. Баш и многу антибиотици претходно примаше,мислам од нив е така.
Баланитис може да се јави од различни причини, не мора да е затворено куренцето, може и целосно да е отворено, па пак да се појави. Тоа е најчесто стафилококна инфекција. Курето отекува во буквална смисла, дуплирано е, црвено е, не се отвора никако, и многу боли. Тоа што си го приметила кај твоето е најверојатно од антибиотиците што ги примал. Ако не плаче, нема оток, не е тоа. Верувај ми, ќе забележиш.
Не му е воопшто отворено,пропуст направив.Меѓутоа редовно го отварам да го чистам,немам забележано црвенило и оток,ниту пак тој се жали на нешто.
Сигурно има собрано под кожата. Зошто не го отворите на лекар? На син ми му беше до пола, излегуваа топчиња бели. Не се воспали. Кога отидовме да му го отворат тоа што го имаше внатре беше страшно
Се каниме на таа процедура,болно било многу и неможеме да се решиме никако.А знам дека мора,ете само да се решиме да не чекаме беља да стане. Успат да прашам,изгледа стомачен закачивме од синоќа ми е со температура и повраќање.Да носам на лекар или? И какви се тие капки против повраќање знае некој? Ако одам кај матичниов одма ќе го уклучи на инфузија со се антибиотик,за недајбоже.
Оди дур може (ако може) да се отвори без оперативен зафат. У спротивно бетер е болно.. А за другово хип орс обавезно земи си. Се друго е џабе. Стомачен функционира така што што и да внесе дур не извади се од стомак џабе даваш.
Тука сте ми најактивни па да прашам нешто. Малава, иначе 8 и пол има јадеше риба и се жали дека во грлото и стоело коска. Ја осеќа при голтање. И дадов банана, сега лимон ќе цедам да видам дали ќе помогне. Друго нешто во ваков случај знаете ли, има место за паника да фаќам лекар или може да мине?