И дадов малку и тоа изеде, после па прочитав не се давало да не ја скршело коската на уште поситни само. И ај сега. Ќе почекам па ако не мине на лекар ќе одиме.
Лепче со корка. Така нас ни давале како деца кога сме биле. И до ден денес кога ќе ни застане коска од риба на грло само со корка.
Дава ли да видиш во грло? Најчесто на крајник се закачуваат и се гледаат па можеш со пинцета да ја извадиш.
Па да, подолу е, заборава може пола час-час ќе се заигра нешто и после ќе рече дека и пречи и и стои. Не знам дал да ја носам на лекар или до утре да почекам.
Искрено не знам што да те советувам, голема е веројатноста сама да се откачи, давај нешто поцврсто да јаде, двопек, бејк ролс и сл... а измеѓу нека пие течности... ако не бива одете на лекар, секако мора на итна, матичната не верувам дека ќе може да го извади.
Добро, шо може да е ова сега? Цел грб и е со флеки Секоја флека е исполнета со ситни проѕирни точки ко бубиљици, над 10тина може ги има
Колку што знам не Сипаницитете не се само по една бубуљичка ко меурче? Дека овие не се такви Туку ситни ситни, по 10-15 на една флека
Само на грбот,да. Ја избришав сликата не знам дали ја виде.. Прашок и омекнувач користам ист цел месец скоро, не сум приметила до сега вака. Прв пат јадеше зелка салата денес, не знам дали да го поврзам тоа со ова
Од зелката не е, барем не е позната како алерген, нема логика ни од зачините да е. Следи и види дали ќе се изгубат или ќе се рашират. Кај син ми вака се правеа лишаи кога дерматитот му беше во акутна фаза. Се чешаше ептен. Немала атопичен дерматит, нели?
Па до сега не, ама од пред 10тина приметив на образите од ладното и се правеа мали црвени кругови, ја мачкав Мустела колд крем и уште толку поцрвенуваше, се ширеше и беше ко лишај.
Можи и од ладно, да. Следи ситуација. Може да намачкаш нешто, ама поарно да оставиш така, да не се влоши, оти не се знае за сигурно што е и од што се направило. Многу се зезнати вакви кожни промени. Не си никогаш сигурен од што може да бидат, нема ништо типично во денешно време.
Женски, не знам каде да пишам на форумов , сега пред 10 минути не извади од памет ќерка ми. Јас спиев и оддеднаш слушам трчање , гледам ќерка ми ја нема. Ја гледам седи во др соба на каучот со отворени очи и мм ја прашува , што ти е , добра си , зошто оддеднаш така дојде боса.. а оваа на одговара ништо по некоја минута почна да одговара што , да добра сум ама она како поспано. Ова месечарење е? Многу се потресов , сега ја вративме назад спие , ми е страв пак да не се случи.