Јас имам таму одено и немам убаво искуство. Докторот успеа да ме праша кај работам,кој го чува детето и зашто тоа не се баба и дедо. Направи преглед,ама повеќе праеше муабет за други работи. Имам чуство дека од ракав ми го лупна панцефот(бидејчи сите др антибиотици ги имаше испено и не дејствуваа).И ми препиша миљон капки и спрејови што немаше потреба. Мислам дека одиме кај истиот педијатар, и кај овој ги препраќа пациентите најчесто зашо иде преку фонд со упат. Ама има многу подобри ОРЛ него овој. Ако ти треба добар ОРЛ,мој совет од лично искуство е Др.Мери. Со лесно.
Јас ја носев таму малата на прегледи.Прво пред скоро две години и лани пак.Не сум нешто посебно задоволна.Ја носев и кај Мери, она посумља на трет крајник, па пак се вратив ваму и ми вика можно е...и се отрувме со антибиотици.На крај се изнервирав и кај Лазаревски во Систина ја однесов и решив проблем.
Бевме за воспаление на уво. Не сум пресреќна. Иако даде лек ко што помогна толку ме избуни, паника ме мавна. Прво спреми се За сестрата. Или е за никаде или префина. Знам дека ќе те изнервира. После земавме антибиотик, и пак беше со темп 40 2 дена. Одиме у понеделник и кажуваме дека 12 саати нема темп и вика Ај крвна слика. Правиме и на маил пратиме, аууу црп 25 дојде да ви сменам антибиотик утре. На матичен праќам рез вика топ сте пијте антибиотик. Одам сабајлето кај овој, у паника, Он вика едно матичен друго, Он спец за уво а на другиот му веруам. Одам пак на спец, викам рековте да дојдам за да смените антибиотик. Вика ааа епа чим нема од неделата темп не треба. Прими се со резерва.
Значи да си барам со време упат за кај Шалиќ и да не му верувам нс овој многу многу. Гого па вика арен е.
Извинете што се убацувам ама моја препорака за оториноларинголог е Др.Цекич.Не знам дали некоја од вас била досега кај него ама јас сум презадоволна. Уште од мала одам кај него бидејќи често пати имав проблеми со ушите и секогаш ми давал соодветна терапија. Малку личи вообразен, но е многу добар во својата струка. @AngelOfArh
Да ти кажам искрено се изненадив. Многу фин пристап. Е сеа моево што урлаше, што се дереше, се, ама тоа е. Докторот фин, се супер, ми даде спрееви едни, ќе прскам па ќе видиме. Што знам, мене не ми делуваше лошо.
Мајки ми треба итно совет Бевме на лекар ништо не ни кажаа ни дадоа сируп за алергија и течна пудра Керка ми се исипа пред 2часа флеки големи црвени и низ нив како бели точки, прво помислив на сипаница но рекоа не е дека е можно да е некоја алергија А мене пусти страв да не е од апчињата за коагулацијата, никој не ми кажува велат ние не можеме ништо да кажеме мора трансфузиолог А несмеам на своја рака да ги прекинам Попладнево испи 2филџани јогурт па помислив да не е можно и ид него да е А има во упатството и нус појави исип по кожата и чешање Никако да се намали се повеке и се шири
Мораш да се јавиш на трансфузиолог. Или на дежурен оди. Сепак е деликатна ситуација и не знам дали тука може да ти помогне некој.
Абе у кола у Скопје, ова не е за дома седење. Извини, нејќам да те паничам ама многу е исфрлана. Мене ова не ми личи на сипаница, туку на алергија. Ама мора на трансфузиолог.
Алергија, веднаш јави го на лекар.ќе консултираат и трансфузиолог ако треба. Не чекајте вака-уртики се ова. Може да се шират и да се спојат меѓусебно да станат поголеми.
Алергија е. Јас имам вакви пликови ма да мноогу поголеми кога ќе се исфрлам. Одете на лекар и ќе се среди.
дефинитивно алергија. Барај друг доктор второ трето мислење алерготест обавезно или евентуално да ти најдат замена за лековите кои ги пие. Не смее вака. Јас од заб се нафрлив исто олку На двете раце нозе и стомак матичната се уплаши ко ме виде рече вечерва пробај со апчиња против алергија и шумливи калциум со вита ц утре на контрола обавезно рано. Ако нема повлекување инекции и инфузии. Исто ми рече веднаш да прекинам со исхрана од животинско потекло. Дополнително ја влошува состојбата
Да.Плус ќе ја успие нема да се чеша. Стави и ладни облоги ако ја чешаат.Јас на неколку наврати имав огромни пликови и само така се смируваа
Знам срц... Но еве и ти кажи и не е за дома. Јас на своја рака не би дала лоратадин кога зима лек за крв.