Мајки, колку време може да трае стомачен вирус? Нормално ли е од вторник навечер сме со тт до 39, некогаш и повеќе. Давав далерон, сега блокмакс, 7-8 саати се спушта докај 37 и пак качува.. КС, ЦРП ~26, благо покачени гранулоцити, брисеви од грло и нос чисти.Црвено грло, докторката ни даде оспен. Класичен пролив нема, но се што ке стави во уста, веднаш брзо, во неколку наврати го кака течно..пробавме со диолин, препишан од доктор,многу тешко го поднесе, тој ден повракаше многу..пробувам и со други електролити, ама не ги сака, едвај и ги кријам во вода по малку, во млеко.. Температурата ме загрижува. Првпат има стомачен вирус и незнам дали е нормално толку долго да трае? П.с каде ги носите децата на лекар во сабота, недела (Скопје)? На клинка, на детско работат регуларно?
А имате или не стомачен? Тт е веројатно од грлото а проливчето од антибиотикот. На нас така ни реагира Амоксиклавот, пролив и повраќање, без оглед на тоа што давам пробиотик.
Ситуацијата е таква уште пред да почнам со антибиотик, така да, да - има стомачен вирус и има црвено грло..и како што кажав, бев на доктор и се што користам е препишано и кажано од доктор.. Она што ме загрижува е дека трае еве 4 вечери, без промена и ми требаше мислење дали сте имале такво искуство..со оглед дека е викенд, дали да одам по доктори пак или ова е очекувана состојба
Не следам, ама вирус е или бактериски. Ако е вирус џабе пие антибиотик, ако е бактериски ок. Црвено грло не се лечи само со антибиотик. Иначе од вирус може тт о една недела да седи, и после осип да избиете. А мене на вирус ми личи од муабетот.
Ангел те читав за експулмо маст, не сум користела никогаш. Дали е нешто слично како Викс на времето нас што не мачкаа? Се дава по препорака на доктор? Горе доле малово е затнато како е почната зимава, чат пат поткашлува, ама со оглед на нејзината историја на разболување се што може да превенира во рана фаза на настинка ми е добредојдено, ама пак од друга страна ми е страв да експериментирам.
Јас го имам како маст е мрсно, зелена боја е, мачкав под носето ама шо знам, немаше голем ефект, малку можи опушта.
Да ММ слична е . Загрева и може да помогне за опуштање на дишните патишта. Океј е за настинки. Ако нема Т може да мачкаш. Можеш да пробаш и Спиранто лепенките осто и они се за затнато.
Да како викс, само се за бебиња бидејќи нема во себе ментол и еукалиптус што не е препорачливо за мали бебиња. Мене со истиот ефект Мукоплант не ми помогна, ова да. Вчера мали беше скроз затнат и кашлаше, го намачкав, го стуткав, заспа и стана ново дете, еве го денес нема ни мрсулче.
Мајки малава имаше многу опасни напади на кашлица и 10тина дена беше на Аериус и беше океј. Дека се беше во ред (крвна слика, грло, нос) матичната рече да даваме 10 дена за да видиме дали ке смири и смири. Сега не давам веќе неколку дена и од вчера пак почна да кашла, сега веќе пак опасно... не може да спие, станува кашла кашла кашла неможе да се соземе... чудна длабока кашлица (онаа кучешка што ја викаат). Дадов сама сега аеирус пак за да видам дали ке се смири. На што може да е алергична? Што има периодов што може да смета???
Од загадениот воздух или може нешто од дома да е. Види смени перница, јорганче, па ако треба и душек. Надвор обавезно со маска. Ние истото го поминавме со големата, сѐ додека не исфрлив плишани играчки, па сфатив дека и тоа дополнително ѝ прави проблем.
Меѓу другото, може и на прашина, волна, некој вид синтетика..... Брат на најдобра другарка е алергичен на се ова.
Леле ништо друго не сака освен тие плишани мечиња И кебето и е плишано.. Ама спие со него од бебе, а кашлициве се од пред месец дена Прашак немам сменето, прашина ем ја бришам, ем чистачка ми доаѓа еднаш у неделата... И плус пуштам и прочистувач чатпат. Нешто од надвор? Се мислам од влага да не е...
Теписите ми се волнени, ама па ке и сметаа одамна.. ова месец дена ваква кашлица ја фаќа... Баш од кога залади повеќе