Уф не, на Железарско парно сме Дури и сув може да е воздухот... Па од сув воздух да не и е Ама прави и шлајмови, опструкции... Заспа едвај во 10ипол, во 11 стана од многу кашлање и и дадов сируп. 11 и 20 пак заспа и спие 10мин сега ама пак буфта ептен...
Од сув воздух може да има кашлица, ама опструкции, не верувам. За секој случај провери да не има влага или мувла на ѕидот кај креветот што спие. Штом се смирува со аериус, голема е веројатноста да е алергија.
Нема... Еве ја пак се дави од кашлање, дури на моменти како нит да зима, нит да пушта воздух и се стега на плуќа и испушта звук некој и зима малку воздух едвај и пак кашла многу Ако не се смири, ке ја носам до Козле..
Не пишувај овде, носи дете ОДМА. После ќе ни пишеш што се случило, ќе измерат оксигенација, ќе видат таму.
Само крвна слика и направија, што укажувала на вирус. Само чудна терапија ни даде докторката, па ке ја носам денес и кај матичната. Битно нема на плуќа.. но уште многу кашла...
Три дена не маткаат на клиника за осип... Варичела е, не е... Не е карактеристичен осипот, ма да почна со ред, прво на вратчето, околу пазувите, има и во главата, но нема везикули или меурчиња со водичка. Можно ли е варичелата да се јави и во ваков облик. Сега од инфективно не пратија на кожно и ни дадоа сируп за алергија. Незнам воопшто дали да и го давам. Уште чекаме преглед на кожно, ама веќе немам трпение.
А зошто не си направите сами тест во авицена ќе покаже одма дали е Или не е варичела. Акајќи по клиники ќе закачите други работи.
Убаво ви пиша @kikin најарно да проверите преку крв, ќе се види дали е варичела. Во денешно време кога се е толку измутирано, не би ме чудело да има и нетипични форми на одредени болести.
На кожно сега ни рекоа дека е варичела, детето имало силен имунитет и неможе убаво да избие осипот... Тоа беше објаснувањето на докторката Денес сме многу уморни, утре обавезно одам во Авицена.
Ај ја прегледа, нема на плуќа, крвна слика обична и направи и рече вирус е. Ама Риностоп сируп за 2г?? Тоа и препиша... Отвори на нет упатство читаше и вика мала е, ама давај и 2.5мл и викам а не е подобро инхалација? Дека она обично слева мрсули у грло, не и течел носот никогаш... затната била ама наназад и се слева се, па затоа толку се дави во мрсулите, секрет. Епа ај вика и инхалација правете со пулмикорт или декзасон... или или сеа и ај испадна пулмикорт на крај 1мл со 1мл физиолошки. Ке одам после кај матичната да видам што ке рече.