Пред месец ипол нит јадеше нит ништо, а симптоми други немаше... 2 дена дете не јадеше, кога стана од спиење 3ти ден од уво секрет тон истечено имаше.. косата залепена дури, жолто, мокро.. ја однесов на лекар и матичната што да види, воспалено увото леле мајко... и баш се чудеше како немала температура на тоа воспаление (пиеше тогаш антибиотик) и сега кога се пожали, пак на истото ми се пожали... ама ме чуди што не реагира на допир. А не зборува за да ми каже.. и незнам дали ја боли или не. Еднаш ми рече боли и покажа, сега ја прашувам, не ми кажува ништо.
Ќерка ми два пати до сега има пиено антибиотик заради воспалено уво. И двата пати се жалеше на болка во увото, меѓутоа на допир не реагираше. Ова чисто да имаш предвид, не мора и кај вас да е така. Кај помали дечиња увото често се воспалува кога имаат голем секрет.
Истото го поминав со син ми кога беше околу годинка, два дена не јадеше и само кенкаше. Третиот ден секрет од увото еден куп течеше. Докторката рече добро е што излегол секретот. инаку детето беше здраво ни мрсули ни температура, ни ништо.Сто пати тие два дена го стискав позади ушите , никако не реагираше. Детето правеше само едно карактеристично движење, што дури после сфативме што било. Нагло ја зафрлаше главата на таа страна накај болното уво. Пиеше антибиотик, му го чистеа увото и прашак му ставаа неколку дена по ред. И не се повтори фала богу.
Трет ден малата е со температура. На 30ти 38.5, вчера 37.5-38.5 денес до 38.6 Ставав ефералган чепче150, не помага, па ги сменив со Неофен 60мг. Пак качува. Не јафе ништо, цица на секои 20-30мин и дење и ноќе. Ко што спие одеднаш почнува да плаче многу, па мислам заби се. Колку долго трае Т од заби? До сега мислам ми нема качувано кога вадела нови.. И друго, не дава да и менувам памперс, да ја бришам со влажни ниту па да ја мијам, па ме фати страв и да не ја пече случајно Плаче и вика не не не, едвај ја соблекувам.. па и со чепчињава мака, го стиска газето и не дава да и ставам никако.
Не верувам да се заби. Штом плаче на миење и менување пелена, уште утре провери ѝ урина, да не има некоја уринарна инфекција.
А каква е со расположение? Омалаксана е? Мојава беше болна, ама си остана со мотор у газ. 3 дена тт, повеќњ од 38.7 не качи. 4 ден веќе немаше тт.
0 расположение. Плаче цел ден,ако не плаче кенка,во раце бара нон стоп не дава секунда да ја оставам ни на под,ни на кревет. Ама не кашла,нема растечено носе. Од сабајлево двете ноџиња и се црвени и со брунчиња, ко изгорени
И јас не верувам дека се заби... Општо не верувам во тт од заби да трае толку дена. Обавезно напрај кс и урина, нема што да чекаш. Еќе ако не поминува тт.
@Chanell* мојата после ставање чепче не дава да се менува пелена, мисли дека чепче ќе и ставам. Не мора да значи дека ја пече.
Цела ноќ темп, бевме кај матичната.. увото воспаление, не многу ама црвено е... грло партал и тоа, и спуштено на плуќа само на десна страна. Ни даде антибиотик, на инхалациите плус вентолин да ставам..
Не сме правеле,утре сабајле ќе одиме. Ни се поклопи некако со забиве па верував дека е од нив. Денес нема тт и почна да јаде барем. Да, ама кога ја бањам не дава да ја мијам долу,плаче и ми ја трга рацете.Затоа мислам ја пече. Ќе пробам да и земам урина утре од сабајле, ако не утнам пак.
Како што те советуваа направи уринокултура. Јас би ти рекла и брис од вулва, оти може да е инфицирана а уринокултурата да е чиста.
Значи, пред 2 дена син ми стана и вика ме боли ушето... Се уплашив, го чепкав со рака со чепкалка, не реагираше. Потоа му текна, не, устето ме боли, рачето ме боли и ништо, помина се наброја ама на ништо не продолжи да се жали. Денес приметив како исцедок во истото уво, ама засушен, сув како корупки, ама надвор од увото не внатре. Значи како да течело и се исушило. Го исчистив. Не се жалеше на болка додека чистев . Го чепкам пак не се жали. Ќе му текне некогаш кога ќе го прашам вика да ме боли, после ми вика не ме боли... Не знам дали да го носам на лекар...не знам дали секретот е нешто алармантно. Имаше некој погоре искуство.