Температура не, расположение на нивоу , промена во јадење хммм, секако се молиме и пред тоа и сега (ама за чипс, благо смоки не му треба молење па по тоа гледам дека може да голта),, е секрет од нос ДА, има деновиве.
Сте имале проблем до сега со ушето? Во смисла, секое дете си има своја "слаба" точка на пад на имунитет. Кај мојата е опструкција, некој грлото ... различно е кај секој. Претпоставувам дека некое вирусче го има "чепнато". Следи го, но не верувам дека е нешто страшно. Со лесно
Никогаш. 3 години е никогаш проблем со уво и при најјаки настинки, обструкции, бронхитис. Ќе следам. Не го носам денес секако до 5 работат. Ако приметам нешто повеќе утре ќе го носам. Фала.
Зар првпат вака му излегува сув секрет од увото? Прашувам бидејќи мислам дека е нормално, кај моите деца повремено секретот сам им излегува од увото, исто вака засушен ко што кажуваш. Јас никогаш не им ги чистам со чепкалка, само при бањање фаќам надворешно со вода па потоа со крпа, а секретот кога ќе се насобере сам излегува. Никогаш не сме имале пролеми со уво.
Прв пат, да. Затоа ми е чудно. Сум ги чистела секогаш со чепкалка (грешка моја), сега попрекинав па можда затоа излегува. Што знам што да кажам.
И јас така мислев, ама големата во летото од памет нѐ извади. Почна да вриска и да ми бара да ѝ извадам нешто што ставила во увото. Со трчање кај матичната и испадна воспаление на ушите. Првпат во скоро 5 години, а немаше ни слуз, ни ништо претходно.
Исти ваков осип имаше синко пред една недела. Правевме кс и брисеви и излезе стрептокока пиогенис во грло. Ни тт имаше, ни мрсули ни кашлање. Ништо и никаков симптом. Само осип на стапалото и на два прста на рацете. Си заработи оспен. Пошто и на грлото имал осип. Проверете и вие
Не, сакав да кажам дека секогаш има за сѐ првпат. Мојата е склона кон опструкции, ама еве првпат направи и воспаление на ушите, само среќа фативме на почеток. А нит се жалеше претходно, ни ништо, само нос ѝ течеше. За да не ти е мисла, подобро однеси го да го видат.
Вчера матичната ја слушна малата дека има спуштено, инхалираме со вентолин и пулмикорт.. дете е веќе 5ти ден со темп, денес веќе и над 38 почна да качува... Ама кашла опасно, многу многу често, црвена во лице од напињање е. Пие и антибиотик од вчера... Досадна сум ама покриена ли е со се? Имам ли потреба да одам по лекари? Не ми звучи и изгледа убаво, ништо не сака да јаде сеуште, се стопи за една недела... скоро цело килце спуштила Вака болна не ми била, па ептен и се насекирав.
Бевме во неделата таму, а вчера не ни рече матичната да одиме... ми даде антибиотик, вентолин плус... Ама дете нит јаде, нит спие, кашла на 5секунди. Не ми рече матичната кога да одиме за контрола, по колку дена треба да е подобро, дали да ја носам во Козле..
Јас би ја однела до Козле. Сепак е специјализирана за белодробни заболувања. Бар да си мирна. Иде викенд, каде ќе одиш по дежурни?!
Однеси ја пак кај матичната да ја слушне, кажи и каква е ситуацијата и ако треба да одите и до козле.
И јас мислам и денес да ја однесеш @mariz. Сепак викенд празници, нека видат дали е во ред терапијата.
@mariz моја препорака е во козле затоа што малиот мој беше три недели болен во кои 4 пати го слушаа и ни даваа вентолин и антибиотик и тоа панцеф за на крај во козле одма да не остават излезе пневмонија и лежевме 10 дена со венска терапија а немаше ни температура. Сепак во козле се специјалисти а малку треба да се спушти на плуќа, за да бидете мирни нека ве преслушаат и таму.
Сега и се јавив на матичната рече донеси ја да ја слушнам пак, ама покриена била со се, а за да е подобро морала 2 дена бар да пие антибиотик... Вика ако не е добра и по 2 дена да одиме до Козле. Ке одам сега кај матичната, да го слушне и големиот таман зашто и тој почна сабајлево да кашла ептен... Што ке беше ова, мислев заврши периодот со такви мутирани вируси
Носи деца обавезно. Јас и во Козле би отишла после матична, сепак се специјалисти, не ми делува наивно ова кај малата ич Носи да бидеш мирна, викенд фаќа. Пиши што сте направиле