Deteto mi e skoro 2.. tatko my gi cyvase sega.. trcaa celo vreme i jadea vo isto vreme so bratmu.. poale toa zastanal i nekako poglednal nagore i istrcal kaj tatko my... srceto my lupalo.. poske 2 min se ispovrati.. poale 5 min pak?? Sto moze da e
@Chanell* ако е шеста болест, розеола вирус е тоа и не треба никаква терапија. Вирусот е 3 дена тт, па 3 дена осип. Мојата беше страшна, преосипана цела лом беше. Ни рекоа само да не ја прегреваме (бебе од 6 месеци беше тогаш и сред лето на 40 степени го закачи вирусов ). Ќе помине брзо само од себе, а дете било кенкаво од тт. Не е страшно, иако така изгледа осипот
Од трчањето му е. Кога е јаден, знае од напорот да се врати храната назад. Следи го, ако пак повраќа, може и стомачен вирус да е. Даваат лоратадин за варичела, за да не чеша, има ефект. Ама нема потреба, реално.
Ја фаќаат кашлици одеднаш, чудни, кашла по 20,30мин. Др вчера дојде вечерта да види што е работата дека не престана со кашлање и рече дека личи на алергиска кашлица... Него ниска тт од што може? Им кажав сабајле дека и измери топломерот 35.0 и 35.3 а ладничка и шашава ми е малку, ми викаат расипан е изгледа топломерот. Мерам сега на мене 36.4, мерам на неа 35.3, пак на мене мерам 36.5, на неа 35.4... значи ок е топломерот?! Ке побарам од дома дигиталниот за на чело и живин да ми донесат.
Имаше 5 дена (до вчера) ама до 38.2 макс и ни еднаш не дадов сируп. Бледичка ми е ептен и суви и ладни рачињата.. може е и нормално...
Загреј ја малку. Прашај што терапија и дале. Може од тоа симнала. Девојче мое ми симна под 36 поради грешна доза далерон.
@mariz летоска моето после 6 дена темп. кога симна во болница исто беше така. Мраз ладен а август месец испаничив и јас, викав сестри ми рекоа нормално било само да го покријам убаво и да го згреам.
Вчера го терала татко ми да ја чешка со оние греблите за на плажа значи ја чеша.. Не,докторкава не спомна ни кс ни брисеви. Не ни работат денес, дури од среда Се молам да мине. Денес 2 ден осип, значи утре треба да се повлече веќе. Не давам ништо, синоќа наполнив 1мл Лоратадин во шприц со надеж да не се чеша.. па заспа во 2:30 едвај. Ќе ја мијам со хиперманган за да не давам сирупи.. А како се пренесува вирусот? Ние на 30ти бевме во игротека на роденден и од утредента почна ова
Го има закачено од некое детенце, ништо страшно. Мојава дома беше, бебе, па го фати којзнае од каде, изгоре од тт три дена скоро 40. Деца го фаќаат инаку, не е карактеристичен за возрасни (ако ти е страв по дома да не го фатите). Утре веќе треба да почне да се повлекува. Кај мојата веќе четвртиот ден беше скроз повлечен. Јас не давав ништо, ми рекоа на лекар нема потреба. Колку што знам не чеша, ама не можам да тврдам со сигурност зошто мојава 6 месеци беше, знам само дека беше екстра кенкава. Одмивај со хиперманган, нема штета од тоа.
Синоќа пред да си легне син ми (5 години) падна по скали, не го видовме падот ни јас ни сопругот Малиот вика дека се превртел, се тркалал како топка, може и подобро што не видов, и така се извадив од памет и се вознемирив Немаше надворешни повреди ништо, се пожали под коленото дека го боли, над слепоочницата десно и раката. Беше многу исплашен, а се она на што се жалеше брзо помина. Се смири брзо, после 30-45 минути заспа и мирно спиеше цела ноќ. Сабајле кога стана беше прилично збунет, малаксан, малку мешаше букви во зборовите, рече дека му се лоши, и како капак на се температурата му се спушти на 35,5, инаку 37 му е нормална. Одма се спакувавме отидовме на итна во локалната болница, нормално додека чекавме почна да се оправа и да се враќа во нормала. Немав кај да седам отидов во кола, мм чекаше со него. Го виделе, рекле дека е мал потрес на мозокот и тие работи што ги кажал мм биле нормална реакција, ама ако се жали пак дека му се лоши одма да одиме во главната болница на итна. Од кога дојдовме дома јадеше, почна и да си игра нормално, веќе е како ништо да не било, и температурата исто му се врати нормална. Не му се лоши, ништо не го боли. Да сметам дека опасното помина? Има шанси допрва да покажува знаци на нешто повеќе?
Не би требало да покажува допрва знаци на нешто повеќе, ама следи ситуација. Мислам дека до 48 часа треба да се следи дали има некои промени. Верувам дека ќе биде добар штом се вратил во нормала.
Многу ми е страв да не се морбили Не ми кажа ништо за кс докторката вчера и не знам што да мислам. Од сега е ова, па ич не се има повлечено