Најверојатно е розеола, да не давам дијагнози по форум. Ама осипот се јавува веднаш штом спадне температурата. Малото имаше скоро 4 дена температура, штом ѝ спадна, исто вака почна да се осипува. Ќе и помине за некој ден, само не ја облекувај многу топло, да биде лесно и комотно облечена.
@green.eyes како е малиот? Мојот на секое паѓање во глава се удира, многу имам читано за потрес а и матичната нонстоп ја прашувам. Ми кажа последно зениците да му ги видам, дали се проширени или нормални, да следам каква е рамнотежата, а јас плус и го прашувам прашања да видам дали нормално одговара. Го снимиле или само преглед? Добро е што не повраќал, мене пред месец мислам животот ми се скрати, се удри во трчање силно во дрво од кревет и наредниот ден почна да повраќа, среќа што и стомак го болеше од ко бевме на доктор и дијареа почна па стомачен испадна.
Пред месец моето дете имаше вирус со четири дена тт, до 39.8 качуваше, денот кога прекина тт се појави осип, траеше два дена вториот ден поизразен, инаку само точки точки црвени без да имаат врв или да се познаваат над кожа со допир. Ако не е рапава кожата туку само е видлив осипот треба де е вирусот.
Добар е, уште додека бевме на лекар почна да се оправа, веќе саат време од кога дојдовме дома беше сосема ок. Не знаев ова за зениците, фала на информацијата Цел ден после тоа си играше нормално, црташе, склопуваа лего со татко му.... ништо необично во однесувањето. Јадеше нормално, не му се лошеше, весел беше. И мене животот ми се скрати, досега не сме имале вакво страшно паѓање Го легнавме пред некое време, ќе го проверуваме ноќва почесто, се надевам дека ќе биде ок
Мајки дете(18 месеци ) гори од температура од Петокот.бевме на дежурен во систина ни дадоа само антипиретици и витамини, црп беше мирно..Не му се симнуваше па отидовме на детско во државна..Таму рекоа дека грлото е црвено и антибиотик му препишаа Алмацин.. Се утепавме од чекање по болници и заборавив да прашам, растојанието на давање на антибиотикот со антипиретикот колку треба да биде? Исто и со пробиотикот? Извинете мајки, но првпат качуваме волкава температура до 40 оди и целата сум во паника.. Исто сакав да прашам ако се испостави алергија на Алмацинот со каков антихистамин да реагирам...Се изначитав лоши искуства па да бидам спремна.Фала однапред
Алмацинот се дава на 8 часа, измеѓу 2те дози антибиотик (по 4 часа најдобро), еднаш во денот ќе дадеш пробиотик. Антипиретикот се дава независно од антибиотикот, односно по потреба, кога температурата е над 38.5.
Големата ќерка ( 5,5 години) на стапалото има излезено народски кажано ,, мртва коска" Ортопед ни го објасни како меур полн со течност а не коска. Не ја боли, засега не смета при движење ниту при избор на обувки, значи воопшто не го чувствува. Дали има некој слично искуство? Што може да се преземе? Исчезнува ли само од себе ( слушнав дека и тоа се случувало ама колку е точно) Дали ако се отстрани пак се појавува по некое време?
Ќерка ми има. Ист совет добив. Јас сакам и на друг ортопед да ја однесам, чисто да видам што ќе ми кажат таму. Ќерка ми исто има 5.5, “коската" од лани ја има. Одеднаш се појави по интензивен раст на стапалото. Не знам колку е ова поврзано. Јас читав дека од несоодветни обувки може да се појави, иако многу пазам на обувките, па не ми е верно дека е од тоа кај нас.
Ganglion cyst ли ви е дијагнозата? Сестра ми имаше на раката беше на хирург и рекоа дека не е страшно, но треба оперативно да се извади на пластична хирургија. Ја имаше неколку години и набргу после посетата на лекарот кога се спремаше да закаже термин за операција за чудо и ја снема само од себе, не е ни свесна кога и исчезнала. Јас имав пак позади на плешката, ама моето беше коскен израсток и мораше оперативно да се извади.
Вака исто изгледаше кај ќерка ми. Многу личи осипот од розеола на морбили, често се мешаат. Ако е рамна кожата на допир, ако не се испакнати точките, розеола е. Треба да почне да се повлекува наскоро, следи ја.
@mariz се надевам подобри сте. Нека мине. И на сите мајки, побрзо оздравување на малишаните. Не се плашете мајки, тешко е со болни дечиња, ама зимата е ваква со мали деца. Плус загадениот воздух и се околу дополнително им пречи. Давајте антипиретик кога сметате дека треба и многу течности. Се додека детето е весело, пивнува по нешто, немате причини за страв, ќе се избори. Убави празници!
Е тоа да, и вчера и’ кажав на Шанел. Не можеме преку слика да тврдиме дека е или не е розеола, не сме ни доктори, мада личи ептен осипот. Чешањето и мене ми мати памет, затоа викам да ја следи дали ќе почне да се повлекува наскоро.
Нијанса подобро, ама повеќе кашла.. Ваљда од инхалациите. Ама уште не е влажно, уште суви кашлици.. треба да почне да развлажнува за да одлепи тоа шлајмовите. И синко дома заникаде.. 2 пати повратил многу шлајм, вчера и него го донеле до тука и тој спуштил.. го боцнале урбазон и дале антибиотик и инхалации... Па смрди труе онде кај нас во Гази Баба на стопени пластики, гуми... пече на нос и очи, од фабриката.. како да сме здрави
Од инхалациите е повеќе раскшлена. Се изнамчивте женска. Нека мине и кај двајцата. Доаѓаат подобри денови.
@mariz Трпение само, пнеумониите многу поспоро поминуваат. Јас и сестра ми бевме многу побетер од твоите кога бевме мали. Од едно кивање за 2 саати на плуќа спуштавме тешки пнеумонии. И двете истовремено. Цело детство го имаме поминато или кај мајка ми на педијатрија или во Козле. Обавезно со инфузии, јас цело време, дури и вода не пиев, за храна да не зборам, никако. Нас инхалациите најмногу ни помагаа. Многу е мачно и за родителите и за децата. Ама поминува за некое време. Ако си во можност оди некаде надвор од Скопје на некое време од кога ќе се оправат. Држи се, ќе помине кај двајцата