Реков и јас дома не би седела, посебно кога прима и други лекови.затоа изреагирав да се јават на доктор, па ако треба и на трансфузиолог ќе се јават. Мене шубе ми е да седам дома
Ќе и се повлечат сега од лоратадинот 100% и ќе заспие не се секирај.Погледнувај ја ноќеска пак да не се исфрли.Сабајле оди на лекар да видиш која била причината. Не се секирај само. Мене Лоратадинот види колкави пликови ми има повлечено и тоа цела бев на бутовите, стомакот и устата ми беше подуена.
Нема трансфузиолог и крај затвараат врата па ти мисли си што ке правиш и кај ке одиш Првите скроз се повлекоа, потоа излегоа нови но гледам и тие се смируваат Утре секако ке ја носам да прашам дали е можно од апчињата, бидејки ги пие веке 8дена не покажа никаква реакција
Мајка чим ти рекле на лекар тогаш не мисли два пати. Ова не е типична алергија. Ова е нус појава од лек и чеша. Прати вечерва ако решиш да останете дома. Јас не видов дека на лекар и дале зелено светло. А за било каков лек никому не би у рекла дај на дете ако нема дозвола од доктор. Друго си ти а друго е дете кое веќе има дијагноза поврзана со трансфузиологија.
Но чудно ми е зошто не покажа реакција уште кога почна да ги пие, па дури сега дава секако ако алергијата е од нив
И рекле на дежурен ете. Нема везе да не трупаме само, бидна се среди @blessed.an можеби не е од апчињата.Доста дена ги користи, порано ќе покажеше реакција.Сети се што внело детето денес.Може и алергија од прашина да е.Само на едно место на телото има или?
Затоа што не е алергија. Тоа го реков и погоре. Организмот станал резистентен. Затоа реков и не за лоратадинот(без доктор) и не за дома.
Цело тело немаше дел кај не појави Реков испи многу јогурт мислам невообичаено за неа толку да пие, но сакаше плачеше и и дадов Ке видам утре што ке кажат док
Мајка сама кажа дека во нус појави од лекот стои осип и чешање. Овој осип е неправилен иритиран (поттикнато од чешање) и апсолутно личи на таков каков што е опишан. Само тоа можам да ти кажам од видено на слика. Дали докторот кој ви рече да земете лоратадин знае што точно прима детето во моментов?
Да му реков си ги носев со себе и апчињата за да видат, плус не бев ни дала апче бидејки ми беше страв, но рекоа не смееш да прекинеш без да се консултираш со трансфузиолог
@blessed.an не ме сфаќај погрешно, ама малку несериозно од ваша страна. Вакви работи не се за на форум. Детето има сериозна дијагноза, плус јавува некаква реакција. Досега двапати ќе ја донесевте во Скопје. Може и ништо да не е, ама што ако е нешто посериозно во прашање? Башка голема е, досега ако не пројавила алергија од јогурт, колкави се шансите допрва? Вие си знаете. Јас не би губела воопшто време. А убаво те посоветуваа неколку членки, оди на доктор сега.
Алергична на млеко и млечни производи излезе на година кога правевме алерготестови После година ипол правеа провокации немаше повеке ништо рекоа може слободно да продолжи со млеко и млечни производи Млеко не пие но јогурт и к.м пие И се повлекоа сите нема ништо, спие се надевам на мирна ноќ па утре ке ја носам да видат
Ја незнам како можете толку смирени да бидете Срека изфрлила надворешно кожно Од кај сте сигурни дека нема внатрешно да отече и да и смета при дишење Оти играчки си играјте Керка ми е алергична на се и сешто пролета секоа нок бевме на итна дојде време за спиење ибона вакви урикардии на крај алергија од првото сонце Совет лекар одма