Сега читам што ви се случува, да помине побргу Преку ноќ спуштаат, 2 пати лежевме со малово со пнеумониа, првиот пат се изедов дека не сум ја однела на време, ме смируваше докторкага дека сабајле да сум ја донела до вечер може да спушти. Првиот пат лежевме 4 дена вториот 6, после вториот пат ни дадооа превентивно пулмикорт уште цел месец. Од тогаш навака а почне да кашла почесто одма се консултирам со доктор па почнувам со пулмикорт. Големиот со урбазон го боцкаа кога направи тешка обструкција, 3 дена 2 пати на ден, преку ноќ буквално и кај него, не можеше да дише. Нека помине па на воздух, ама прашај после колку време може на планина после пнеумониа, или ако не препорачуваат толку бргу планина види за Соко Бања прашај.
Давал некој педиатрик тилолхот? Од која возраст беа, на кесичките не пишува. На големиот сум давала за т, не знам дали смеам на малово 4г има да и дадам. Додека пишував тука преска, дур се свртев т качи и затната е скроз
Јас знам дека се за деца над 6 годинки, 3-4 пати дневно може да се дадат. За 4 години пробај со парацетамол сирупче
Фала дадов далерон веќе, мислев за после може повеќе ќе ја освежи ама имаш право, колку што памтам и во аптека ми кажаа над 6
Za nastinka kaj deca postari od 2 godini moze da Se dade nogripin sirup, slicen e na rinostop po sostav,ima plus komponenta Sto ja ublazuva suvata kaslica
Син ми имаше на раката како циста, баш на зглобот на дланката со подлактицата. Моите го однесоа на ортопед во Охрид, тогаш се погодивме таму да бидеме, докторот кажал дека е некаква циста, го стиснал и ја снема, оттогаш не му се појавила. Тоа пред три години беше. Не знам дали е исто, ама не би требало да е страшно.
Не знарв дека има и сируп, овие ги имам дома, ќе видам за друг пат. Засега е добра, спушти т па ќе видам ноќеска како ќе поминеме. Фала
Се повлече. Не сте доктори ама повеќе ми помогнал форумов некогаш од докторите. Доктор од прва ќе даде дијагноза а не од 3та. Фала
Pogolemoto mi e skoro 4.. eve tret den si temperstura... koga my davame siryp idma se namaluva i posle 4-5 saati pak kacuva.. ima slajmovi i kasla ama ne mnohu cesto.. doktori nema posto e praznik.. sabajle povrakase.. sovet
Сфатив дека не сте, но сепак најдобро доктор да го прегледа дете. Може само на форум да се нагаѓа. Кај синко мој од горе опишаното испадна дека е грло жар црвено и шлајм скоро да почнал да се симиња на плуќа. Па со антибиотик и препишана терапија и насоки од докторката на Дежурен се среди ( исто не фатија празници па моравме на Клиника ).
Од каде и да сте, дежурен лекар има на секое детско одделение. Повраќа од шлајмот веројатно. Ако е вирус треба деновиве да сте подобро. До утре или вечер. Давај течности. Ако е ептен малаксан носи го веднаш.
Горе доле слична ситуација и кај нас, само од вчера, и не повраќа. А би сакала да поврати да се исчисти малку. Утре ќе ја носам да ја слушнат, обично не ја носам првите 24ч освен ако не изгледа воопшто добро. Кај вас штом е веќе 3ти ден однеси го да го прегледаат барем плуќа да си раат. Мене од тоа најмногу ми е страв дека знае да спушта малово. Туку што користите за одзатнување носе, затната е горе некако, не вади толку секрет ама е доста затната и збори на нос. Ја орскам со септоназал да ја одзатне и измеѓу и со бејби оригано да и се прочисти носето.
Ко за мојата да читам Диво оригано, и ако ептен е затната оперил п, ама со препорака на доктор. Исто и инхалации, ама со препорака. Имаше температура денес?
Тоа е ММ, Септаназалот е доста ефикасен, диво оригано исто така прскај колку можеш почесто. Мојот минатиот викенд беше ваков, со некоја блага Т. Т.е само еднаш крена и спушти. Ама ќе се удаваше од шлајм. Правевме и инхалации, по совет од лекар, само со физиолошки. Никогаш нема спуштено, па главно матичната го остава да се бори.
Да цел ден ама само еднаш 39, инаку држеше околу 37. Сега пред спиење 38, ја истуширав и и спласна, вака на допир не е повеќе од 37. И оперил п имам користено, последно земав септаназал во аптека ми кажаа горе доле исти се, пред некои 2 недели беше вака затната па ја прскав едно 5 дена, нели не може подолго, во меѓувреме е мрсулава речиси нон стоп, ама сега пак се затна. Од 1ви Јан е засипната, па некако последователно со носов си дојде и температурата. Кашла ретко ама влажно. Во секој случај утре одам да ја слушнат и да добијам пас за инхалации пулмикорт превентивно оти Јануари обично ми е критичен веќе 3та година .
Знам, исто и ние вака поминуваме. Последно се погоди викенд, па и на своја рака дадов инхалации со пулмикорт, само еднаш дневно, пошто веќе имам искуство. И добро што дадов, дури докторката ми рече другпат да давам 2 пати, зошто секогаш е за влакно да спушти. Инаку, штом почне така да се мрсулави и да кашла, обавезно давам и аериус, пошто кај неа и загаденото прави дополнителен проблем.