Има лижавчиња, не знам колку смируваат болка ама не е на одмет да пробаш, ги има по сите аптеки. Прополис спреј не можам ни јас да ја прснам не го сака, и давам капки на лажичка со шеќер. Инаку почнавме и ние со антибиотик, земавме и брисеви ама високо и е црп-то и леукоцитите се покачени, грлото ептен црвено па моташе одма, ќе видам деновиве пто ќе покажат брисевите, а чудо не се жали дека ја боли и колку толку јаде. Важно нема на плуќа, и дадоа и инхалации превентивно плус и дека е засипната. Се надевам фативме со време, инаку горе е полна шлајм, на 2 пати малку поврати ама не доволно да исфрли повеќе.
Ист е синко само нема темп. Веќе 3 недели . Прво почна кивање, па се затна скроз, па течење носе и на крај кашлица. Инхалирав со дексаметазон и физ. два пати дневно,5 дена. 3,4 дена ок, пак почна кивање и истото. Појака кашлица овојпат влажна , инхалираме со вентолин,дексаметазон, физиолошки,3 пати дмевно,7 дена. Навечер зиртек . Спрејче септаназал и синомарин . Сирупче боквица многу му помага исто.
Мајки малиот се жали на болка во ногата. Пред една недела во сон стана и плачеше дека го боли. Другиот ден го прашував рече не го болело и не го однесов на доктор си реков можеби лошо спиел дека не се пожали пак. Еве сега пак во спиење стана и вика ме боли ноџето гали ми го и го масирав малку и заспа. Од што можи вака во спиење само да го боли? Денски се нема пожалено. Утре ќе го носам да го видат.
Majki nekoja so iskustvo,malata pocna da mi trepka so ocinjata ama epten cesto,da e od tv,od mob ne e,bidejki ne i davam da gleda nit na tv not na mob crtani,sekako utre kje ja nosam do.pedijatar no.od sto bi mozelo.ova da go.pravi,znaci trepka cesto pa zaborava pa pak pocnuva so dvete oci,koga ja prasuvam vika me boli?
Мајки, алмацин и амоксилав ама таблети од 250 за дете од 6 год, колкава е дозата? Не сме во Мк, а син ми е со сува кашлица, страв ми е да не спушти.
Јас работев на Микробиологија 3 години и не може да направи поголеми комликации доколку клиничката слика ти е во ред.. Од такви рачни давања на антибиотици затоа поголем дел од луѓето створиле резистенција на тој антибиотик па затоа кпга ќе ти највеќе потребен ќе ти биде резистентен.. мој совет без дијагноза антибиотик не се дава
Да ти кажам право и јас порано лечев болно грло со антибиотик, мене ме фаќаше многу често грлото, брисеви тука во Гр не прават никако ни за дете ни за возрасен, воопшто не постои такво нешто и кога те прегледа доктор, одма препишува антибиотик, ама сега во бременоста ме фати и грло и нос, не можев да голтам и секретот од нос ми беше густ и зелен и нели тоа во повеќе случаеви укажува на бактерија. Ама дека не смеам антибиотик оти трудна, почнав со гаргара со Тантум Верде, ми го предложи тука гинекологот и ми помина за 1 ден. Е се погоди да одиме во Скопје тие денови и мене грлото пак ме фати, значи бетер ми беше, ептен болки, носот хаос и одма отидов си направив брисеви и од нос и грло и си велам сигурно е некоја бактерија ама не знам која и бев решена да земам антибиотик оти не се издржуваше болката, жар црвено ми беше грлото и по 2 дена ги земав резултатите, чисти, никаква бактерија. И не земав никаков лек, со спреј од прополис без алкохол и едни таблети за шмукање со бел слез се излекува после 2 недели можаж да кажам. Баш долго се изнамачив ама ете ми помина. А да не бев трудна ќе земев антибиотик ич не можам да трпам болки во грло ама и многу денови не минеше со ништо и дури се исплашив ама вирус и се излечи на природен начин.
Вака исто беше син ми пред година дена и да ти кажам тука во Грција што му дадоа: инхалатори тука немаат многу ретко некои со посебни случаеви на астма само инаку не даваат инхалации. Антибиотик му дадоа обавезно, маска Аеролин, Seretide маска,(маските се оние за астматичари ќе ја сликам и ќе пуштам слика, не е за инхалатор, со спреј е), спреј во нос со морска вода, еден спреј друг за секретот да се намали, сируп Аериус и толку мислам беше. За 2 дена се опорави дете, за 7 дена веќе беше како нов и за 2 недели го носев на контрола и беше чист на слушалки, ама јас го носам кај педијатар пневмонолог и алергичар и ми рече сака да му направи спирометрија да види дали скроз му е исфрлен секретот од белите дробови оти вика на слушалка нема ништо, ама кога го натера 2 пати да земе длабоко воздух и да се накашла нешто како да имаше вика длабоко и затоа му направи спирометрија на која се покажа дека имаше секрет внатре длабоко кој треба да се излечи скроз. Тој секрет знае понатаму да направи проблем ако не се доизлечи, дете ќе се разболува почесто од бронхит или кашлање и ќе се даде терапија, ќе помине нели за неколку дена, а вистинската терапија за да се излечи скроз е 3-4 месеци. И така ни даде да продолжиме само со Серетајд маска 2 прскања сабајле и вечер за 3 мезеци секој ден. Го направивме и тоа, го носев секој месец да го слушне и беше многу многу подобар и за 4 месеци пак спирометрија и немаше ништо. Така да, многу добра докторкава се покажа во нашиов случај. И верував од почеток и резултатите супер. Да чукнам во дрво, од тогаш нема спуштено никако дете, настинува со носето, ќе се закашла некогаш, нормално во школо оди ама толку е, ништо повеќе и само спреј од морска вода во носе му ставам кога е затнат и ништо друго. Ова беше мое искуство па сакав да го споделам со вас.
Ако не го исчукаш убаво од работната при растварање, ептен тешко се раствара. Двосмислено ова, како тестото.
Јуле ако нема секрет и е сува кашлица , нема што да спушти. Прскај често физиолошки да се мократ дишните патишта. Ако е надразнувачка кашлица пробај прво со Лоратадин, да не нешто му смета. Ама не сум лекар. Пиши и на матичната на вибер. За доза незнам што да ти кажам, сепак е антибиотик.
Имаше температура 3 дена и се јави кашлицата. Денес гледам омекнува. Давам млеко со прегорен шеќер, чај од лаваров сируп, мед... Ако не се смири ќе го носам на лекар да го слушнат иако овде за вирус ништо не дават.
вероватно станува збор за мускулен грч. Мене во бременоста кога ќе се истегнев ми се правеше на долниот дел од нозете. И тоа што спиење. Со триење и масажа брзо поминува. штом суво кашла нема што да спушти,може само да го надразни грлото. Капсули/апчиња мислам дека од 250 мг се за деца над 6 години. Моето последно пиеше капсули и мислам дека 250 мг беа. Помалку нема. До 6 години се на сируп. А да пробаш со пастили лижавчиња и сл да превенираш? се сложувам некако се претерува со антибиотициве. Јас колку имам пиено антибиотици.... А брис дали 5 пати во 30 години имам правено. И при гнојна ангина или било кое воспаление и болно грло само прополис е решение.
Исто ми правеше летото 3-4 пати. Делот под коленото го болеше ноќе, го масирав и другиот ден ништо. Читав дека ако е болката во спиење е најчесто од растењето. Мојот се издолжи наеднаш сите долни тренерки му беа куси есента. Ми се нема пожалено сега одреден период.
Синко е 13 месеци. Три дена повремено качува температура, највисока оди до 38.1. Не кива, нема мрсули, не кашла, нема црвено грло. Качува тт обично навечер после 18ч, и еднаш во текот на ноќта. Вчера му проверив ја и црп, ако може да ги ѕирнете резултатите, ваше мислење што би можело да биде причинител за тт? Црп-то му е малку покачено, 7.6. Горе извади два кеца и две двојки пред една недела, уште му раснат, до пола се излезени. Не верувам дека е поради забите. @Alishan30 ? @LiliBoz ? @Annath ?
Во ред му се резултатите, гледам леукоцитите се на горна граница, па може да е е предвесник на вироза. Од запчиња може повремено да крева температура или бактерија во нос, грло, уши-да проверете и брисеви во понеделник, зборувај со матичната.
Кај големата се намалени крајниците. Она за чудо соработуваше, но не беше ништо посебно прегледот. Погледна во грло со стапчето, уши и нос плус кај нејзе. Ако воопшто не отвара уста не би знаела што би упалило....скокоткање можеби