Во носе бутаат тенко камерче и гледаат каква е состојбата. За другото најубаво да се консултираш со докторот што ќе го прави прегледот.
Нема раат. Ми плаче синчево дека го боли уво, ми вика носете ме на лекар. Мм го гледаше како запушено да му е, другото се гледа црна дупка.. А на ова не се гледа, како да има нешто и секрет кафено жолт. Инаку е на втора доза сумамед за друго и на инхалации... покриен е со антибиотик ако е не дај боже воспаление... Матичната ми беше прва, морам некаде на дежурно... каде? Или некоја приватна амбуланта за орл..
Мариз, носи го на клиника, пробај на детска, па ако треба ќе ве препратат на орл. Инаку Мирка Шалиќ е одлична, ама мислам не работи ова време, до кај 14ч. ѝ е работното време.
Ке му ставам сега парафинско, ке дадам блокмакс... Па ако толку неможе да издржи, ке одиме на клиника. Матичната ми рече директ на орл да одам.
За волку доцна нема каде на приватно на орл освен директ на орл. Мислам дека примаат без упат за итни случаи. Ако добро се сеќавам така не примале. Ако издржите до утре ти препорачувам и јас кај Шалиќ. Дали има расклемпавено уше или само болка и секрет? Ако не дај боже е расклемпавено одма носи те молам дете во болница.
@mariz пробај овде дали уште работат. Попладне сум носела и кај нив ако евентуално ти врши работа, ама незнам до колку точно работат
@mariz појдете на клиника. Јас бев задоволна од докторите таму. И ние бевме под антибиотик,па сепак испадна не е доволно. Нема гужва таму, не е на детска, туку баш на орл, зградата одма до токсикологија големата на втор спрат.
Клемпави му се и вака и така, неможам да приметам тоа... овие што ги сподели затвораат во 8, нема шанса да стигнеме. Ке одиме до клиника... Плаче многу, нит сака да игра нит ништо @TeddyGrey фала
Јас бев во систина, имаат попладне орл доктор, 7и30 завршивме Многу секрет во средно уво и зголемен трет крајник. Чести воспаленија има. Пречорачуваат вадење на крајникот и цевчиња да се стават. Искуства?
Оди на второ мислење, оди кај Шалиќ, а можеш и кај Оровчанец, тој е многу добар. И нас ова изгледа нѐ чека, и тоа кај двете. А какви цевчиња? Пошто нас ни спомнаа само вадење на трет крајник, ама тоа понатаму.
Ги покажа, како мали монистри се, сами ги исфрлал организмот, веројатно ради секретот да се дренира. Во две недели два пати пиеше атб. Аугментин за лево уво 7 дена па по 3 дена лево уво лекокчар 10 дена. Вика не ве ни слуша добро, мада ја не сум приметила. И малата е лоша на едното уво. Слузницата на носот му е мн потечена, само 30 проценти проодност, па даде аериус 2 недели па да одиме на контрола
Цевче во ушето? Ако е тоа, на мојава и ставија, не сме имале проблеми со ушето од тогаш. Цевче во каналчето за да не се задржува секрет.
Бевме до Клиника на Орл, неможеше ништо да види од секрет закоравен, даде упат утре сабајле на чистење да одиме... Сега за сега нема болка многу од блокмаксот, ми рече дај пак после 4,5ч од блокмаксот, далерон ако го боли....
Инфекција во уво. Застанат секрет од носот. Не проаѓаше со венски антибиотик. Секретот стоеше, само инфекцијата се смири. Ми рекоа дека многу брзо ќе се воспали пак ако не го дренираат.