Му ставив и прееска и рече добро што си ставила, пак стави за сабајле да излезе све... Како чистат? Грдо, страшно е? Ке правиме драми таму?
Поим немам, на малиов сега со едно железно стапче му чепна и извади за да го прегледа подобро. Он не мрдна
Му чепкаше и овој ама рече дека неможе да види ништо, морало сабајле да се исчисти и да видат дали е воспалено и што се случува...
Колку се стари децата? Мојата повеќе пати имаше отитис медиа, на возраст од 2-3 години. Го тупеа, операција на трет крајник требало, без било кој да го види крајникот. За трет крајник има типични симптоми, детето хрчи во спиење, често добива воспаление на уво. Мојата не хрчеше, не ни отидовме на операција, па престана да ги добива воспаленијата на уши. Ама стално е со капа, и ако е лето а дува ветер, ушите покриени. Сите деца овде така, особено помалите. Тоа што два пати сте пиеле антибиотик би рекла е грешка на дијагностичарот, уво-грло-нос се споени органи, ако едното уво се воспалува веројатно ќе се случи и на другото, заради немање струење на воздух односно заради насобран секрет од нос. Ќе заборавев, на секоја настинка или вирус, прскаме во нос, да не се насобере секрет. Ако носот е прооден (не знам како да објаснам) мала е веројатноста да се наталожи секрет и да се воспали уше.
3.5 години има, (малата е сега ќе прави 2, неа само ја ѕирнаа за секрет во средно уво друго не),од септември до дега 5 пати имаше воспаление. Кога не е болен хрчи на спиење. Со камера го видр рече е зголемен. Сум слушала и јас за снемување на проблемот ама она рече дека секретот ја загрижува многу повеќе ама и крајникот да се извадел за решавање на воспаленијава
Ако хрчи и го виделе зголемен, вадете. Секретот нема да го снема ама крајникот не дозволува проток на воздух и затоа се воспалуваат ушињата. Со среќа.
Обавезно второ мислење, не е секој крајник за вадење. Баџакова во Систина се запна внука ми да го извади третиот крајник. Девојчето од раѓање беше со опструкции, најчесто на алергиска база. Цело време се водеа кај Баџакова, на 6 години инсистираше да и го извадат третиот крајник, демек ќе се подобрела состојбата. Цекиќ рече вадење никако, оти алергиските опструкции не се предизвикани од зголемен трет крајник, а кај неа не ни беше зголемен. Кога има проблем со ушите, како чести воспаленија, третиот крајник многу често се вади. И мене ми го ваделе на 6 години, оти многу мака имав со ушите како мала. Ако не се лекува како што треба може да остане како последица, оштетување на слухот. Затоа мора да се реагира на време. Ако мора, нека се вади. И секако да знаеш дека има шанса да се регенерира. А со растењето третиот крајник атрофира. Штом имате мака со ушите - секогаш носот да се одржува прооден, да не се дозволи насобирање секрет. Примарно е тоа.
Блиски луѓе ми го фалеа многу Оровчанец од Ремедика за искуство со трет крајник. Детенцето има 3 ипол години и исто беше со чести воспаленија, пред неполн месец му го извадија. Рутинска операција, истиот ден ги пуштија дома.
Ќе побарам уштр едно мислење секако,исто и сајковски сакам да ми каже мислење иако не му е тоа специјалност. Него носот му е затнат ама секрет нема. Ни оперил ни аква марис прави разлика. Ова последното што имаше ново воспаление само по 3 дена на завршен аб ми беше врв. Кај македонка бевме ние. Може да ги прашаш опоравокпт како одел и да ми пишеш? Докторкава ми рече со еден ден болнички дека е
Јас лежев 6 дена во болница. Сите што вадеа крајници, ги дочекав и ги испратив. Тие со трет крајник за 1 - 2 ден, тие со 3 крајници извадени за 3 дена. Од сите што ги запознав, децата со помала возраст полесно проаѓаа. На клиника оперираат крајници над 3години. Ние се задржавме поради тоа што секретот не се повлекуваше сам и пратеа ситуација. После цевчињата, сабајлето не пуштија
Информативно- не сум сигурна дали на болно дете се вадат крајници. Мислам беше нешто, демек детето треба да биде здраво барем две недели за да оперираат, ама нека пише некој што знае сигурно.
@wannaBeMomma кај нас беше малку поразлично. На Елизабет и ги намалија Крајниците, направија рез кај ушните тапанчиња, во каналот, и отстранија полипи во нос. 3 во 1 беше. Ја оперираа и после еден час не пуштија дома. Рекоа ако има крварење да одиме на итна во болница. Немаше, се помина добро. Кај нејзе беше хрчење во сон, подотворена уста нон стоп, често беше затната...
Син ми го користи ова со флексотид спреј од септември па цела зима плус флекзоназаво нос, ама он има некоја блага форма на алергиска астма. Обично во септември му почнуваат проблемите, годинава не отидовме со време на контрола мислејќи дека е супер и преку ноќ до урбазон стаса. Сега си тера со терапија и е ок, па на пролет контрола и ќе прави сигурно пауза. Додека прави пауза летно време обавезно почнува да поткашлува ама со аериус се смирува. Не е ни ова најарно, кортико е ама ете кај него засега мора, па како расте може ќе смени. Кај двајца различни пулмолози го носам и двајцата истата терапија му ја препорачуваат со тоа што едната ме теши дека кај него е блага форма да не се секирам, другава ми вика мораш да прифатиш дека детето си има дијагноза терапијата не е страшна само му помага . Барем антибиотик сигурно едно 3 години се нема напиено. Кај малово овој пат испадна стрептокока, на ант е, т нема веќе ама е полна горе секрет крчи како дедо навечер Да не знае некој вакцината за стрептокок дали можеше до 4 или до 6г возраст да се даде? @mariz малата како е? Се измачивте ептен, сега и со дечково . Мене ми испираа уво еднаш на клиника на орл, не го памтам како многу страшно, не беше пријатно ама не боли. Со шприц со некоја течност беше знам.
Леле...немаме раат човече. После тоа р се ок? Јас само на тпа де надевам, да ако се решиме на операција после тоа нема веќе голтање аб секоја втора недела. Премногу е. Плус слухот ме заплаши исто
Супер е сега. Исчезна хрчењето, не паметам да била настината од тогаш, и влијаеше позитивно и на говорот и гласните жици... Презадоволни сме. Кај нејзе компјутерски тестови за слух имаат правено. Класичните мислам дека беа за деца од над 4г
Подобра е, вчера си дојдовме дома, таму 6 дена венска терапија прими, а од денес сумамед + 10дена инхалации. Била со две дијагнози.. бронхопнеумонија и бронхитис акутно нешто нз што, може и поврзани се едно со друго. Уште си подкашлува, ама влажно е добро е. Со дечкото се мачиме и со него уште од пред нова година... И тој ептен кашлаше, газот модрици лево и десно од две инекции урбазон му е, две дози сумамед испи и инхалации сабајле и навечер... И сега увото, се надевам не е нешто ептен воспалено... уште антибиотик ако треба, налет... Иначе сакав да оздрават, зајакнат и да одиме Феб таму некаде на чист воздух. А во Козле ми викаат никако додека е вака мала, толку мали деца не се носеле на толку оштар ладен воздух
Не сум чула дека не се носат толку мали, ама знам дека после пнеумониа не толку бргу на многу ладен оштар воздух. Затоа ти спомнав да ти кажат мислење за Соко Бања ако не фебруари барем март, не е високо не би требало да е ладно како на планина, ама е воздушна бања и е позната како рај за деца со респираторни проблеми. Јас одамна ја имам во план ама некако не дошла на дневен ред. Прашај ако одите на контрола