@wannaBeMomma оди си за второ мислење обавезно. Мислам дека трет крајник за да се види вистинската состојба треба да е здраво детете за да се види реалното зголемување. Инаку за цефчињата и синко има, му ги ставија летоска. Кај него беше мастоидит кој се повлече со венска терапија, ама секретот остана заглавен и на крај му го дренираа и ставија цефчиња. Да не го подречам, ама еве пола година и нема повторено инфекција на уши и се надевам така ќе остане. Единствено лошо е што бањање исклучиво со тампони мора зошто е отворено да не се направи секундарна инфекција. Ова додека не паднат цефчињата и да се затвори тапанчето зошто е засечено. Ова што го кажува дани за засекување на третиот крајник(намалување) без вадење кај нас не го прават колку што знам. @mariz и на другарка за малиот после пневмонија и рекоа да не го носи на планина. Не е до возраста, до состојбата е.
Јас додека чекав на итна два пара родители ги пратија да се шетаат со дечињата, едното бебе другото 2-3г, околу болницата, на воздух. Беше минус степени, полноќ, дуваше и прскање снег... Убаво било така кога децата се болни и кашлаат. Кај вас може е друго, не знам...и јас со моиве кога се здрави шетам на минус тт низ планини, така ни препорачуваат.
Зошто не? Јас се двоумев дали зимово да ја носам на планина, мислев баш ќе и годи. Инаку кој доктор ви беше на смена на ОРЛ?
Последно кога бевме во козле кога беше болен пред месец, го ѕирна таму орл доктор и рече дека уште си се на место. Планирам да го носам и на орл на контрола да го видат наредниов период. Треба да паднат од 6 до 12 месеци, со толеранција од некој месец плус. Ќе видиме што ќе кажат докторите.
На многу високо Дани каде е пооштар воздухот додека им е плуќата осетлива, барем јас таков совет добив после пнеумониа. Инаку ги носам од 4м на зимовање на планина, сум ги носела и поднастинати.
И нас така ни кажаа, да не се носат на планина кога имаат кашлица или многу им тече нос. Поради остриот воздух, можат многу лесно да направат опструкција.
Павлоски, не ги знам, прв пат одам таму... Иначе баш така и прашав: Колку време после пнеумонија може да ја носам некаде? Рече нема врска пнеумонија, толку мали деца на толку ладно не се носеле, многу оштар јак воздух бил за нивната плуќа. А јас сакав месец дена после лежењево да одиме некаде... таму средина Феб.
Ми нема логика ова со планината и возраста на децата. Од бебиња ги качувам на планина, неделава 2 пати ги качив на Пониква, горе е потопло и попријатно отколку долу. За квалитетот на воздухот да не збориме...
Ме чуди и мене, не ми спомнал ниту еден доктор досега да не носам мало дете зимо на планина, освен кажав после прележана пнеумониа. Сто доктори да прашаш секој различно мислење ќе ти даде, ова најмногу ме нервира, не распаметија веќе
Тоа тргнав да пишувам. Претеруваат ова со возраста. Испаѓа децата кои растат на планина, ги симнуваат доле во град да подишат пм честички Носење дете на планина е скроз ок, освен ако родителите решиле да освојуваат некој планински врв заедно со детето
Планина и чист воздух се број 1 за билдање имунитет кај деца. Да не е ептен мало бебе 3-4 месеци, ама за после годинка мислев нема недоумица по тоа прашање... Секако нели и да не се екстремно ниски температури, виулици и ветришта... тоа ни возрасен не може да издржи не пак мало дете. Консултирај се со матичен Мариз, верувам дека по 1 месец од сега ќе ви одобри.
Исто на делот под коленото се жалеше и мојот. Се надевам дека е тоа, се нема пожалено сега. Фала на споделеното искуство.
Да прашам нешто. Не е којзнае колку итно ама не знам каде точно да се обратам па решив тука. На големиот синко неколку дена носот само навечер му се затнува. Е само за растечен или затнат нос на лекар никогаш не сум носела дете. Спрејови и капки некогаш ми помагале ама муабетов ми е преку ден ништо нема се е нормално а само навечер му се затнува. Е сега наидов на ова,досега го немав сретнато. Дали би му помогнало и дали се препорачува кај 7годишно дете. Ако може некој да сподели мислење
Јас знам дека високи планини не се баш добри за мало деца. Пример на Шапка не се носат бебиња и многу мали деца во зима заради остар воздух (ова од човек што има викендица таму, а е лекар) На Маврово на пример е во ред заради тоа што е пониско и воздухот не е толку остар, само да не се носи бебе на терените горе туку да си седи долу кај езерото. Боровец е исто како Маврово на пример, Берово кај езерото исто може. Ние годинава исто мака мачевме со воспаление на уши заради голем трет крајник. Еден ден дури и на кратко го загуби слухот. Пиеше антибиотик по антибиотик, на крај веќе распаметени бев. По таа епизода сме со Назонекс спреј по едно прскање дневно и од тоа што го гледам намален му е крајниот. Не ми е по ќејф што прима кортико ама барем не крои толку во спиење. Мене ми рекоа до 5/6 години е најкритично за трет крајник после тоа сам од себе атрофира. До тогаш се чека за да се реши дали да се вади или не баш заради тоа што може да си атрофира природно, а ако се извади пред тоа може пак да порасне и да прави проблеми.
За што не се добри високите планини? што причинуваат? На годинка го носевме малото на Боровец, исто и сега .