На поголеми надморски висини воздухот е поредок, поточно содржи помалку кислород, поладен е. Не е добро за мали бебиња, како и за респираторни болести со потешкотии во дишењето. На пониски планини може да се носат бебиња, слободно. Боровец не е висока колку Шапка на пример, пониско е.
^ И јас вака знам. Поради разреден и ладен воздух не треба да се носат на планина односно можат до 1000 метри надморска висина.
Ама докторот и рекол - немало врска пневмонијата,и да немала, дете на таа возраст не се носи на планина!
Добар е, бевме сабајле и двете ушиња му ги исчистија. Не се пожалил денес на болка. Него газето и дундето на малата и е лом, иако по 2 пати давам пробиотик... цела е со осип, жар црвено... ставав крема со цинк, ставав и помрсна, ставав и пудра, џабе. Порачав по свекрва ми крема со кортико, како бебе и стававме од оваа, Афлодерм... Да и ставам?
Јас би ставила. Нека здивне малце. Сосем тенок слој е доволно. Мојата со секој антибиотик има пролив што и прави црвенило. И заби кога вадеше се со таква кака ретко што ја пржи.
Уф, за кандида кај дете не знам. А јогурт да јадете, да одмивате со камилица? Пробиотикот се дава 2 часа пред или после атб, не пократок интервал оти нема ефект, тоа веројатно знаете.
Пробај само со Канестен, и евентуално пробај со Антикорт на Фризидерм, таа нема кортико. Афлодерм нека ти биде последна опција.
Да да знаеме. Еднаш во ден пие антибиотик сега и и давам 2ч после него. Јаде к.млеко, пие јогурт ама пак е лом. @NarCis@ ја мијам и по мочкање дури, ама како да се шири... Немам Канестен.. А ми донесе Афлодерм свекрва ми и онаа Флогоцид... мислев да пробам со таа прво, па ако не бива да ставам Афлодерм.
Не знам не сум ставала афлодерм, кортико е? Бекутан со цинк имаш бар до утре додека можеш да земеш канестен?
Измивај со вода и сода бикарбона, а во меѓувреме ако може некој да тркне до некоја дежурна аптека да ти земе канестен, ама не замена, баш канестен и евентуално таа на фризидерм што ти ја кажав. Афлодерм ќе смири, ама јас сум ставала како крајна опција кога веќе ништо не помагало и само во комбинација со канестен. Така ми кажа и педијатарката, и кожниот.
Абе викам 2 ама 3,4 се обично додека и дадам Ставав Здраве со цинк, ставав Судокрем, ставав со невен еден маст, пудра... оригинал павловичева, уште од болница почна и бетер и бетер е... Значи веќе некои 5,6 дена со осип е може, од газе до дунде се до горе накај препони... ситни ситни точки и црвенило...