Па се поливаат и бебиња мали, не би штетело... Еднаш во ден 2,3 дена. Мислам ке и смири, зашто многу помага за такви осипи... Ке ја полијам, а Афлодерм ке оставам за утре ако не се смири.
Можеш. Јас поливав баш за такво црвенило. Само со одмивање тогаш пројдовме. Тука ми го предложија баш.
Не сум паметна, колку што памтам кога имав проблем во аптека прашав ми дадоа канестен и уште една маст може и да беше афлодерм, ама ме фати шубе па се јавив кај педијатар и ми кажа да пробам прво само канестен па ако не помогне после со другава маст. Знам и помина од канестенот и не ја искористив другата.
Го знаеш односот како беше, едно лажиче во вангла вода. Јас само теоретски, никогаш не стигнав практично да го употребам.
Јас на 1ипол л вода во шише ставам на врв од нож малку, водата да биде розева.. Да не биде ептен темна лила, ако се случи да ставам повеќе и се обои потемно, ја истурам и додавам вода да осветли. Вака за деца ми кажа доктор.
Добар е, закажав и за кај Мирка на 24ти па ќе видиме и она што ќе каже. Еве го спие и си подзахрчува. Не знам дали да трга во градинка од понеделник
@mariz прво исфрли пелени! Т.е. ставај тетра. Битно е дунде и газе да се на памук. Јас имам онакви повеќекратни пелени, па ставав од тие. Дур ми стигнаа, ставав тетра, а за спиење тетра врз пелената за да не протекува и да не седи мокра. Второ, избегнувај кисела храна. Ацидна е малку каката и ја иритира кожата што е нормално заради антибиотикот. Банана, јаболче, ориз, компир... "помека" храна. Трето, пробај со канестен и крема со цинк било каква. Кога ќе почне да се намалува црвенилото пробај со бепантен. Не оди одма на кортико. Знам страшно изгледа, ама ќе се среди. Влажни никако. Премивање со вода или земи од оние крпичките од зегин и тие со вода ќе ги наквасиш, па ќе ја забришеш. Пс. Можам да ти дадам ако сакаш зашритно за врз тетра да не се мокри. Еко материјал е, не е ќеса да спурува.
@mariz а да земиш маст за потпарено од аптека Ремедија, Прилеп. Вршат достава. И најбитно не содржи кортико, а стварно има ефект.
Ако имаш можност почувај го уште некој ден дома. Кај синко кога се искомплицира беше од лечено недолечено. И овабезно нос чист - прскајте и чистете.
Не ми кака и моча и во гаќи кога е, ама не кака и моча ни во нокшир... држи ама бара пелена за да заврши работа, кака кака а ке ја седнам и не кака и моча. Па ако не ке и ставам само за да мочка или кака, а имам гаќи ке и облакам. Ова го напишав прееска... спиеше сеуште. Сега стана и сува пелена имаше и ја ставив на додаток на шоља прв пат, мислев ке се плаши дека синко па се плашеше така на високо... мочаше таму. Ке терам така и со одмивање... И малку крема со цинк.
@mariz иста беше малата, лом доле со црвенило. Само хиперманган и Канестен во комбинација ни помогна. Не мора да ја миеш во хиперманган, на памукче или тупфер натапкај на дундето, почекај да се исуши и стави тенок слој Канестен. Ќе се среди многу брзо, од искуство, веќе двапати проверена комбинација. Хиперманганот суши, па можеш да ставаш еднаш дневно некоја крема за сува кожа (јас Адерма мачкав), мада и не мораш. Секако ќе помине за брзо. И никако влажни, само со вода миење, знаеш веќе
Мајки, што мислите од што може да е ова излезено? Појма немам дали е реакција на храна или нешто др? Дали да ја мачкам со нешто или само да мијам со вода?