Драмина таблети, само не знам од која возраст може да се употребуваат. https://www.jgl.hr/proizvod/dramina-tablete-5-x-50-mg
Има стомачен вирус. Прво повраќање, па после пролив. Ама тоа траеше помалку од 24 часа. Дали смее да давам несквик? Без млеко само со вода. Пие и мн сака да пие. Пие и вода. Ама за несквиков немој полошо да и направам? Се жали на болки посебно на нозете дали смее парацетамол и колку? Болка и во стомакот. Има блага температура. Дали оди тоа со стомачен вирус или не е ок што има тт? И дадов 1 мл парацетамол цело време бара сируп ама нз дали смее. Педијатарот не спомна дека може и тт да има па нз за сирупот. А на нет пишува дека може и тт да има. И цело време спие дење, ноќе. Пелената е ок.
Од несквик може да е полошо. Не давај. Парацетамол смееш зависно колкаво е детето толку ќе е дозата. Парацетамол се пие и за болка НЕ само за температура. Мислам дека минимум 2.5 мл е за новороденчиња така што со 1 мл е исто ко да не си дала. Температура со стомачен вирус е многу честа комбинација. Со лесно мајка.
Дали некоја од вас имала ситуација детето да не може да гоисправи целосно палецот на раката односно да му биде како малку подвиткан? Каде би требалодасе обратиме за ваков проблем ако некоја имала слично искуство да сподели ќе сум мн благодарна, се работи за дете 3 год, дали со тек на време пример ако го вежбаме палецот би се исправил сам од себе? Како да има ограничено движење на зглобот :/ Секој совет е добредојден
На матичен и таа/тој ќе ве упати за специјалист. Да не игра некоја игра каде палецот е постојано во иста положба?
Дали е можно да се крени тт од преголема вознемиреност. Денес малата не преспа, ама од 5 натака цело време беше кенкава и вознемирена. Па ај да и помини реков кризата отидовме до на гости. Таму се потскараја со детенцето, цело време плачеше до зајдување. Неможеше да се смири па си дојдовме дома. Заспа одма. И мерив тт 38 имаше. Сега спие мирно и мерив 37,6. Дали е можно од тоа да е или некој вирус е на повидок.?
Била вознемирена и кенкава затоа што не ѝ било добро. Не се дига температура од вознемиреност, таман работа така да се дигаше Температурата е прв одбранбен механизам на човечкиот организам, значи се бори со некој вирус или бактерија.
Малата веќе до вчера 10 дена пиеше Панцеф сируп заради бронхит, инхалации со вентолин и пулмикор до петокот а уште правиме инхалации со пулмикорт, апетитот супер, весела вчера си играше, во саботата киваше а од носот не тече многу секрет, чист и е, не кашла ич а вчера заспа и крена температура 38.3 ја спуштивме со сирупче и сабајле пак тт ама 37,9 и со разладување со течности пиење ја спушти. Неможам даразберам од што тт да крева.
Последно во средата ја слушнаа и ни кажаа за недела на контрола, до тогаш имаше подобрување големо и се слушаше некое мало стругање.
Нека ја слушнат пак. Мојава 7 дена ја лечевме дома.. и од бронхит до пнеумонија дојде... И имаше темп до 38,2 макс. Оди нека ја слушнат, крвна слика направете.. ако е вирус ке се покаже таму.
Деца со влажна кашлица на колку време носите да ги слушнат? Синко кашла од средата, бев го слушнаа немаше на плуќа. Следно бев во саботата исто чист на плуќа ама на секое кашлањето различно му звучи. Денес се закашла и исфрли шлајмче од нос па со влечење излезе доста. Уште кашла се мислам дали да го носам утре пак да го слушнат или да не претерувам? Се плашам посебно што сме во мк, немаме педијатар го носам кај мојата поранешна матична, а наскоро и треба да си одиме да не ни се поремети све.