Исто и син ми се стопи, а тој и онака си беше слабичок. Летото го фати ама тогаш 2 дена траеше, 3тиот ден веќе беше како нов. Денес очекував да биде подобар, но тој исто... не знам дали да го носам на итна, не е дехидриран, си пие течности цело време... давам пробиотик и ентерофурил сируп.
Да знаеш може и до 7 дена да тера, чудо е. Не е ко порано ден два до три Нека спие, да му закрепне телото. Само нека биде хидриран најбитно Смекта даваш?
Точно 7 дена, повраќање и течна столица, сите дома не имаше фатено, ние за неколку дена и веќе бевме подобри, а она се изнамачи..
Прашок за ресорпција на "отровите". Стврднување на столица. Доста ефикасен, а веќе не го препрачуваат многу ради големо присуство на нови производи и нивно форсирање. Столицата може да е бела од него да не се чудиш, ако во случај даваш
@Lolipop23 се согласувам со @wannaBeMomma ,пробај дај смекта. Доста е ефикасно. И форсирај течности, полесна исхрана.
јас за болка на заби давам 1/4 апче парацетамол ама за дете над 6 години. А за тт 1/се дава за дете над 6 години. За сируп 2/3 од дозата се дава за болка.
јас знам дека 2/3 од дозата препорачана за таа возраст. Јас на бебчо му имам еднаш дадено парацетамол зашто беше вознемирен од забите. Од 2.5 мл колку што е дозволено за него дадов 1.5 нешто помалку од 2/3
Докторката за температура ни вели од 4 до 4.5мл, сега ми пиша и за болка исто. А тука прочитав дека не се дава цела доза затоа се замислив.
Кога веќе дава ентерофурил, смекта не и треба. Тоа кога ќе прекине со сирупот. @Lolipop23 нека одмара, истоштен е. Одморот ќе му годи. Течностите се битни, другото и не толку сега. 1/4 апче за деца над 6 години ти е како пола мало лажиче сируп, е толку е ефикасно. За деца над 6 години може цела таблета далерон без проблем ако е детето со поголема килажа. Ако е со помала килажа, се дава пола. За заби јас давав лажица. Толку е некаде 4-4.5 мл.
Денес синко малку омалаксан и без апетит. Бевме на на гости се расположи сега еве се жали дека многу му студи ни атррски емаго тресат а нема тт. Дадов парацетамол ама душа ме боли. Се мислам дали да одам на детско одд или да чекам до утре за на матичен.
Иста е и мојава, нерасположена, не јаде, се тресеше после бањање толку што побара сама да се облече а никако не го дозволува тоа во нормали услови и седи гола и после бањање и никогаш не и биле ладни рачиња, ноџиња. Ама се опраи после се разигра имавме гости... Ептен чудна ми изгледаше. Еве нема тт, ништо.. спие. Следи, ќе видиш како ќе биде.
Обично од први симптоми барем 24ч да поминат, па ако треба и к.с. да може да покаже нешто. Освен нормално ако е нешто алармантно не сс чека.
лесно ми е да забележам кога е неарен бидејќи вообичаено е црвец - немирен. Е штом легне во кревет и рече не ми е ништо всушност му е а му е страв да каже. Е така денес ни почна денов. Последно во 20h мерев тт 38.6 се стрсеше од студ дадов 1/2 парацетамол апче и после 2 саати мерам 39.1 го станувам го спремам идам на детско одд ама беше на смена доктор во кој немам ама ич доверба заради што на бебево на е месеци ми даде погрешна дијагноза а башка терапија при врска немаше со состојбата. Мерат тт 39 и нешто ама не ми кажува точно. Докторот го прегледува вика грлото ама има висока тт мора да остане на одделение викам не може. Дома јас повеќе ќе го следам плус седиме наспроти болница ла за лошо за арно ќе дојдеме. Рече е штом така ќе го боцнеме мускулна. и во наредните 3 дена инфузии. Леле ко ќе ми речат инфузии коса ми се крева. Инфузии само за стомачен вирус сме примале. Тоа е веќе крајна опција кога нема со што друго. Викам како не грло се лечи со антибиотици не дупам дете за се и сешто кој имунитет ќе стекне со инфузија. Побарав совет од една пријателка и ми рече најдобро матичниот да го ѕирне Итака ќе одите да земате оправдание за на школо. Ако е малу подобра ситуацијата со инекцијата може и со некој појак антибиотик да поминете. Хаос ми е во главата. Секогаш ме фаќа паника кога е во прашање здравјето на децава
Цццц како бе така трауматизираат дете.... прва покачена температура и одма инекции... инфузии... ! Ама и ти си изгледа паничарка многу, не е бебе па одма на итна да го носиш, сте можеле да почекате денес за на матичен.
Офф, брзо да помине... Да обично си ги познаваме децата кога не им е добро. Ко што викаш а е мирно не е нешто во ред.