Итно! Прашања за здравјето на децата

Дискусија во 'Дете' започната од RainBow, 29 декември 2018.

  1. PUPICA

    PUPICA Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 јануари 2015
    Пораки:
    3.027
    Допаѓања:
    97.226
    Пол:
    Женски
    Денеска се јавувам кај Паскалов да прашам како се со смени, Гого прва, Кате втора.
    Виктор каде е:?:
    Пријателка ми спомна дека и минатата недела го немало.
    Што е со него, знаете @Cka @AngelOfArh друга некоја мајка што носи дете кај нив?
     
  2. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.490
    Допаѓања:
    139.133
    Виктор ја прегледал ќерка ми за сипаниците пред 10 дена. Може на одмор е :)
     
  3. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.012
    Допаѓања:
    14.498
    Пол:
    Женски
    па дадов парацетамол не спадна со 39.2 заминавме таму рекоа висока е температурата мора да боцкаме
     
  4. PUPICA

    PUPICA Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 јануари 2015
    Пораки:
    3.027
    Допаѓања:
    97.226
    Пол:
    Женски
    Да, на одмор е (и) неделава.
     
  5. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.490
    Допаѓања:
    139.133
    Среќа не се отидени странство ;( не знам што би без нив
     
    На PUPICA му/ѝ се допаѓа ова.
  6. karibian

    karibian Популарен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2014
    Пораки:
    1.246
    Допаѓања:
    3.423
    Пол:
    Женски
    Здраво мајки ќерка ми е 2ипол години и мораме да правиме ехо на глава заради страбизмот. Дали знаете како се прави тоа? Ќе го правиме во Систина кај др. Оливера
     
  7. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.012
    Допаѓања:
    14.498
    Пол:
    Женски
    images.jpeg знае ли некој колку време од отварање има рок овој сируп? Отворен ми е пред околу 4 месеци и чуван во фрижидер
     
  8. M&M

    M&M Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2015
    Пораки:
    6.893
    Допаѓања:
    152.457
    Пол:
    Женски
    Види ако го чуваш упатството пишува. Јас имам давано Далерон што бил отворен, чуван во фрижидер повеќе од тоа што стои во упатство и делувал, ама пак види прочитај, обично се 40тина дена од отварање.
    Како е малиот?
     
  9. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.100
    Допаѓања:
    40.469
    Пол:
    Женски
    @karibian на синко кога му правеа на мозоче со обично ехо она како што гледаат гинеколозите. Ама он беше 3 месеци и фонтанелеата не беше затворена па така гледаа. Претпоставувам дека не е ништо инвазивно. Со лесно да поминете.
     
    На karibian му/ѝ се допаѓа ова.
  10. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.012
    Допаѓања:
    14.498
    Пол:
    Женски
    не пишува колку време од отварање. И на гугл барав. Купив нов. Исто сме два дена тт 38-39 ретко слава до 37,6 :( инекции примаме бевме и на матичен лекар.
     
    Последна измена: 28 јануари 2020
  11. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.766
    Допаѓања:
    145.268
    Марчи има вирус со висока Т која тешко паѓа, ги држи и до 5 дена.
    На Ибупрофенот на Реплек нема означено колку може да стои отворен. Блокмаксот е 3м од отварањето.
    Не паничи толку. Ќе падне Т.
     
    На M&M и marchi-cool им се допаѓа ова.
  12. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.071
    Допаѓања:
    72.409
    Пол:
    Женски
    Малава сабајле во 4 почна да повраќа.
    Поврати еднаш обилно и после тоа на секој пола саат како гадење и доаѓа и само лиги истекуваат.
    Пролив уште нема, ама прди многу.
    Има некој со ваков стомачен вирус?

    Течности пие, не одбива.
    Дадов и електролити и пробиотик.
    Дури и јадеше малце сув леб.
     
  13. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.766
    Допаѓања:
    145.268
    Има Теди стомачен . У фебруари! Се е изреметено.

    Земи и од лижавчињата со ѓумбир, има и капки на база на ѓумбир, за смирување на гадењето. Течности нуди, водичка и ОРС. На Алвоген се највкусни.
     
    На M&M, NarCis@, babydust и 2 други им се допаѓа ова.
  14. wannaBeMomma

    wannaBeMomma Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 декември 2013
    Пораки:
    8.128
    Допаѓања:
    40.344
    Па како нема да има, есен е уште
     
    На Lolipop23, NarCis@, TeddyGrey и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.349
    Допаѓања:
    9.298
    Пол:
    Женски
    Можеби е подолг текстов, ама може па ќе ви помогне она што јас го практикував и на што ме научи 12 годишното искуство со син ми: Имаше кашлање во зори (како кучешко), со чувство дека нешто го скокотка во грлото, некогаш со засипнат глас, ама не секогаш. Кога беше помал правеше и опструкции во дишењето. Страшно беше да го го гледаш како се бори за здив. Никакви други тегоби немаше, кога ова се случуваше и во денот кој претходеше. Ни болка во грло, покачена температура, или нос да тече. Откако направи 4 години, во неколку наврати низ годините правевме 3 алерго тестови (преку крв и кожа) и на ништо не покажа алергија. На брисеви и крвни анализи ништо не му наоѓаа, не најдоа ниту дека се работи за астма. Ова се повторуваше минимум 2-3 пати годишно почнувајќи од 6 месечна возраст, но како растеше за среќа се поретко се случуваше, се пократко траеше и се полесно поминуваше. Ни објаснија на детска клиника дека таквото кучешко кашлање е специфично за ларингитис. Она што на него му беше најкорисно беа инхалациите со физиолошки раствор. Заради ова купивме електричен инхалатор и инхалираше бар по 2-3 пати на ден, обавезно 1 пред спиење. Многу ретко, кога ќе направеше и опструкција во дишењето и исклучиво во консултација со докторот стававме и дексаметазон во инхалацијата, во минимална доза соодветна за неговата возраст. Подоцна на детска клиника ни рекоа дека нема потреба од дексаметазон, само физиолошки да се инхалира колку може во денот почесто. Најчесто проаѓаше со инхалации и со Аериус (или порано Лоратадин) во комбинација. Антибиотик не пиеше. Кога го прашав докторот зошто мора да пие лек за алергија кога нема никаков резултат дека е на нешто алергичен, ми рекоа дека антихистаминикот го намалува воспалението на гласните жици, па затоа му помага. Никако не смееше топли напитоци, затоа што го влошуваат воспалението, а може да се умерено ладни. Докторите не' советуваа во ситуација кога ќе се случи нападот, а немаме инхалатор, да го изнесеме на ладен воздух надвор (сега како е загадено ни тоа не е баш паметна опција) или да ги испрскаме купатилото и плочките со ладна вода, т.е. да направиме ладна водена пареа и да го внесеме во купатилото да подиши. Бидејќи нападите на кашлица и тешко дишење се случуваа неочекувано, во зори, во различни годишни времиња и на различни места, а не секој дежурен има инхалатор, ние решивме да го купиме инхалаторот уште додека беше бебе. Тоа беа најпаметно потрошените 3000 денари и еве и до ден денес го користиме инхалаторот ако има потреба. Дури со него и патуваме, зашто еднаш такви тегоби со дишење му се случија и во кола, на пат кон море. Застанавме во првиот ресторан, го уклучивме во струја инхалаторот и му олесни моментално. Причините ни рекоа дека се комплексни и најверојатно не е една, туку комбинација од повеќе причини, т.е. може е некој алерген кој не го опфатил алерго-тестот, може да е влажното време ама и сувиот воздух, може да е слаба настинка или вирус или комбинација од ова што набројав. Се надевам дека ова ќе помогне.. само без паника, смирено и инхалирајте.
     
    На LadyC и M&M им се допаѓа ова.
  16. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.857
    Допаѓања:
    36.486
    Пол:
    Женски
    Најчесто рокот од отворање им е 3 месеци, ама прочитај го упатството. Пишува таму.
     
    На marchi-cool му/ѝ се допаѓа ова.
  17. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    11.290
    Допаѓања:
    182.433
    Пол:
    Женски
    Лолипоп како сте денес? Само што те прочитав, ми текна да не е рота вирус. Тој трае подолго од 1 недела.
     
    На Lolipop23 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. anu6kaa

    anu6kaa Популарен член

    Се зачлени на:
    3 август 2010
    Пораки:
    1.315
    Допаѓања:
    430
    Пол:
    Женски
    Здраво мајки, син ми има 4 години, сношти почна да кашла, има шлајм и набрзо диши.
    Сега му мерев температура 39,2.
    Што да давам?
     
  19. PUPICA

    PUPICA Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 јануари 2015
    Пораки:
    3.027
    Допаѓања:
    97.226
    Пол:
    Женски
    Носи го на лекар да го слушнат.
     
  20. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.301
    Пол:
    Женски
    Не знам што беше, не испитавме, ама еве дури денес е подобро. :whew:Престана и проливот и повраќањето, почна да јаде и да добива сила, па живна малку.
    Можно е да е било рота, летото исто фати стомачен ама 2 дена го држеше, ова беше посериозно.
     
    На Ano и NarCis@ им се допаѓа ова.