Не знам што да правам. Детево сабајле почна да кашла, дур стигнам на работа кренал 38 температура, дур се вратам 39.5. Некако преку ден регулиравме тт, едно време и скроз ја снема откако стаи ме чепче ефералган . Ама ноќва е страшно. Цела вечер од 39-40 никако подоле. Ма не чепчиња на 4 саати, чорљпчиња со оцет, ладни облоги и облоги со оцет, крукчиња компири, више не знам што не пробав. Ме чуди што ни ефералганот не му делуваа баш. Ве молам совет некој, ептен ми е страв од ова високава тт ради не дај боже плследици.
Точно знам низ што проаѓате, ние сите го поминавме ова пред 10 дена. Ќерка ми најтешко мина, имаше 5 дена температура без престан - варираше од 37.5 до 39.7. Ни рекоа на лекар дека е грип. Најбитно е течности да внесува - електролити обавезно, за да нема посериозни последици од температурата, конвулзии и сл. Мојава одбиваше течности и по три дена темп. на инфективно ја однесов и и дадоа инфузија зошто беше дехидрирана. Јас давам најчесто парацетамол, а ибупрофен поретко и не повеќе од 1 или 2 во денот. Заедно со парацетамолот во исто време и правев и масажа на цело тело (со стискање силно) со разреден раствор од пола ракија, пола вода и пола лажиче сода бикарбона. Ја загреваше и се препотуваше добро. Знам дека ова се стари методи, лекарите не ги препорачуваат алкохолите на кожа со темп., но само тоа помагаше. На некои деца повеќе им помага туширање на телото со топла вода (како што советуваат докторите). Кога и студеше и качуваше темп., т.е. имаше треска и ги ставив нозете во леген со топла вода и дотурав уште потопла колку што може да издржи. Тоа само ја стопли. Колку може најмногу нека пие електролити и др. течности - ова е најбитно од се'. На клиника ни рекоа да го даваме апчето кога ќе ја постигне макс. темп. и кога веќе и' е жешко а кога качува и и' студи и да дадете апче рекоа нема да го спречите качувањето на темп и ќе личи дека не делува лекот.
Леле луѓе шо стомачен вирус врти, малата ноќеска 7 пати поврати за 3 саата, се исплашив да не дехидрира. Денес е добро не ми се носи на доктор мн грипот е застапен кај нас
Многу е лош, син ми 5 дена го држеше. Кај нас повраќањето не беше толку изразено како проливот, очекувај и кај вас да се јави, пожелно е да почнеш да даваш пробиотик уште веднаш. Исто и јас еве 4ти ден со пролив, со извинение на 5 мин сум во ВЦ.
И нас не фати. Ама само 1 ден траеше. Повраќаше 5 саати на секои 20 мин. Јас полошо пројдов, втор ден ме држи гадење и нагони. Давај електролити, пробиотик и лесна храна. Малава денес си јаде, не многу ама си јаде. Пролив немаше. Само многу смрдливи прдешки.
Растечено носе со зелени течни мрсули (се извинувам) за што е прв симптом? Вчера почна со кивање, се растече носот, ноќва не можеше да спие. Испирав нос со физиолишки раствор ама не знам што ме очекува. Дали е рано да правам крвна слика денес? Она вака си е весела, малку ми е топличка ама околу 37 е температурата само. И нормално, пред викенд пак ќе се разболува, а нашата матична не работи за викенд и не е баш од тие што можеш да ги контактираш.
и јас така знам ама не се цело време зелени, повеќе е како водичка а кога ќе кивне може да излезе некој мрсул и чат пат се зелени. Не знам дали е тоа исто.
Јас да ти кажам не и давав ништо само чајче и млеко шо цица од мене. И вчера денте на лесна храна беше, банана, бискоти, соленки хелоу шо се квики и цице. Фала Богу добра е и денеска е во градинка Теди а како даваш електролити по колку на ден и шо пробиотик даваш.
Чај и вода пиеше и мојаваЅдСЅ. Плус дадов линекс јуниор. Еднаш сабајлето, еднаш вечерта. Прашак се овие во 50мл вода па ги пие. И Алвоген електролити. Еднаш дадов зашто и запре повраќањето. Во 100мл вода.
Ја досеа ништо такво не сум давала пљ затоа да си прашам. А пробиотик колку дена да и давам или пошто е ок сеа нема потреба?
Нема штета од пробиотикот. Јас ќе давам уште денес. 3 дена. Само во вакви случаи давам и со антибиотик кога пиела сум давала. Електролитите се даваат да не дехидрира. Како орална инфузија се.
скостија вируси или којзнае што. И ние исто маки мачевме 3 дена и ноќи. Јас уште не можам да се оправам од неспиење. Од сируп ибупрофен давав на секои 6 сати и инекции примавме секако многу течности шумливи ОРС (од нив повеќе не пиеше одколку што пиеше) после 3 дена тт спадна и продолживме со антибиотик ама уште лежи ослабен истоштен со слаб апетит. Додека се вратиме во нормала којзнае колку дена ќе поминат.
И малово закачи, ама изгледа ко твоето, се надевам кратко ќе трае. Поврати 3 пати, ама вака ок е. Нема тт, сака да јаде и да пие, ама ѝ давам по малку. Сега чекам нас да нѐ зареди
Поради што би правела пак кр.слика? Носи го на лекар на контрола и готово. Нема оти да го боцкаш повторно.
бевме со тт 3 дена наредните 3 продолживме со антибиотик амоксиклав ама еве утре ќе биде точно недела дена одкако е болен па уште е со намален апетит и долго спие и често лежи. Ќе видиме кога ќе ја завршиме терапијава секако ќе одиме на контрола ама вака без енергија а треба од понеделник да оди на школо