Сув ви е воздухот каде што спиете. Ако немате навлажнувач стави во собата тенџере со зовриена вода и ако сте на парно обавезно сад со вода на парното.
На мојата и се има два пати случено од што си го чепка носето почнува свежа крв и брзу тече.Мислам дека не е може да од модрицатаМоже се чепкало детето. Пробај со маст викс на градите ако најдете.Помага за ослободување на носето.
На малата и дадоа дијагноза пнеумониа.Има наод на плуќа иако крвта е добра. Ни дадоа Трицеф да пие и докторката ми рече да ја донесам денес да ја слушне усте еднаш и ако треба да правиме рентген.Некој дали правел рентген, како ке стои дете мирно се прашувам од вчера.И дали имате некој совет како да помогнам освен со антибиотик и течности?
Јас правев за малата летото, имаше година ипол скоро. Ја ставија во пластичен полукруг и ја врзаа со каиши. После ја кренаа и ја обесија на ченгел (ко свиња на колење) и ја притиснаа од двете страни со машината. 10 години ми се слрати животот. Со поголеми деца ваљда не е така
Inhalacii so pumlikort i ventolin ne vi dadoa? Rengenot na beli drobovi e premnogu stresen za deteto a uste poveke za roditelite. Bas kako prasinja visat.Uste mi e slikata pred oci i se ezam cela.
@Annath Дали е ова географски јазик? Прв пат го приметив кај малата кога беше година можеби, ама беше скроз мало мислев се има грицнато. После почнав да ја проверувам и некогаш скроз го снемуваше, некогаш се ширеше. Никогаш се нема пожалено дека ја боли. Спојлер Деновиве и е вака поголемо и денес јадеше јагоди и вели мама боли тука, и покажа на јазичето. Понеделник ке закажам за на лекар да ја види. Инаку, на 27ми имаме закажано на забар, ке и прават 4ка има расипана и ке и дадат conscious sedation. Е сега не знам дали смее ако и е јазичето вакво. Значи секако ке ја носам на лекар другава недела, сакав во меѓувреме да те прашам и тебе.
Не личи на географски јазик. Ова е некоја иритација, или се изгорела или гризела нешто што ја иритирало. Слободно може да се поправаат заби со ваков јазик, до другата недела ќе помине. Следно кога ќе приметиш вакво нешто, сликај пак да видам. Мала е за географски јазик, мислам дека покасно се појавува.
не знаев каде да прашам, па ајде тука..ќерка ми нареден месец ќе полни 9 години, денес гледам на гаќите жолтеникава трага со мала трага скоро незабележителна крв.. дали е ова знак дека се наближува мензис не ми се верува кога ми покажа, не ли е рано? во шок сум
Рано е, ама сега порано добиваат, промените во начинот на живот и исхраната си го прават своето. Следи ситуација, види дали ќе има крварење. Не е лошо на гинеколог да ја однесеш, едно ехо да направи. Не е мала.
Можно е да има инфекција. Пиела ли антибиотици неодамна? Прашај ја дали има болки во пределот на јајниците. Јас добив на 12 и пред да добијам 5 месеци ме болеше стомакот Едит: ја пече ли кога мочка? Направете уринокултура.
Ако се работи за менстурација јас мислам дека е рано. Консултирај се со матичен, има инекции за одложување на циклусот, зашто не е баш добро да добие толку рано.
Фала ви за одговорите. Јас ок разбирам дека веќе границите се поместени , ама што знам 9 години мислам рано е некако јас на 11 имам добиено. Ја прашував прееска кога видов да не ја болело кај јајниците, ми рече не. Се нема пожалено претходно. Ниту антибиотици пие. Единствени промени е што градиве некако и се зголемија малку последниве месеци , значи не е како што беше рамна на тој дел.. на лицето забележувам акни ситни од време на време и потта почнува да и мириса, баш специфична миризба на пот.. ама за мензис не ми доаѓало на памет дека треба сега да и доаѓа. Ќе видам ќе почекам ако пак се појави нешто такво ќе ја носам на лекар.
Mоже да се појави сега, како нередовно и кратко. Секако хормоните почнуваат да работат. Потта ти е прв показател. Јас исто на 11 години добив. Така да сега, после 20 години е намалена таа граница.
Зошто не е добро? Еве јас на 9 години добив па фала на Господ не сум имала проблеми и дете родив и се. Не сте ми јасни со вакви коментари. Според тебе подобро е да се одлага со инекции тоа што природата сама си го прави?