@Цвет88 и ја не давам ако нема. Само ако крене. Сега некако посамоуверена бев, па и на 38.4 ја оставав да се бори. Спушташе и сама она ама и варираше горе доле. Со парацетамол раат сме 6-7 саати, не крева висока на 4 саати.
Како на 4 часа да даваш ? Има што даваат и да има и да нема ама се дава на мин. 6 часа не на 4, може да се даде 4 ако ептен качува, ама сепак у 24 часа може да се даде максимум 4 пати. Јас лично сируп давам ако има над 38 и тоа ако претходно разладување не помпгнало и дури и кога има тт гледам да ги развлечам саатите оти сепак колку и да е безопасен парацетамолот знае да има и негативни ефекти.
Што правите кога не спуштаат? Еднаш едвај ја издржав 4ч (со тт е од сабајле и тоа одма висока до 40). Пиеше сируп во 9, па во 1ипол, во 1 ипол беше со 39.5, спушти по пола саат 38.7 сега од 3ч е со 39.2 пак, ја измачкав со алкохол и замотав во кебиња... но што ако не спушти?? Не ми имало дете вака висока многу време, незнам што да направам. Пробувам сега се и сешто за да ја издржам за сируп... а треба дури во 5ипол да пие. И само сируп давате на оваа тт? Да не треба и дијазепам. Нз стварно сум заборавила.
Се испоти и спушти така, сеуште има ама не е над 39. Не ми спушта така расоблечена, бетер качува. Плус дома ни е топло, неможам да оладам никако, Железарско парно.
Мариз, мислам дека тоа со мотање ќебиња е голема грешка. Некогаш ќе се испоти, ама многу лесно може и да дигне уште повеќе температура. Само разладување, туширање, облоги со алкохол, оцет и лесна облека. И доктор ви кажува ова со мотање во ќебе? Мојата е против тоа.
Разладување, туш, облоги, трае 5мин, па пак е со висока. Туширам вадам од туш, 38, 38 со нешто, за 5мин мериме пак е 39+. Не ми спушта така... за лесна облека нонстоп е во лесна, тенки хеланки, тенко маиче. Доктор не ми кажал вака, другарка ми препорача и ептен упали. Се направи жива вода спушти 37.6 (нонстоп ја следев со дигитален и замотана спушташе), истуширав, еве 4ч поминаа од сируп и 37.7, 38 има, не и давам сируп до 38.5. Иначе како што јас знам ако е темп од вирус ке поти и спушта вака со кебе, а ако е од бактерија нема да поти.
И моите спуштаат побрзо со покривање, а разладувањето исто, 5мин, ако не па 4ч во када, не бива. Сега препорачуваат разладување, јас како мала се симнував со пиење парацетамол и покривање да се препотам.
Туш, виткање до препотување, пресоблакање и ко нова... Него, ми е чудно зошто некои доктори препорачувале, односно препишувале антб, како превентива од грипот.. Дур пие ок, а после што??? Еве сме со грипот двете... И јас качив тт. Она е ваљда подобра.
Исто, мачкам алхохол од врат надолу, чекам чекам чекам, ништо, си качува дури уште. Како ништо да не сме направиле. Со тушот исто...со чорапи со оцет исто. И плус се тресе сама бара да ја замотам, нано нано ми вика дека и било ладно. А кога ја туширав па со 39+ вриштеше и се тресеше цела, ја донесов во дневна и не ми даваше пешкир да и тргнам... И облеков тенко маиче и хеланки, боса доле и пак мерам 39. А во кебето замотана, следев на 2,3мин спушташе. Замотана и тоа спушташе.
и за двајцата ми рекоа итна хоспитализација. Големото 39.7 инекции примаше бебето 39.3 инфузии. Не мачам деца со температура над 39 со сирупи. Секако брзо ќе качат пак
Океј тера мојава сега за сега. Пие вода, сок, јаде супа, касна и ориз. Мислам нема да поминеме страшно, зашто еве ја и весела е, игра со брат и.
првите 2 дена е потешко. Големиот го чував 2 дена само на парацетамол и не можев веќе кога крена 39.7 морав да носам на лекар. Малото само 24 часа го чував со чепчиња и парацетамол и со 39.3 бев на дежурен. Среќа твоето весело е,давај течности добро си тераш мора барем 3 дена да помине. Гледај да не крене над 39 оти тешко е. Облоги оцет... Нема друго.
А алкохолот Ја мачкам, тапкам со памук, (50/50 со вода), она се ежи, се тресе, плаче Океј е сега, уште не е над 38.5 пу пу, дај боже да не ми качува над 39.
Не е мачење Т . Не знам на какви лекари ги носиш или сама бараш инекции, ама тоа е крајна солуција кога висока Т не паѓа со денови . А не за еднаш малку да се качи и веднаш инекции. Во ваков случај рушум им го правиш имунитетот. А моментално вирусот кој владее е баш со висока Т. И освен течности , не се дава друго.
Каква инекција се дава на дете за температура? Нели аналгин не смее на деца. Не сум иронична, навистина ме интересира.