На малата од вчера наеднаш и се зацрви окото и и солзи, на моменти не цело време, има и секрет во носот и и е црвен. Претпоставувам настинка. А матичната и препиша Тобрекс капки за очи па малку ме замисли има ли потреба?
Син ми после нова година беше со кашлица скоро две недели - се смируваше и појачуваше, ама други симптоми немаше и си помина. Мислам само неколку дена инхалации правевме кога беше најинтензивно по препорака од матичната (овој период дури и како ларингитична ми беше кашлицата). Отпосле видов дека му пробиле 5ките. Конјуктивит не мора да има зацрвенето око. Кај син ми само гуралки и тоа два дена само наутро кога стануваше очите беа залепени. Ќе носиш кај матичен, а во меѓувреме пребришувај со физиолошки
Колку време трае стомачен вирус? Вчера повраќање, денес пролив, констатно е со тт. И се крева до 39 па спаѓа до кај 37,5 и ја држи така цело време. 37,5-38.
Малава вчера цел ден без тт, ноќеска 37,7, па пак ништо прееска кај 6 пак 37,7... И ова ли е од вирусот? Да не ми качи пак висока?
Си се бори организмот. Мојава качува симнува сама цел ден без сируп, макс до 38 е и затоа без сируп поминавме цел ден. Најчесто таа ја има кога мерам 37.7 До името е или до вирусот
Абе името е... од кога ти имам кажано хахах Еве ја сама симна... ама ми е светната у очите. Мене па час ме тресе,час се варам. Нека биде сега вака, да не иде нагоре.
Како бе, на син ми само еднаш му ставаа урбазон кога имаше тешка обструкција и не можеше до воздух да дојде. Не ни сум чула од доктори дека за друго го даваат , гледам викате сами бараат родители, никогаш не би барала никаква терапија сама, како може да знам повеќе од доктор.
Синчево прв пат сега го боцкаа 2 пати 2 дена еден по друг, почеток на Јан дека беше со опструкција и веќе бронхит, беше за лежење ама веќе лежев со малата и да не го задржуваат, 2 дена му ставаа дека едвај дишеше, плус инхалации, антибиотик.. А за темп не сум слушнала да го ставаат...
Ќерка ми примаше урбазон ради алергиска реакција, татко ми кога рекоа урбазон ( со нив бев на лекар дека маж ми беше на пат) ја грабна и избега во ходник, ама беше 10 навечер педијатарот ја прати од раѓање и буквално ме фати за рака дека мора да прими. Вечерта ми цивкаше и се препотуваше.... @mariz со лесно, вирусот сеа што кружи најчесто завршува со кашлица, внуциве го имаат. Сепак следете ја да не спушти.
Ги запознав тобрекс пред некоја недела. Антибиотски капки се против воспаление на очи. Ако го видела детето, претпоставувам проценила докторката дека има потреба. Црвениот секрет од носот не ми е јасен.
Не душо носот и е црвен како кај настинат човек,може не се изразив добро. Инаку не бевме и пишав на вибер вака како тука што опишав и ми кажа тоа, не ја носам сега кај неа е преполно и има многу вируси и грип. Уште не почнав да ставам, сега а забележав кога ептен ќе се уморе и се вцрвуваат и и течат солзи и се вцрвува цело и подочниците и горе веѓата,пред тоа само едното сега и двете.
Почни ги капките за очи, не мислам дека може да наштетат. Таков е коњуктивитисот, се прифаќа од едно на друго око, капете капки во двете.
Од вчера малата беше добра. Денес цел ден размазена ама без температура. Вечерва пак качи. Гори. Ќе полудам, почнав да се грижам што може да биде.
Не можам да редактирам... Со температура а децава ви имаат секрет?, три дена ја носам ја слуша доктор вели нема ништо на гради, а таа се закашлуват како да има во грло нос да и стои... Дали и кај вас е така?