Не знам што вирус е ова. Мојата 5 дена беше со тт, па после се смири ама почна со кашлица.Баш како што велиш @kikin како да има нешто во грлото. Направивме брис од нос, грло и трахијакален. Чисто се. Неможеше два дена да се смири од кашлица. Такво кашлање немам видено до сега. Се виткаше од болка кога кашлаше. Па на болница и препишаја 7 дена венска терапија со инфузии. До неделата примаше, се смири. Од четвртокот е со стомачен вирус. Повраќа, пролив и тт.
Леле луѓе децава сите ли се болни? Ја не знам што е ова. Паника почна да ме фаќа. Ај вирус, од вторникот до четвртокот, си реков помина. Ноќеска пак температура. Да не чекам ја вирус да помине, а да направам беља. Доктор рече само со сируп да лечиме. Цедам сокови. Вака детето е весело. Не знам веќе аман. Нека проаѓа кај сите.
Исто. Се надевам дека стомачниот ќе е последен. Има тт твојот? Мојата прв пат фаќа стомачен, се стопи
Почна со Т. Вчера повраќање цел ден. И синоќа. Ме теши дека бара и пие вода, ама ја повраќа. Исто прв пат. Всушност јас се плашам повеќе од повраќање, отколку Т.
Исто и мојата една се голтка вода ќе се напиеше ја повраќаше. Тоа четвртокот. Вечерта на крај ептен клапна неможеше повеќе па и ставија инфузија. Вчера беше подобра не повраќаше ама пролив цело време. Исто и денес.
Од повраќање не се плаши, проливот е многу поопасен како ризик за дехидратација, со повраќањето ја исфрла само содржината од стомакот, со проливот излегува водата од цело тело. Повраќањето обично трае ден-два, а проливот знае да трае со денови. Давајте пробиотик Дармфлора и сируп ентерофурил @kiki_riki и сува храна, бејк ролс, соленки... а измеѓу течности, кока кола најдобро ако не сака електролити. Го поминавме истото пред 2-3 недели. Со помин нека е.
Мојава помина 7 дена со темп, сега почна кашлица, истиот ден кога помиба темп. Не ја нисам, бе е страпно, а и досега немала мака со гради. Значи трета фаза пролив??? А јас пак сум на пат((
Вирусов ви почна со кашлица? Вторникот имавме близок контакт со детенце кое веднаш после тоа качи тт... Еве го утрово почна да кашла.. Кога да очекувам тт?
Значи само малово мое со тт заедно има некоја кашлица и безвезе секрет во нос. Ние сме 4 ден со тт...ништо не сака да јаде, само цица...
Teddy virusot e takov dvete mi pomimaa na golemiot posle 6 dena tt mu udri na uvo pa lececme so antibiotik, inaku ne kacuvaa strikno na 6 saati tuku je kaci ke dadam sirup za tt pa za 10, 12 pa 5 saati se sharaa so tt. Se iznamacivme Ali nema koj ne go fati strashen e so visoka tt koja ne se simnuva pod 38.5 sto I da dades samo nervi da imas I mnogu mnogu tecnosti davaj
Ако заврши со пролив ќе биде весело. @karak да, баш е така на 8- 10саати крева ама пожешка не била. Гори детено како грејно тело е. Еве сега само ноќта ми крена. Мрсули има и мојава, ама не кашла. Јас се засекирав некако. Се загрижив дека е веќе 5ти ден. Како да нема крај.
Од сите околу истото го слушам, од темп, доаѓа кашлица и кашлицата после како пресекување одма ја снемува по некој ден. Мојава денес нема темп, ама кашла длабоко неубаво грми пука од плуќа и се гуши при спиење... глас и се фати (ларингит плус), па со инхалации сме, а мрсули нема... А стомачниот е мислам башка вирус, зашто знам две дечиња братчиња, едното беше со овој со темп, а другото пролив и повраќање... тоа со пролив и повраќање помина само со тој вирус, а ова со темп, кашлање и по 7,8 дена и него пролив и повраќање Како што е шпагетка направена мојава уште стомачен и фали... Вака сега за сега супер и е апетитот.
Нели грипот е ваков? Со високи температури што не се симнуваат, долго трае, па рандом се качува температура, после кашлање, на крај пролив и повраќање?
Исто и мојата така кашлаше. Од што се виткаше кога кашлаше само плачеше ме боли ме боли, и накај градите покажуваше. Немаше ништо на гради чиста беше, ама од напрегањето при кашлицата сигурно. Јас и правев терапија со пулмикорт по препорака од матичната , но на крај мораше венска терапија. Не ме ни чуди од болница да го закачивме и стомачниот. Полни се ходниците. Нека врви само кај сите дечиња.
Мојот јануари го помина грипот/вирусот, 5дена со Т, уствари 5от се стабилизира. Не повеќе од 38.7 качи, ама детево 3дена само спиеше, како дамла да го мавнало. Пиеше течност едвај, храна ништо, повеќе од 1кг ослабе. 4тиот ден разви кашлица, како да грми, а не можеше ни да се искашла убаво, но го теравме и убаво соработуваше па поткашлуваше. А секрет ништо, на гради чисто. Мислам да му искачаше во уста а да голташе, ама не знам. Пиеше сируп за искашлување, ама не дека нешто помогна, што знам.. Ми идеше дека и грло го боли и глас му се фаќа, па прскав прополис и ми се виде баш ефикасно. 10тина дена беше супер, за да едно сабајле искочат мрсули, матичнава рече сега ги вадел.. Убаво соработуваше и сам ги дуваше, па за некои 5дена беше веќе скрос чист. Јас минав мн потешко
Страшно е... вчера цел ден ништо, вечерта 37,7 ај спушти сама со препотување, сабајле ништо, еве сега 38,2 и дреме. Кај нас се јави истовремено и кашлица, кај двете. И јас сум денес до 38,2, до синоќа 37,7.. Не јаде, течности пие. Весела е, ама одеднаш кога ќе качува тт е друго дете со чуден поглед. Него, кои се знаци за недај боже компликации.. Знам само дека и по 7-10 дена држи тт, а нас ни е веќе 6ти па ми е страв искрено. Зошто не прогласат епидемија, еве деновиве со кој и да зборам, се еден ист муабет е, сите болни.
"Температурата трае пет до шест дена, а потоа кога таа попушта, се појавува задолжително надразнителна кашлица, која се задржува три до четири дена – објаснува Ангелчо Андоновски директор на Институтот за белодробни заболувања во Козле." Козле е пуно со дечиња за жал.
Цвет матичната мојот кога беше 6-ти ден со темпеатура ми рече да појдам на детска клиника. Не беше дехидриран, весел , еден ден го задржаа, следниот ден веќе немаше темп.само осип од нејзе.Со помин.