Јави се на лекар @Mari* џабе ние овде ќе нагаѓаме. Мислам дека туширање ќе одмогне, штом се тресе му студи. Колку е висока температурата
39.5 Имал висока температура ама не и да се грчи па се уплашив Знам дека не е добро ни да се загрее телото со ќебе ама си реков заради грчевите не знам како да постапам
Извини, погрешно тагнав. Кај нас за мали деца и многу висока температура даваат диазепам детски, ама не би дала без препорака од лекар. Ај белким ќе симне температура, ама те молам пробај да се јавиш на лекар. @Alishan30 може ќе даде ум?
Малата кога имаше треска бевме во болница. За 10 мин од 37 на 39. 8, цела играше. И ставија чепче, ја замотаа во ќебе и ми ја дадија да ја гушкам. Кога престана да се треси ја расоблечија и ја мачкаа со алкохол.
@Mari* мојата кога има над 39 секогаш се треси.Јас и давам ибушрофен и ја покривам со две ќебиња.Кога ќе престане да се треси и се спушта тт.Мислам дека е нормална реакција од тт . Со лесно
Спие веќе еден час Му се спушти малку и еве го пак 39 и ќе почне одвреме навреме да се тресе Дури се тресе испушта некои звуци за да ми пукне срцето
Нормална реакција е треската, не се плаши. Само жални се за гледање. Давај бруфен и парацетамол најизменично на 4 часа.
Раствори 50/50 алкохол и вода и плус стави лажиче сода бикарбона и од врат надоле со памук мачкај, облечи му нешто лесно памучно и замотај го во топло кебе и гушни го. Мојава само така успешно спушташе и држеше повеќе време додека да дојде време за сирупче пак. На туширање со 38,39 темп на вода (имам опција на бољарот да си наместам) и пак дете се тресеше многу... Самиот организам кажува, кога им е ладно и се тресат убаво е да се стоплат убаво, а кога спуштаат одма склет ги фаќа им станува топло и искачаат од кебињата. Мојава прво раце извади, па после веќе цела посвежа излезе од кебињата, тогаш истуширав и не се тресеше (иако уште имаше ама не толку висока). Мојава еве 5ти ден од кога се разболе, темп нема ама кашла пак така опасно (братучедка ко што вика за нејзината ќерка дека и она болна, како да испушила 10 кутии цигари), длабоко грми. И апетит од вчера 0 Сега б комплекс и дадов па ваљда ке отвори уста, ништо не е јадена цел ден. И знам дека е тешко ама не го оставај да спие со темп над 38.5.. Некако со финти држи го буден, движи го, миј му лиценце..
Мариз нема зошто да не спие. Самиот организам бара одмор. Исто како ние кога сме малаксани. Мојот спушта кога ќе заспие. Мислам оти е појака доза нивниот.
Можно е да, обично детскиот е со концентрација 20мг/мл и тој се дозира по 5мл над годинка. Ако е 40мг/мл тогаш треба 2,5мл.
На температура над 39,5 обично детето е најдобро да се јави во најблиската болница, ако и по давање на антипиретик не се намалува таа. Тресењето укажува дека би качувало детето повеќе температура, не би било во ред во тој момент да се тушира, за да не се направи нагли шок на организмот. Доколку дете е во ризична група за фебрилни конвулзии или имало таква историја, се дава чепче диазепам по килажа, претходно објаснета од доктор, или за поголемо дете и таблета диазепам. Битно е да не се паничи, да се следи детето, и доколку не делува парацетамолот да се замени со појак антипиретик, како што е бруфенот. Еве ви карта за дозирање, за да се потсетите во тој момент. *Табелата се однесува на сирупче со доза од 100мг Бруфен во 5мл лажиче Јас искрено под годинка не давам бруфен иако смеам, праќам дете на секундарно ниво, со инфузии да се хоспитализира доколку повеќе од 3 дена е со ваква висока температура.
Ај утешете ме дека апетитот е мал и по симнување на тт. Значи еве втор ден како нема тт ама не јаде, а мало е, 8 месеци. Абе кога ќе види лајче затвара уста, ни со арно никако не може да и дадам јадење. До кога?
На @Mari* дозирањето сигурно и е точно според табелата на сирупот.До 15кг е 2.5мл(1-3год) 3 пати на ден т.е на 8часа ако има потреба. Мојата е 14,5 па пак и давам 2.5мл што ако е над 3год. Мари како е дечкото симна ли тт?
До скоро бев кај доктор,4 часа заглавивме Во шок сум од третманот таму Брис од грло му зеде,крв и се беше во најдобар ред И резултатите одма беа готови Најизменично да давам парацетамол и ибупруфен на 4 часа дека не се спушта температурата Многу вода да пие... Не знам што да мислам со оглед на тоа дека температурата му е висока а црпот му е во граници на нормала и брисот од грло негативен на бактерии Ви благодарам на сите за советите Прв пат температура имаше и грчеви и жално беше за гледање...богами и страшно Грчевите не наликуваа на фебрилни конвулзии ,имам читано среќа па сигурно би ги препознаа,баш и докторот ме праша за да може да реагира Среќа не Ибупруфенот до 15кг смее само 2.5мл,овој е за деца од 2 годинки
Мамички од над па и малиот прифати вирус еве не не дава да спиеме носетп го чеше и му тече и плаче. Дали вака почнува ? Кој капки да ги зеам да се ефикасни за носето .1г и 9 м сме