Тамифлу се дава во првите 24-48 часа, кога сме сигурни дека е грип. После неколку дена, незнам колку би помогнал. Најпрво треба да се докажи, па да се даде
Од тт може ли да халуцинираат? Кога е во полусон вришти и бега од некои бубачки. мамо бегај доаѓа, избркај ја... Мн е језиво
Може, како не. Ако е висока температурата, тогаш и бладаат и зборуваат неповрзани нешта. Колку има тт?
Јас како мала имав проблем со трети крајник и болки ненормални во ушите.Во наше време одама ми даваа инекции.Јас бев глува на едното уво се додека не ме опериира од трети крајник на 6 години.Морав да ги гледам во уста за да разберам што зборуваат.Дури ден денес имам мало оштетување на едното уво од тоа време.Се сеќавам дека 2-3дена ме болеше грло и цело време спиев по операцијата со која ми го извадија крајникот.Никогаш не ми порасна друг.Ама после тоа не сум имала проблеми со ушите. Ако препорачуваат др да се вади вадете оти многу е болно и мачно. Со лесно
Во систина македонка рече вадење, мирка шалиќ даде кортико за во нос па ќе видиме, рече да не брзаме ради неговите години 3.5 можело одма да се регенерира па иста мака да е Поделени се мислењата, па ќе видиме како ќе биде. Не сакам да избрзам Не не, матичната
На иста возраст почнаа и нашите маки. Кортико првиот пат ни помогна, после тоа веќе ништо не помагаше. Од истите причини и нас не не оперираа до 5 години. Со помин нека е. И да не се секираш, полесно поминува операцијата на трет крајник одколку грип
Оти јас трите ги имам извадено на мои 5 години и уште се сеќавам на тоа. Грип имав пред 2 недели и заборавив како ми беше.
Јас кажав дека вадевме само трет крајник и дека тоа важи само за третиот. А обични крајници имам вадено и јас и многу добро знам како е.
Значи вирус вирус и дијагностицираа без кс. Малку ми беше шубе и Појдов и направив кс. Испаднаа повисоки лековитите а лимфоцити мирни. И сега.... Утка од др? Без терапија детево една недела со тт... На плуќа нема, малку кашла и се сеќава има шлајм ама нема спуштено, не плаче да речам уво е... Едино урина... Ај некиј ѕирнете постручно @Alishan30 Инаку тт паѓа станува сама, без лекарства од 38.2, се спушти полека на 36.9
На колку време е јавено детето на контрола? јас ги викам на 2 дена дечињата. Може и било на почеток вирус, но веќе предоминираат гранулоцитите, што може да укажува дека вирусната настинка го ослабнала организмот и се накалемила секундарна бактериска инфекција. Мој совет е да ја јавиш утре повторно на контрола и испитајте и урина, јас тука веќе би вклучила антибиотик одкога ќе го прегледам детето. Дури и брисеви може да земите, до среда зимаат брис, таман не е третирано со антибиотици.
Последен пат на лекар бевме во петокот. Наслуша а со слушалка, на плуќа ништо, а тт варираше од минатата среда. Носена беше и во среда и во петок.
Па не ни рекоа да појдеме, а баш во неделата и понеделник немаше тт и рековме толку вирусот поминал. Ама денес пак качи. Сумљаш на нешто? Може да се искомплицира?