Настинките не ни траат како порано 3-4 дена, од денес резултатите покажуваат дека се покачени леукоцитите, не се сомневам на ништо на невидено. Во живо докторот ќе види дали е или не е за антибиотик, јас инсистирам да се видат децата на контрола и после 4от ден, кога на 7ми ден од преглед е добро детето, тогаш можам да им кажам да не доаѓаат. Кога не ви кажале кога да одете за контрола, прашувајте: кога на контрола? Сакам да ме прашаат родители, ако не сум им кажала, но ретко се случува, сама кажувам која смена сум и кога да дојдат на контрола. Посебно дете без антибиотик, убаво би било да се следи барем тие 7 дена.
Прашав. Ми Рекоа едино ако се влоши. Не се влоши до денес кога пак крена. Нејсе. Да не нагаѓаме утре сабајле ја носам. Фала и извини
Ејјј мојата вода у чаша на минус 10 и даваше на колата у двор да пиела, оти и рекла дека и се пие. 40 темп имаше тогаш.
Ти благодаам мила многу за советите, бев кај докторот вчера ме смири ми вика вирусално е не е ништо страшно ниту крвната слика ми даде само бејби вит капки за апетит зашто не јаде ич ама од забите е.Инаку нема тт само кива и носот е затнат тече густо кога ќе кива. Овие анализи се направени во лабораторијата на интерната болница во тетово. Поздрав,
Го закачи и синко нешто јако. Од понеделникот поткашлуваше, за ноќеска да стигне до напади на кашлица. Денес бевме кај матичната плуќа чиста, грло добро. Направивме кс после тоа и резултат покачени гранулоцити. Попладнево почна и тт да крева, ама чудно варираше од 37.5-38.5 сам качуваше и спушташе. Незнам што да мислам, паметот ми е одземен. @Alishan30 или некој друг ако знае што може да биде. Утре секако ќе го носам пак кај матичната да го чуе и да ги види резултатите.
Истиот вирус само што го прележав. Додуша уште се оправам. И со сличен наод на крвната слика, исто. Малку покачени гранулоцити и лимфоцити. Кашлицата е најдосадна, јас со сируп, ментол и свинска маст на гради, чај за кашлица, така се подоправив.
Кашлицата е ужасна. На моменти се мачи дури и нагон за повраќање му доаѓа од што го иритира. Од 8 наваму два пати само што заспа и се смири, ете напад на кашлица пак и се разбуди. Еве сега пак лежи и гледа цртан полека задремува. До кога незнам.Осеќам долга ноќ е пред нас Најкриво ми е што 4 недели си одеше во градинка ни да поткашла ни ништо. Решив оваа недела да не го носам, дури и на роденден не го носев во саботата во игротека, а он од дома седење закачи
Исто и јас имав нагони за повраќање, па после ми доаѓаше цело време како за подждригнување. Ептен ми е жал за него Јас испив тон од чајот, ако сакаш ќе ти дадам рецепт, ама не знам дали смее за деца, и сируп од исландски лишај пијам уште. А да, заработив и ларингит, тек сега ми пушта гласот.
За сируп ја прашав мтичната, ама она е против сирупи за мали деца зошто вика некогаш може повеќе да изиритира. Само многу течности и инхалации со физиолошки. Останува да пратам ситуација и утре или задутре пак на контрола, и се надевам ќе се смирува полека.
Да, и јас на децава не давам сируп. Мачкај со ментол маст на гради или свинска маст, мене тоа многу ми олесна на кашлицата.
Е тоа не ми текна. Ќе ја прашам баш и матичнава сабајле евентуално експулмо или оние спиранто лепенките дали може да ги земам за да му олеснам. Благодарам многу.
Дечки синојка во сон од нигде никаде ми поврати и тоа доста... Од сабајле 2 пати проливче до кај 10 и после ништо ко нова цел ден весела еве си легна нема гајле. Не знам утре дали да ја прстам во градинка и дали да одиме кај матичната?
Веројатно е вирусот. Јас не би да го носам вака. @Ano кај мојот почна вака. Вирус е. Само кај нас се измеша со стомачниот. Баш се му се собра. Ете го уште кашла. Јас давам сируп. Имам бугарски,италијански е всушност, бугарите го увезуаат кај нив, за мешана кашлица и ептен е добар.На природна база. Нас ретко ни даваат инхалации. Мислам ретко и има проблем со кашлање, а и не спушта. Муабетот ми е, сепак е вирусче, не се плаши.Секое второ дете го помина.
4-5 саати после прва тт, ама морав зошто во случај на влошување на кашлицата кај него ќе морав да давам атб. Ноќта ја поминавме со кашлање, за нијанса подобро од претходната ноќ. Тт сама варира 37.5-38.5 , само еднаш дадов парацетамол вчера пред спиење зошто ептен беше измачен малку да се опушти.
Многу чуден вирус. Јас по ден и пол од прво качување тт направив кс, само гранулоцитите и лимфоцитите тие што се со % беа минимално покачени, сѐ друго во референтни вредности, дури леукоцитите на средина. Докторката ми вика ми личи на вирусот што сега кружи, а јас цела прашалници, кој вирус, кога кс ок. Инаку дури денес можам да кажам дека се осеќам малку подобро и кашлицата е подобра.
Кој е тој сируп Дафи? Кога има кашлица моето, навечер му давам зиртек. Совет од педијатарот од ремедика. Прошлиот пат дали од зиртекот за два дена му престана. Мојата матична ми го препорача сирупчето боквица, може да се дава и за сува и влажна. Секогаш му помагал. Во зегин се изненадија кога им го побарав, евтин е и аптекарката ми рече мн добар сируп ама нашиве се научени само на мукоплант и хербион демек браво за педијатарот , добар сируп ви дал