На децава им испитува црп. Кај малиот пишува само позитивно и 1 со пенкало, што значи ова? Инаку има мрсули и кашлаше во спиење, па му давав хербион, кашлицата се смири, а денеска 3 пати поврати најверојатно шлајмови и беше омалаксан. Сега е во ред, весел е, си игра, не повраќа. Температура нема. Ќе го носам кај матичната, но ова со црп во ме буни очекував некоја вредност да пишува, а не вака само заокружено 1 и позитивно.
Искрено сум немала искуство досега. Еве слика. Лабараторијата кај што ги носам до 14ч работи и морав на др место.
Со што може да се ублажи болката на пликови во устата Коксаки има големото и трет ден ништо во уста нема ставено,се жали на болки на јазик и стомакот Уствари пликови,афти,не се него јазикот и е на средина бел Ни рекоа со камилица да жабурка ама не помага ништо
Дали актуелниов вирус предизвикува воспаление на уши и јака болка? Малово се жали на увото, како напади на болка има, блокмакс само малку го смирува. Сега и температура крева, 37.8 моментално. Друго ништо нема, ни кашла, ни нос тече, ни грло црвено, ништо...само увото. Отол Х не помага, а матичната не дава антибиотик оти е вироза. Но ми рече да земам дексаметазон неомицин капки, или цитраксал ако ги нема првите. Детево никогаш вака не било клапнато. И другпат имал температура и омалаксан бил, ама вака не. Се жали само на едното уво и на образот од таа страна. @Mari* ако имаш сода бикарбона, раствори во вода и премачкувај, ќе ублажи колку толку. И прополис помага, ама не знам дали ќе ти даде да прснеш, пече на почеток.
Мари, насроби лепче во чај од камилица, поблаго, ќе стави нешто у мешето. Тестенини меки без сол, да не ја јаде на раните. Кисело млеко, павлака... пире не многу солено
Не ми личи на вироза. Јас сум тука на тапет со болните, ама болно уво не е од симптомите. Нека го види лекар.
Ништо Мари, за јадење пробајте пудинг, јогурт, нешто помеко и потечно. Ако не, само течна храна, млеко, супа погуста. Ќе помине кај и да е, мојава ја има држено така 2-3 дена. Знам дека е жално ама не е страшно. Е сега, штом го има едното дете, веројатно е да го фати и другото, ептен се преносливи тие вируси кај мали деца, за жал. Јакнете имунитет некако, со природни препарати по можност. Прополис спомнала Ана, добар е за дезинфекција ама за коксаки ич некако не ми оди. Еднаш за болен заб прскав прополис, ми рекоа дека ми го има изгорено непцето.
Па го виде. Рече вирус, слабо воспаление. Ни нос тече, нити е затнат, ни кашла, грлото е мирно, на бели дробови е чисто. Ми препиша капки дексаметазон хлорамфеникол, ако не помага Отол Х. Бар кај неа за ушите никогаш немало утка досега, големиот стално ми беше со воспаление на уши, за него стално антибиотик даваше. Ме чуди болкава, како напади е. На моменти е супер, ништо нема, после плаче 10 минути, се грчи целиот. Кога е класично воспаление одма се смирувала болката со сируп и капки, ова сега ништо не помага.
Не разбрав, бевте на орл? Моето како помало имаше отитис медиа повеќе пати, не памтам ни кашлање ни мрсули, само ќе се разбуди среде ноќ со плачење и температура.
Носи на орл. Малата ми имаше често воспаленија како последица на вируси. Секогаш завршувавме со антибиотици. Отол х не ни дале.
@Annath секретот од нос го воспалил увцето. Не е од вирусот, ама последица е. Претпоставка ова. Многу густи мрсули имаше малава, дури 3 дена прскав оперил по препорака ради историјата со ушите.
Јас ставав проафтол. Многу ми беше ефикасен, ќе шприцнам и после неколку минути одма сакаше да јаде. Моја препорака ти е да си го земаш.
@Annath беспредметно ми е да ти делам совети за здравје, но да споделам дека со воспалено уше имаше хоспитализирано 3 годишно дете, лежеше на креветот до мене на ОРЛ. Те молам носи го детето на специјалист
Исто беше моето, ама на крај со амоксиклав заврши 10 дена,кс мирна,црп 18. Две недели претходно беше настинат, па од секретот потоа се воспалило. Направи една крвна слика и црп. Јас и брисеви зедов нос,грло, уши. Кај мене матичната го виде ама сепак го однесов на орл и он потврди исто.
Колку време ви држеа температура , малата и она закачи од грипот , грло ок , гради ок , кашлица има мала денеска како со секрет , пролив на двап пати и утре и е 5та ден со температура , цело време држе 38 знае да крене 39.5 на неколку пати и и а спуштам на нормалсо чепче парацетамол 150мг. Избезумена сум не јаде ништо , минимално течности , денес малку повесела беше и грицна некој крекер и соленка две , и неколку макаронки. Матичната и даде антибиотик сношти Алмацин ама го прекинав одма се исфрли околу уста , кс ништо такво не не упати , тек во понеделник да и направиме на своја рака , незнам за антибиотик дали е , дали мора , да не направам грешка , а и нејадењево ме мачи , па и цело време температура .